Дали прв симптом ви беше анемија ? Мојот гинеколог не виде миоми, а гастроентерохепатологот виде на ехо 19мм,12мм ... Значи страшно. Второ прашање : читам различни искуства, па не ми е јасно, - маливе миоми се чуваат, а некои одма ги вадат. - од што зависи дали класично или лапараскопски ќе се вадат
На што имате миоми? 19мм и 12мм се мали миоми и мислам дека се мали за да се вадат ,само ако не ви прават проблеми
Па не знам на што имам, и колку... Ќе видам на следен преглед. Пошто не му е струка на ГЕХ да го гледа тоа :/ требало гинекологот да види
Гинекологот ке ти каже каде точно се наоѓаат и дали се за вадење или ке ѓи следете . Јас имам но моите се поголеми едниот е 45мм а дригиот 35мм.
Јас пред 2 години сум оперирана од доктор Стојоски имав голем миом од 5см субмукозен и уште еден помал од 2см, класична операција и сум презадоволна од операцијата. Сега пред 3 недели повторно имав операција на миоми но овој пат лапараскопија и хистероскопија од страна на доктор Тофоски и на операција професорот Тофоски остана во чудо колку добро ми е направена претходната операција (немам родено деца се уште и доста бев вознемирана пред 2 години ), воопшто немам адхезии што е проблем при класичните операции, значи предобро си ја има завршено работата. Така да, ако не е оперирана блиската личност од срце и посакувам среќа и дај Боже да помине се во ред , а Вие воопшто да не се грижите
Сеуште не е. Денеска беше на компјутерска томографија и ќе чека резултати две недели па дури отпосле со тоа и резултати од тумор маркери и пап повторно кај доктор Марјан па ќе видиме што понатаму.