1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми даде надеж и на крај ме искористи и ме остави..

Дискусија во 'Разделби' започната од butterfly.94, 14 декември 2011.

  1. butterfly.94

    butterfly.94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    14
    Се запознавме толку неочекувано..станавме многуууу добри другари,по некое време дознав дека сум му се свиѓала,дека многу често мислел на мене,дека сум девојка која го смее и дека би имал со мене нешто повеќе од другарство и сето тоа ми го кажа на пијано..утредента се видовме за да збориме за тоа..ми призна се,гледавме филм и се смувавме..од тогаш секој ден ми се јавуваше,ми пишуваше пораки,ми пишуваше на фб..се гледавме скоро секој ден,се ми беше толку убаво со него,потоа почнавме да искачаме со мое и со негово друштво,решивме да имаме врска без обврска и така и беше..после тоа ми кажа дека прилично почнал многу да се приврзува за мене..минатиот викенд коа бевме искочени ми рече дека ме сакал..малку ми беше чудно затоа што он ми го кажува тоа за таков краток период и не е таков тип да кажува те сакам и бла бла..не е романитчен.Ајде помина што помина тоа..пред 1 недела започнавме да имаме односи,се деси спонтано и неочекувано,"врската" меѓу нас се повеќе се зацврсти,продолживме со гледање се беше толку убаво..најлошото што ми се деси беше тоа што се заљубив,викендов што помина бевме на концерт и си поминавме преубаво, во еден момент додека игравме пак ми рече дека ме сака и бидејќи сакав да знае му кажав дека и јас него го сакам.Поголема грешка у живот немам направено.Во понеделникот вечерта му пишав порака : Љубов,добра ноќ,убаво да ми спиеш и едвај чекам утре да се видиме.те обожава твоето гуденце.!И он на сето тоа ми врати само : Лаку ноч теленце спиј убаво и ќе се чуеме.Бев нерасположена тој ден и неговата порака уште толку ме онерасположи..се расплакав и така и легнав..со солзи.Како да го предосеќав крајот во вторникот му кажав дека сум нерасположена и се тоа му раскажав дека не ми е сеедно што така ми врати во пораката,што дури ни едно <3 не стави..и знаете ли што ми кажа..дека НЕ ме сакал..имавме долг разговор,он се изнервира а ја уште повеќе се онерасположив што дури мислам дека за малце ќе паднев во депресија ама благодарение на другарките малце ми беше подобро.Вечерта немаше ни пораки ни јавувања ни титки ни ништо.Не сакав да водам инает па попуштив..му пишав сабајлево порака : Добро утро :) имај убав ден. Он само на тоа ми врати: и ти исто.После ми се јави да ме праша што праам и како сум,помина тоа,за тоа време он не беше дома па пробав да се расположам зашто мислев дека ќе се средат работите,се врати и ми пиша дека е уште нервозен и дека се двоуми што да прави со нашата "врска".Jа му кажав се што чуствувам и дека покрај тоа што се случи и покрај тоа што сака друга 7 години дека сакам да останам со него..ама он ми рече да сме прекинеле додека било време,нејќел да ме повреди зашто незнаел дали воопшто ќе ме засака некогаш.Плачев..знам дека уште ќе плачам ама Господ гледа и се ќе му се врати..
     
  2. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.096
    Пол:
    Женски
    Остави го. Не го барај, не му пишувај ништо! Ќе видиш дека сам ќе се врати, ако е за тебе!
    Ако не, нека оди и нека прави што сака. Крени глава и гледај друг пат поинаку да размислуваш, лесно да не се предаваш и биди силна. Само времето ќе излечи се’.
    Прави нешто што ти е интересно, пишувај тука, излези со другарки, само НЕ ГО БАРАЈ !! Дај му простор. Нека види дека и тебе не ти е многу гајле за него.
     
