Вака со дечкото сум година ипол у мегуврме имаше 3та меѓу нас,караници разделби како и секоја врска,јас сум 17 години знам дека ќе кажете дека е рано да се врзувам ама ете...неможев да се контролирам вчера во лице ми кажа дека повеќе не ме сака јас почнав да плачам го фати жал и ме погледна во очите и ми рече еј морав ова да ти го кажам за да се дистанцираме малку досадна си со твоите напорни муабети (инаку сега сваќам дека сум го гушела со моите приказни,моите незадоволства едноставно не му давав да дише и се осеќа неслободно од моја страна ) незнам дали навистина не ме сака или ми го кажа тоа дека се расплакав..што да правам девојки?
ВЕ МОЛАМ ПОМОГНЕТЕ МИ,ЗБУНЕТА СУМ Кога можел тоа да ти го каже во лица без грам милост, не знам зошто уште прашуваш што би му значела фразата?! Млада си и не гледам потреба да се врзуваш и да кубеш коси за некој со кој очигледно немаш иднина. Тоа дистанцирање е само најава дека иднина со него немаш. Освен ако не мислиш дека дистанцата би значела пауза, која јас на 23 години ја толкувам како крај. Нека си оди по патот, ти главата горе, ке си најдеш некој на кого нема да му бидеш досадна и кој ке го обожава времето кога е со тебе. Е таков би те сакал!
ВЕ МОЛАМ ПОМОГНЕТЕ МИ,ЗБУНЕТА СУМ знам знам знам,јас сум превише досадна тој си фати женска за само да ме дистанцира у меѓувреме ми ѕвонеше,се гледавме чат пат и кога најмалку очекував јас почнав да му недостасувам на него..тогаш кога излегував со пријателите,кога се журкав и кога не го ни барав пак дојде кај мене...советот од мајка ми ке ви го кажам..ОСТАВИ ГО НЕКА ИГРАЕ WOW со другарите,нека кулира нека излегува па дури и нека проба со друга ќе виде дека нема да му е убаво ќе се врати пак зошто и тој е само 17 години, не е доволно зрел !
ВЕ МОЛАМ ПОМОГНЕТЕ МИ,ЗБУНЕТА СУМ Како што и самата кажа МЛАДА СИ... Инаку зашто така ти направил стварно немам појма он си знае, но едно е сигруно дека е голем КРЕТЕН чим те натерал да плачеш.. Верувај дека во животот ќе имаш многу потешки ситуации од оваа, па мој совет чувај си ги солзите.. Знам дека ти е тешко и дека сте иделе доста време, но кога тогаш мораше да продолжиш понатака... После него ќе имаш доста други момчиња и ќе сфатиш дека тој бил ништо во споредба со нив.. Колку побрзо продолжиш напред, толку подобро за тебе... Според мене ако некој те глеа во очи и ти вели дека не те сака, тогаш тоа и го мисли.. Излези, прошетај, измешај се со луѓе, со другарки, ќе видиш дека ќе ти биде подобро, дури може и некоја нова љубов да се роди.. Good luck !
ВЕ МОЛАМ ПОМОГНЕТЕ МИ,ЗБУНЕТА СУМ И самата кажуваш дека ти признал дека не те сака и дека има друга, знам дека ти е тешко, но понекогаш вистината е болна и треба да се прифати реалноста не да се живее во заблуди и во сино розов свет, кога некој ќе те изневери или поточно речено ќе ја изневери твојата доверба не очекувај дека нема да го направи тоа повторно и млада си не треба да дозволиш никој да те сожалува и од сожалување да биде со тебе тоа никакотука нема љубов. Мој совет ти е да одмориш од врската и ако ти се плаче тоа направи го сама во твојата соба не пред него и пред ,,пријателки,, и времето е лек на секоја рана па и за твојата. Искрено мислам дека понатаму ќе најдеш момче кое нема да ја изневери твојата доверба и кое ќе те направи среќна.
