Феминки, и мене ми кажаа дека миомот ми е на надворешната страна на матката,бидејки сум го имала од лани тој не расте , си стои на 2 см, како и што беше, но јас сакам да раѓам па страв ми е, да не се искомплицира нешто, не сум разговарала со гинекологот за ова сеуште, но ќе ги почекам резултатите од папот, инаку и јас сум слушнала дека многу родиле со миом, без никакви проблеми, исто како што процитав погоре дека некои и не ни знаела дека го имаат.поздрав до сите
Мајка ми имаше миом на матка , и хируршки го остсрани се помина во најдобар ред, матката и е супер, и докторите и казажаа дека слободно може да роди и уште три деца без проблем
а за каков миом се работело кај мајка ти, имала лип проблеми , и на која возраст е ако не е тајна.позз
Миомот беше со големина на портокал кога го извадија, на 35 години значи пред 5 години беше тоа, немаше никакви проблеми, 4 дена после операцијата ја пуштија дома и ден денес е супер нема проблеми со матката .
Феминки ве молам за совет Од 2007 год знам дека имам миом од 2см на надворешниот ѕид на матката. До пред една год беше се во ред, не растеше. Денес бев на гинеколог и ми рекоа дека сега миомот е со големина од 4см, за само една год двојно пораснал. Јас не чувствувам никакви промени, ниту имам обилно крварење, притисок во долниот дел од стомакот - ама апсолутно ништо. Докторот ми рече дека најверојатно ми се покачило нивото на естроген и дека најдобро ке биде хируршки да се отстрани. Ве молам, ако некој знае некоја алтернативна медицина која помага во овие случаеви, некои чаеви или било што, само да избегнам операција. Сметам дека тоа веке е последна варијанта и вреди да пробам прво со нешто друго. Сеуште немам родено и се плашам да не имам некои последици од операцијата. Знам дека со подобрување на имунитетот и со контролирање на нивото на естроген дека може да дојде до повлекување на миомот. Многу би ми биле од корист вашите совети. Или доколку некој има контакт од лице што се занимава со алтернативна медицина, може да ми прати во ЛП. Фала однапред!
Операцијата е најдобро решение, да не му ја мислиш после и да не се секираш. Јас имав на надворешниот ѕид на матката и се решив на оперативен зафат. Подобро да го нема, тоа е вишок ткиво, нека биде се ок. Немајте страв, операцијата е лесна, опоравувањето брзо. И јас немам родено, имам 28 години, операција правев на 26. Подобро кога ќе се планира семејство да се планира на раат. Поздрав и без страв!
Пред помалку од недела правев операција од миом на матка, отстранет е успешно, сега сум дома меѓутоа покрај тоа што продолжив со пиење антибиотици сеуште навечер имам температура -до 37.8 највеќе. Пред да ме пуштат од болница ми рекоа дека тоа било нормално но ме загрижува. Ве молам ако може оние што биле оперирани од истото да ми кажат нивни искуства ! Благодрам
Мајками ке мора да ја вади матката , таа има поголем миом и многу крвари . Мегутоа ние дома многу сме исплашени што ке кажете , дали операцијата е ризична , дали може да време на операцијата да и се случи нешто ?
додека бев во болница имаше многу жени шти ги оперираа им им ја вадеа матката цела, операцијата не е ризична мислам. тоа е добра опција ако не планира повеќе да раѓа. мислам дека не е страсно и што поскоро да ја заврши работата. со лесно
Мајками имаше операција но денес и рекоа дека раната имала гној ја исчистиле и и дадоа апчиња , може ли да биде опасно , кој има искуство ?
здраво... сакам да ве прашам , мајками има миом на матката кој што е голем 6 см . Многу крвари, има обилни менструации.Менструацијата и трае 10 дена па по една недела повторно и доаѓа :/ Моментално е во болница и прима крв.И рекоа дека треба да се прави операција за да се отстрани миомот но мислам дека треба и матката да ја вадат. Дали може да биде ризилно за време на операцијата ? дали е нешто страшно? ЧЕкам одговор ..........
Tochkata погоре веќе напишав дека операцијата не е ризична, на клиника имаше многу жени на кој им беше извадена матката. Јас имав операција од миом на матка со што мене ми го извадија само миомот бидејки сеуште немам родено ... а за оние што се повозрасни и не планираат им вадат и матка за да немаат проблеми понатаму.
