Мисла - дејство

Дискусија во 'Психологија' започната од martina997, 4 јануари 2017.

  1. martina997

    martina997 Активен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2014
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Незнаев дали темата да ја ставам во "Здравствени проблеми" или "Психологија" и се одлучив за тука.

    Што мислите вие дали тоа што ви се врти во глава, има влијание во она што ви се случува во животот?

    Јас си имам една мака. Пред неколку години бевме излезени во пицерија и јас ми се слошив и повраќав, е сега работата е тоа што од тогаш до ден денес, јас каде и да одам со мене си носам ќеса и секогаш ме фаќа паника. Кога му кажав на матичниот тој ми вика да не мислам на тоа, дека не ми е ништо. Исто така и неќна за НГ со другарките јас цело време на тоа мислев и се ми беше како мешето да ме боле и како да ми е лошо.

    Што мислите вие дали е стварно до тоа дека тоа што јас мислам дека ме боли мешето дека стварно ме боли, и дека стварно ми се повраќа, или сето тоа е само што премногу мислам на тоа?
     
    На Читател, "Zoki" и КикиМаус им се допаѓа ова.
  2. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    9.942
    Допаѓања:
    126.661
    Пол:
    Женски
    Мислата е секогаш еден од најважните двигатели за било што, па ете и за болка. Сигурно имаш забележано дека ако те боли глава на пример, и ако седниш да читаш книга и се концентрираш на книгата „забораваш“ дека глата те боли и престанва да те боли, и моментот кога ти текнува на главоболката, почнува пак да те боли. Друго зошто ете вака можи да ти се случва е соматизација на симптомите, а тоа е кога психолошките тегоби се претовраат во телесни тегоби и проблеми. Овие симптоми немаат физичка основа и буквално доаѓаат од „мисла“ ама се многу реални и реално се случуваат како гадење, лошење и болки во различни делови во телото. Пример ете, јас кога сум под стрес имам зголемени болки во желудникот и лошење. Мислам дека и во овој случај за тоа се работи зошто ти си доста врзана за првата ситуација каде тебе ти се слошило пред неколку години и уште подсвесно, а очигледно и свесно, го имаш тој настан и се држиш до него, па како резултат со опседнатост и страв од првиот настан доживуваш психосоматски манифестации како болка во стомак и нагон на пораќање.
     
    На joy1, Читател, Abeja и 9 други им се допаѓа ова.
  3. dzeliii

    dzeliii Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    441
    Поминав низ многу слична ситуација кога бев помала. Во една гужва на шопинг со мајка ми се онесвестив. Периодот после тоа беше ужасен. Постојано мислев дека пак ќе се онесвестам. Мене уствари не ми беше ништо, бев здрава ама тој настан ми влијаеше на психата. Во школо на час седев и буквално чекав да се онесвестам, во гужва ме фаќаше паника, не сакав нигде да одам. Од тогаш почнав да си носам мало шише вода со мене, како ти ќесата што ја носиш. Првите две години беше најтешко, после како поминуваше времето почнав да заборавам. Пробај да се фокусираш на нешто друго, слушај музика, читај книги, спортувај, со тек на време ќе помине ќе видиш :)
     
    На "Zoki" му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Florenсе

    Florenсе Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2016
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    1.712
    Пол:
    Женски
    Прво настанала мисла. Таа мисла си ја повторила во умот илјадници пати и станала уверување. Сега ти си уверена дека тоа навистина ќе ти се случува постојано и поради тоа уверување, нештото се остварува.

    Затоа, најдобро е мислите да се менуваат додека се се уште само мисли. Откако ќе станат уверувања е потешко да се отстранат од нашиот ум и живот.

    Според мене, да, мислите се нешто кое најмногу влијае на случувањата во нашиот живот. А кога имаме моќ да ги избираме нашите мисли, тогаш зошто да не избереме мисла што ни одговара?
     
    На "Zoki" му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.607
    Пол:
    Машки
    Секако дека ако мислиме на болка може да боли но незнам дали е тоа вистинска болка или незнам како да кажам... Јас тренирам руска система и учиме техника за игнорирање на болка и навистина делува. Не мисли на тоа, фокусирај се на нешто друго и со тек на време ќе заборавиш на таа случка. :)
     
    На КикиМаус, Cinderella12 и "Zoki" им се допаѓа ова.
  6. InWonderland

    InWonderland Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2016
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    417
    Пол:
    Женски
    Мислата е најмоќно оружје во психологијата па и општо во животот, што значи многу влијае тоа што мисли човекот. Докажано е дека човекот кој мисли лошо, животот него лошо го прифаќа, нормално нема потреба да му ја мислиме, може да земеме и наједноставен пример во животот со кој што се среќаваме секој ден. Во последно време луѓето стануваат се повеќе нервозни, агресивни, па со тоа несреќни луѓе се повеќе и повеќе се множат на земјава. Плус во денешно време, сета таа политичка економска криза во светот, тероризмот, повеќе влијае човекот да размислува за лошиот крај отколку да се надева дека ќе оди на подобро.
     
    На LanaSGirl, "Zoki" и Vitaly им се допаѓа ова.
  7. LanaSGirl

    LanaSGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    1.077
    Пол:
    Женски
    Занимавајќи се со вакви работи би ти кажала дека тоа што нон-стоп го мислиш тоа и ќе ти се случува, се е ствар на мислите..тешко е но пробај да ги смениш мислењата на позитивно и ќе видиш позитивни промени.
     
    На joy1, "Zoki" и Vitaly им се допаѓа ова.
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    9.751
    Допаѓања:
    54.226
    Пол:
    Женски
    Ќе бидам кратка. Ќе го цитирам татко ми: Какви ти се мислите, таков ти е животот.

