Пробај со Vitex agnus castus капки, ги има во Србија. Мене освен што ми ги смалија болкити, ми го намалија миомот, но штом ги прекинав, миомот се врати во првобитната големина. Јас ако не останам бремена за брзо планирам да го вадам. Со лесно
Здраво, дали некоја од вас има и миом но и обилни менструални циклуси? Јас сакав да пијам контрацептивни таблети за да ми се смири малку циклусот но не ми ги препорачуваат заради миомот. А миомот за сега не ми препорачуваат да го оперирам, туку само да го следам.
Zdravo!!! Sakam da prasam dali nekoj imal problem so poduenost na stomak posle klasicna operacija za vadenje na miom
Zdravo da prasam nekoja posle operacija dali imala komplikacii kolku vreme se oporavuvavte ...kakvi bolki imavte ....pozz
Јас правев класична миомектомија. Немав никакви компликации. Речиси и да немав никакви болки,. Раната брзо се исуши. Првите 4 дена додека лежев во болница ми пуштаа инфузии против болки, а од петтиот ден кога си дојдов дома не земав никаков аналгетик бидејќи немав потреба. Болка (моментална) чувствував првите две недели само при станување кога ќе заборавев дека не треба да се исправам со стомачни мускули.Мискам дека за брза рехабилитација многу ми помогна и тоа што се движев. Добив циклус со 3-4 дена задоцнување, најнормален во поглед на крварење и болки. Јас користев комисиско боледување 30 дена, плус 14 дена од матичната (таа ми отвори боледување од денот на операцијата, а пред да истечат тие 14 дена, со отпусната листа ми поднесе за комисиско боледување).
Пред операција знаев дека имам два миома. На ехо едниот беше 9 см и нешто, другиот помал. Ми извадија 9 миоми (и интрамурални и субсерозни). Искрено, не прашав колкави биле бидејќи самата бројка ме извади од памет
Драги жени,миомите се страшна работа. Незнам како настануваат,ама не исчезнуваат.Можеби на кратко исчезнуваат,ама повторно се враќаат.. Траат до крајот на нашите животи За жал,ама тоа е вистината Ова од мое искуство!
Здраво девојки. Ве молам искуство да споделите доколку некоја има. Др. Стојовски на ГАК за миомектомија ? Ви благодарам
Здраво Со оглед на тоа што и јас ја имам истата мака ме интересира како поминавте и дали правевте ОП кај Димитров ?
Правев операција кај Димитров на крајот на октомври. Операцијата и постоперативното закрепнување поминаа релативно лесно (погоре во темава имам детално опишано). Во однос на инвитрото, се уште не сум почнала. Чекам да поминат тие 5-6 месеци по операција, па да продолжам.