Мајка ми се оперираше пред 5-6 години така нешто. И ги извадија јајниците и матката. Не можам да ти речам не се грижи кога знам и мене како ми беше тогаш кога се оперираш мама и јас се плашев. Но, не е ништо ризично кога ќе ја оперираат дај Боже да помине се како што треба ќе се опоравува пополека со тек на време. Мама сега супер е фала му на Бога. Вика само дека има празнина во стомакот и не смее да крева тешки работи, инаку е супер фала му на Бога пак ќе пишам. Така да душо не се секирај не е ништо страшно. Поздрав и ти посакувам се најубаво и да помине се во најдобар ред.
фала многу... мене ми е страв зато што има големи болкии, температура, пие едни капки и дадоа некоја хормонска терапија :/ И рекоа дека ке направат се само миомот да и го извадиле :/ Јас читам дека не е ништо страшно но неможам никако да се смирам , премногу ми е страв да не и се случи нешто . Пред една недела многу прокрвари, изгуби многу крв ...седеше неколку дена на болница. Неможам да спијам на вечер, многу ми е страв
Немој толку многу да се плашиш ке ти кажам уште еднаш .. ОПЕРАЦИЈАТА НЕ Е РИЗИЧНА. ТОА ШТО МНОГУ КРВАРИ Е НАЈНОРМАЛНО , СЕПАК ИМА ТУМОР ,ИСТО И БОЛКИТЕ МОРА ДА ГИ ИМА . Се ке помине после операција . Верувај .
Zdravo na site.Denes bev na ginekolog mi kaza deka miomot od pred edna godina e porasnat za 5 mm,a sega e 4 sm.No negovo mislenje e deka ne treba da go otstranam deka nema da smeta da plodot koga ke sum bremena.No jas se plasam deka miomot e golem i kako sto citam deka ako e 4 sm.treba da se otstrani,a i deka so carski rez se otsranuva....kazete sto da pravam da se operiram ili da cekam koga ke sum bremena inaku imam 28 godini
Немој да се секираш ќе помине се во најдобар ред. И јас кога се оперираше мама не можев да спијам се нервирав, но да знаеш дека не е ништо страшно ќе и помине се ќе биде во најдобар ред. Само издржи биди со мама кога ќе и требаш. Јас кога се оперира мама имав 16 години, сестра ми беше тој период во Германија jас сама дома со тато и со брат ми правев јадење, средував се, чистев... и издржав поради мама. Ќе се оправи за брзо време немој да се секираш. Поздрав и ти посакувам да имаш сила во тебе да издржиш и само трпение да имаш во себе исто. И посакувам на мајка ти што побрзо да оздрави да си се врати во нормала.
Здраво на сите.Вчера бев на гинеколог,миомот ми беше пораснат за 5 мм од минатата година и сега достигна големина од 4 цм,докторот ми рече дека нема потреба да го остранам дека нема да смета кога ќе бидам бремена но јас се плашам дека како што читам со толкава големина се оперира,а и кога ќе сум бремена може да се отстрани со царски рез....Ве молам кажете ми што да правам дали да го оперирам или да почекам прво да родам дете,инаку имам 28 години...
здраво, и јас имам миом околу 5 см и при консултација со докторот ми кажа дека е подобро сега да го извадам пред да останам бремена зошто во бременост постои ризик да порасне и да го потисне плодот со што може да доведе до спонтан.Исто така го прашав и за тоа дали може да се извади заедно со царски рез и ми рече дека не се препорачува да се прави истовремено бидејќи тогаш матката е многу закрвена и може да доведе до големо крварење и постои ризик за мајката.Инаку може да се извади по пораѓај и немора да значи дека ако имаш миом треба да се пораѓаш со царски рез може и природен пораѓај. Инаку миомот може пак да порасне по операција.Така да твоја е одлуката што ќе правиш.Јас решив да се оперирам и тоа во најскоро време бидејќи имам 32 години и не би сакала да си направам дополнителни компликации во бременоста и искрено да ти кажам се каам што и порано не се решив за ова.и мене прво ми викаа да не го чепкам додека да родам ама по 30 година е поинаку и веќе ме фаќа паника . Поздрав и со среќа