    Непотребно си правиш проблеми. Ако не ги контролираш мислите тогаш тие ќе ти го контролираат однесувањето и животот. Пробај да ги насочиш мислите на друго.
     
    На Florenсе му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    3.629
    Допаѓања:
    46.758
    Пол:
    Женски
    Се прашувам, колку силно треба да почувствуваме нешто одвнатре, за да го помислиме? Или прво го помислуваме, па чувствуваме?:^) Небаре мислите се површни...Ги има и такви. :) Но оние другите, не се туку така од шала, имаат корен, со жилички:nod:. Дал се од страв? Па колку вода сме му додавале на коренчето со годините, ѓубриво:doh:... Чунки, тлее, расте во нас. Разгрането како стебленце:|....
    Тек мисли од таму, од ваму кога ќе надојдат... Тек на таквите есенцијални мисли кога ќе му евоцираш мелодија... После секоја песна ти носи мисла, состојба, патешествие,па и мирис.:) По некоја сликичка.
    А дека има дејство-има. Апокалипса.:)
     
    Последна измена: 5 јануари 2017
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    19.535
    Допаѓања:
    126.126
    Пол:
    Женски
    Се е психа.
     
  11. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.318
    Допаѓања:
    2.746
    Пол:
    Машки
    Go mislish toa i toa ti se sluchuva. Nemash problem so pizza - ta, imash probem so psihata. Nishto strashno.
    Razmisli samo kolku primitiven um imame koga dozvoluvame da ni se sluchuvaat takvi neshta.
    Soochi se so sranjeto i kolku pobrzo si sfatish deka si pravish film vo glavata toku pobrzo kje evoluirash. Srekjno! :)
     
  12. Читател

    Читател Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2015
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    5.805
    Пол:
    Машки
    Здрав здраво, се надевам дека си добро. Дојдов тука да споделам нешто кое сметам дека ќе ти помогне.

    Прво ќе започнам со еден пример кој мене ми се случи пред 4 години. Тогаш бев тазе во светот на фитнесот и како неискусен си тренирав редовно. Една ноќ пред да си легнам си реков ај да направам склекови затоа што денеска не мрднав. Беше 3 наутро, прва смена бев во школо и како во смисла побрзо да легнам направив 50 склека и си легнав. Срцево осетив дека цело време ми чука забрзано како да имам тахикардија, дишам длабоко не можам да се смирам и згора на тоа почнав да размислувам да ти ебам вежбањето ќе се убијам. Почнав да се потам, ми се лошеше веќе и ја разбудив мајка ми. Она па уште повеќе наместо да ми помогне нешто да ме смири ми вика "Што вежбаш ? Ќе се правиш мачо мен ?" и јас веќе почнав да плачам. После 5 минути ми ги измасира градите и рацете. САМО ШТО МЕ ДОПРЕ, не знаеш за секунда ми се смири срцето. ( тоа ми се случи ради зголемената циркулација после склековите и затоа не се препорачува да се вежба пред спиење )

    Траумата: Мене ми се префрли во наредните тренинзи, правев пауза од вежбање, бев да си го снимам срцето, по лекари и сите ми рекоа дека сум здрав. Почнав пак да вежбам ама цело време имав страв. И заради тоа на секој тренинг имав потешкотии при дишење, страв и несвестици. Ама после некое време си реков, ако треба ќе умрам и ако дошло до тоа подобро ќе умрам правејќи го тоа отколку да живеам во страв цел живот. И еве ме го пребродив тоа, жив сум после 4 години и не сум се разболел ниту еднаш до сега.


    Некој совет:

    1. Најлесно е некој да ти каже не мисли на тоа. НО ТОА НЕ ФУНКЦИОНИРА: Ајде сега ти НЕ мисли на розев слон. Можно ли е тоа ? - Секако дека не. Најефективно е да се дистрактираш. Односно да се фокусираш на нешто друго така што ќе заборавиш на проблемот. Ќе оземе малце време, ама вреди да се проба. Биди трпелива

    2. Една работа според мене која е најефективна е следнава. Кога ќе одиш на некое место кажи им на сите, информирај ги дека може да повратиш. Да знаат однапред. Тоа ќе ти го тргне теретот. Затоа што и да ти се случи нешто веќе се знае, сите ќе бидат спремни да ти помогнат. а и товарот го делиш со сите не е само твој. И ќе видиш дека се ќе биде во најдобар ред.
    Имам примери на кои ова функционира во мој случај. Ама во корист на времето.

    3. Последно што сакам вака да ти кажам е да се соочиш со стравот. Значи кога ќе искочиш, или пред да искочиш, ЗАИНАТИ СЕ на процесот на повраќање. Викај во себе, пцуј, да ти ебам мајката што и да е на повраќањето. Ајде бе ќе повраќам, ќе цркнам ако треба ама не се плашам од тебе.
    ( Колку да звучи ретардирано ама мене ми помогна пред 4 години во случајот а и секогаш си го користам како автосугестија во некоја лоша ситуација)



    П.С. Не заборавај дека некогаш најретардираните работи во животот се и најефикасни.


    Се надевам дека ти помогнав,

    ПозЗ3³ ®
     
    На Prijatelot му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    5.890
    Допаѓања:
    19.625
    Пол:
    Женски
    Најчесто тоа и се случува.
    Што ќе намислам тоа правам, преку брда и планини ќе одам пешки ако треба ама тоа што сум го намислила ќе го направам.
    Не памтам во последнава година да сум умислила нешто и да сум се откажала така лесно