    На lostbabygirl, H.VAGA, fuel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. butterfly.94

    butterfly.94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    14
    Фала Lepaaa..:)
    сега затоа што е свежо неможам уште денес да го послушам твојот совет..ама ти ветувам дека од утре ќе почне да се применува се тоа што го иссоветува. <3
     
    На Lepaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.096
    Пол:
    Женски
    А бе нема да можеш ни од утре, болката ќе потрае...за жал. :(
    Само ти не го барај, нека незнае каде си и што правиш. Натерајго да мисли дека тебе не ти е гајле за него, нека го боли. :)
     
  5. butterfly.94

    butterfly.94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    14
    ако јас решам дека ќе го надминам тоа..така и ќе биде НИКОЈ па ни ОН нема да ме спречи во тоа. :)
     
  6. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.145
    Допаѓања:
    2.620
    Mи се допаѓа како размислуваш.
    Ако си стоиш цврсто на ова што го кажа, бргу ќе го заборавиш и ќе си продолжиш со животот. Добро е тоа што си цврста и веруваш во себе. Секако ќе имаш моменти на слабост кога ќе сакаш да го побараш, да го прегрнеш, да го бакнеш, но тогаш ќе помислиш што ти направи и пак ќе застанеш цврсто на нозе.
     
  7. talentirana

    talentirana Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    248
    Пол:
    Женски
    Ма не се замарај за таков тип кој што не те заслужува и без трунка совест и размислување ти вели не те сакам, а до тогаш сте биле лудо заљубени.Извини за искреноста, но јас мислам дека треба да си продолжиш со животот , да не се замараш за такви луѓе, значи се случи што се случи нека остане на тоа.Излези си и живеј си го животот. Вистина е дека ќе имаш моменти на слабост но нема да потклекнуваш. Сакал друга па дури 7 години...Пффф...Тој ако сакал или ако воопшто знаел што е тоа сакање немало тоа тебе да ти го направи. Тој од сакање ни С ја нема, сигурно.А и како што гледам 17 години си, па животот е пред тебе девојко. Не грижи се Господ сигурно чува нешто подобро за тебе.Позз.
     
  8. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.494
    Допаѓања:
    8.301
    Пол:
    Женски
    Не треба тоа толку трагично да го сфаќаш.Едноставно е-не требало да паѓаш на неговото лажно ,,те сакам,,.Доколку сте имале односи ако сте сакале двајцата,нема ништо страшно.Треба да знаеш дека машките се идиоти и ја искористуваат секоја можна прилика која ќе им се укаже.Грешката е твоја-ако си сакала од него врска не требало да му се предадеш.Премногу си млада,животот допрва ќе ти го донесе најдоброто.Оваа лекција научи си ја убаво и не ги повтарај истите грешки.Ако ти е за утеха,знај дека има Господ кој се гледа од горе и ќе му врати еден ден за се лошо што ти сторил.
    И ,сексот не е играчка.
    Ќе има уште многу момци кои ќе ти се допаднат,но секогаш води се до твојот став и доколку бараш врска,секс на почеток-никако.Се најубаво и поздрав до тебе :hai:
     
  9. butterfly.94

    butterfly.94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    14
    Срцки фала ви на советите и голем респект имате за мислењата :)
    изгледа типот веќе се покаја..па ми пиша денес..ама сепак си стоев на мојот став и не му вратив.
    <3
     
    На hermosa и Butterfly15 им се допаѓа ова.
  10. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Батерфлај очигледно е дека идиотот сакал да биде само една вечер со тебе.Ќе ти ја раскажам мојата приказна...
    Одев со бифшиот 3 месеци,тој ме сакаше и почитуваше,јас го почитував но не го сакав.Му го кажав тоа в лице,и заврши се..По 6 месеци сватив дека тој е единствен кој ме почитува и сака..Никогаш ми немаше речено за да имаме секс..Кога јас по 6 месеци посакав да му се вратам,тој почна да поставува услови..Ми рече од каде да знам дали ти си имала со некој секс,како да ти верувамм,ако сакаш да бидиш со мене мора да ми докажиш дека си невина,и да ја изгубиш со мене невиноста..Јас го сакав,го молев да не го бара тоа од мене..Тој рече ако не го направиш тоа со мене,не ме барај јас сум за тебе мртов..Го преболев ама не му дадов,и најдов некој друг кој ме сака и почитува..
    Имај друг пат на ум не се заљубувај и не се предавај толку лесно,машкиве се сите идиоти (секоја чест на исклучоците)..Знаеш што никој не ги заслжува твоите солзи ! Ќе си најдиш некој што ќе те сака ;) И почитува :!: :*
     
