Te molam i na mene pisi mi go vo lp. Dali pomaga ako e na primer tumirot na tiroidata? Jas imav miom i go operirav ama sea imam na tiroida. Fala odnapred
Гледам активна темава. И јас имам миом - еден, надоврешен околу 20мм е. Демек е релативно мал. Неколку доктори ми кажаа дека на ништо нема да ми пречи бидејќи е надворешен, само треба да се следи да не се зголемува. Исто така дур не чувствувам болка, нема потреба да се отстранува и било каква интервенција би била непотребна. Ова изгледа ми е генетско - мајка ми има исто така миоми, внатрешни. И со нив без проблем не родила мене и брат ми. Точно дека миомите се хранат преку ендометриумот (естрогените) и било каков лек за намалување логично би правел супресија на ова. Незнам колку е паметно, поготово за оние кои планираат бременост бидејќи ендометриумот е многу битен за вгнездувањето на плодот.
Здраво јас сум нова на сајтот,бидејки сум многу исплашена ме интересира дали има некоја со слично искуство,крај на јуни бев на гинеколог и за срека прегледот,ехото,микробиолоските брисеви и папот се е добро ама ми откри докторката субсерозен миом на десна страна источно на преден зид 24мм,и ми рече само да се прати ништо друго.....јас прашав дали ке помогне нешто било што би можела да пијам и слично ми рече ништо .....инаку имам 27 години и немам родено,а кога прашав за операција ми рече неможе тука на тоа место многу крвни садови имало плус не факала анестезија и мислам дека рече дека воопшто не се прави операција на тоа место и да не секирам пошто е многу мало ама сепак сум многу исплашена зошто не сум родила и ако недај боже расте а неможе операција незнам што да правам,али дефинитивно ке побарам и други мислења......сепак ве молам за ваш совет од слични искуства
здраво еве ја најдов темата за миом на матката, и јас вчера бев на гинеколог, на преглед пред 3 месеци се породив со 2 дете, сега докторот ми кажа дека имам миом на матката околу 1 см, рече сега за сега не е страшно ке се следи, а јас како што сум паничар секогаш кога ке одам на преглед ке го терам да го мери миомот, ме интересира дали на некоја од феминките ми стигна лекот во лп како да се излечи миом, па заборавив да го прашам докторот од што зависи дали ке расте или не миомот, не сум многу загрижена родив 2 деца, никогаш да не си раат со здраствени грижи, икај что ми беше раната од шиење ми се појави како месце, како брадавичка, др, рече дека тоа ми е од конецот со кој ме шиле и кожата не го поднела, сега тоа месце било полнои со крвни садови, и тоа се отстранувало со мала интервенција,, ...али натака бебуш сега е мал..
Здраво. имам полип на матката и правев муабет со гиниколог ми рече за да не одам на операција да пробам со терапија со цикло прогинова од 6 месеци и полипот би можел да се отстрани дали имате вакво искуство?
Здраво. имам полип на матката и правев муабет со гиниколог ми рече за да не одам на операција да пробам со терапија со цикло прогинова од 6 месеци и полипот би можел да се отстрани дали имате вакво искуство?
Јас сум правена операција од полип на матка,кога ми го најдоа ми кажаа дека треба да се оперира ама и дека може да почека.Јас се решив одма следниот месец,не е ништо страшно со тотална анестезија е и истиот ден си одиш дома,а дека со апчиња би се решил овој проблем не верувам
Me interesira podetalen opis na operacijata(klasicen rez ili lapraskopija ) i kade bese izvrsena. Pozz
Здраво на сите, Јас сум вегетаријанка скоро 10 години, од овие работи кои треба да ги исфрлам јадам само леб, тетрапак сокови газирано не пијам, млеко пијам две капки во кафе, јогурт два пати месечно и воопшто месо, а јадам посно, салати, овошје, маслиново масло во се користам, секаков вид семки, спирулини, хималјска сол, ленено семе, моркови и се друго здраво што ќе ви текне и денес ми најдоа мал миом 25мм на задна страна од матката, а се спремивме конечно да правиме детенце со маж ми , јас имам скоро 30 години. Е сега сум искрено во паника, ќе одам на второ ехо и второ мислење, пред една година точно се прегледував немав ништо. Не знам дали да почнеме да правиме дете, докторката ми вика дека ништо не е страшно многу е мал, ке го следиме нели стандард утеха, и ме охрабрува да правам дете и дека и природно ќе можам да се породам. Би сакала исто да ми го споделите тој приорден лек ве молам. Совет некој уффф?
Воопшто да не се плашиш и слободно да си правите бебенцце. Јас ти гарантирам дека немаш никаква опасност. Со лесно и со среќа