  11. butterfly.94

    butterfly.94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    14
    каков идиот..на што му личи таквото понашање?
    некој да ми условува љубов..па ако сака најубав нека е ќе го остаам..паметно си направила :) и ете си сватила дека не е единствен што може да сака и почитува.
    Фала ти и на тебе за подршката :)) :*
     
    На Ammy.Lee му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mellanii

    Mellanii Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    7
    се вљубив многу и сега ми е многу тешко,пред 6 месеци запознав едно момче кое ми допадна,секој ден се слушавме,беше премногу добар со мене,ме направи многу среќна и успеа да го заборавам бившиот..постојано ми велеше дека ме сака и дека не би сакал никогаш да заминам..но пред една недела го побарав и тој не ми одоговараше на повиците..потоа го добив и ми рече дека повеќе не може да биде со мене бидејќи сека повеќе слобода и ме остави...сега веќе не знам што да мислам што да правам,неможам да се навикнам без него ,многу ми е тешко ве молам феминки помогнете ми!!! ;( ;( :(
     
  13. Mer4e

    Mer4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    30
    гони го :) излези, лудувај еден е животот и глупаво е да го потрошиш на некој што те нервира. Уживај, кулирај, друштво, кафани, дискотеки ... релакс енд енџој ...
     
    На butterfly.94 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    женски, животот е еден и дозволувајте да ви биде беден
    по машки и за автобуси не се трча и не се губи нерви и време, тие сами доагаат и си одат
    имајтего тоа на ум :)
     
    На butterfly.94 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Тешко ти е, ама треба да знаеш дека не вреди... Без секого се може. Нека си ужива во слободата, уживај и ти и не му ја мисли многу. И во случај да те побара не му се враќај. Ќе го заборавиш пред да станеш свесна за тоа, само не се затварај дома и живеј си го животот. :)
     
    На butterfly.94 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. butterfly.94

    butterfly.94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    14
    Се согласувам со мислењето на crazyinlove19 продолжи со животот незнаеш утре што може да се случи..ќе запознаеш некој нов и подобар,исто како мене :)
    сега сум во среќна врска..пу пу да не урочам али пред да се фатам со него(ми беше стар другар па малку ми требаше да го запознаам каков е во врска со љубовта) он го направи првиот чекор,па продолживме 1 месец да се муваваме и за 12 дена ќе правиме 1 месец од врската и за сега ни е суперррр!! <3
     
  17. Strawberry1238

    Strawberry1238 Активен член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2018
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Ете,претходно бев со еден дечко,добар,и се нај за него,но не ни одеше врската,после неколку недели откако раскинав со него,почнав да си пишувам со еден друг,се запознавме преку другарка,и ете така ни одеше,но го забележав дека сака да се лади тој со мене уште првиот ден(се немаме видено,но планиравме).Ми предложи врска,но не прифатив,му реков сакам само другари да бидеме,арно,си пишувавме,еден ден зборувавме 3 саати на телефон,другиот ден.Често ми велеше демек ме сака многу,сака да се видиме,но не му верував,и јас го засакав,но несакав да му признаам поради тоа што знаев дека ке ме искористи.И така другиот ден откако зборувавме се скаравме,и од тогаш не ми пиша,му се јавував и тој знаеше да ми јави и потоа да ме откачи и толку.Се до вчера му звонев,па денес не сум му звонела,несакам да му бидам досадна да ме смета за психопат.Е сега мојот проблем е тоа што,јас се вљубив во него,тој е од друг град,а јас од друг,но имаме прилика да се видиме,но тој незнам дали ке сака.
    Па со мојата другарка,што оди со негов другар,се договоривме да направат таа и со тој што оди,некако јас и тој што го сакам да се видиме,но незнам како ке реагира.
    И после тоа што така другарски ме искористи,јас го засакав повеке од другар.Па кажете ми како да го освојам да ме засака?????????
     
  18. honey.11

    honey.11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2013
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    972
    Пол:
    Женски