ВЕ МОЛАМ ПОМОГНЕТЕ МИ,ЗБУНЕТА СУМ Не се труди да го оправдуваша него за тоа што ти го рекол и себе си да се сметаш за виновна. Кажуваш дека и трета имало меѓу вас. Доволно е тоа. Без оглед што ти си плачела и што тој се потрудил да те смири, доволно нека ти е тоа што ти рекол дека не те сака. Сака да е со друга веројатно, нема оправдување во тоа. Ти твоето си го кажала си направила се и доволно е. Штом си реагирала цело време како што си реагирала си имала дебела причина зашто. Не си се чувствувала сигурна покрај него, си осеќала дека нешто не штима меѓу вас двајцата, дека се одалечувате, поточно тој дека те одбива... претпоставувам дека ова било некој период. Преболи го и продолжи со животот. Ти треба некој кој ќе те сака, кому нема да си му досадна, а ќе сака дури иповеќе одошто ти сакаш да се гледа со тебе. Ќе има потреба да е со тебе постојано и нема да има трета помеѓу вас. Дечкото верувај можно е за некое време да те побара, но ако мене ме прашуваш не би требало ова да ти е утеха... тоа ќе значи дека не му успеало она со другата и ќе се врати кај тебе бидејќи со тебе е сигурен. Твое ќе е тогаш дали ќе решиш да го отргнеш од себе и да не му дозволиш повеќе да те повредува или ќе се вратиш на она истото. Секогаш барај повеќе од секого. Ако не ти го понуди тој, ќе се најде друг кој што ќе биде и способен и желен да ти го даде. Само не се затварај дома со мисла ти си виновна и отвори си ги очите за другите.
ВЕ МОЛАМ ПОМОГНЕТЕ МИ,ЗБУНЕТА СУМ Ти вика дека не те сака, наоѓа друга. Што повеќе?! Мајка ти ти рекла да си чекаш да се прибере. Што ако не се прибере?! Што ако му се допаѓа другиот начин на живот ако веќе паднал во искушение да го проба, + ако ја засака и новата?! Според мене самото тоа што ти рекол дека не те сака во очи е КРАЈ, а не па друга да има ! Имај си достоинство девојко врсничке и јас сум колку тебе па немам такви размислувања. Да ми го рече тоа дечко ми ?! Готово е ама засекогаш. Ќе патам, ќе плачам, абе ќе се корнам од земја ама достоинството и гордоста не си ја погазувам за ЏАБЕ, за некој да си праи што сака на сметка на моите солзи и скршено срце! Остај го, после и да те бара и што сака нека ти вика ќе му речеш: Никогаш не е касно да, само некогаш веќе нема време..
ВЕ МОЛАМ ПОМОГНЕТЕ МИ,ЗБУНЕТА СУМ Сте раскинале на лош (зе тебе) но барем на искрен начин ! Барем ти кажал кои се причините зошто не сака да биде со тебе! Искрен бил, а повеќето раскинуваат на многу полицемерен начин! Замисли пак колку полошо ќе беше ако ти кажеше само ,,сакам пауза,, па ти да се надеваш дека ќе му помине и после тоа дека се ќе биде во ред! А нема да биде, зошто тој како што самиот ти кажал нема чувства кон тебе, не си му интересна, му фали нешто во врската и затоа сака да се разделите! Прифати го тоа! Нема да ти биде убаво ако знаеш дека од сожалување сака да биде со тебе! Сигурно не сакаш да бидеш сожалувана, грдо чувство е тоа! Нормално е сега да ти биде тешко, но и сама знаеш дека имаш 17 години и тек допрва во животот ќе запознаваш дечковци со кои се надевам ќе ти биде убаво! И колку за утеха не си единствената која на 17 години минува низ ова, скоро сите сме прекинале на болен начин некоја врска! јас понекогаш помислувам дека изгледа мора да поминеме низ тоа! Само немој да го молиш бидејќи појасно од тоа нема ,,тој повеќе нема чувства кон тебе,, бил искрен кон тебе и ти кажал!Со среќа и без разочарување, ќе помине!
ВЕ МОЛАМ ПОМОГНЕТЕ МИ,ЗБУНЕТА СУМ девојки многу ми е тешко кога ги гледам овие реални работи ама нема трета меѓу нас сега..зборував за порано.Инаку знае дека што и да направи јас пак ке го барам и ке бидам упорна да го вратам најверојатно мисли дека после ова ке го оставам некое време на мира да здивне и да одмори од моето преокупирање....
ВЕ МОЛАМ ПОМОГНЕТЕ МИ,ЗБУНЕТА СУМ Чек, сакаш да ми кажеш те изневерувал или сте паузирале за тој да има друга ?
ВЕ МОЛАМ ПОМОГНЕТЕ МИ,ЗБУНЕТА СУМ Сакаш да кажеш дека и понатаму ќе му досадуваш и по секоја цена ќе го молиш да бидете заедно??? Имал кон тебе чувства или немал сеедно??? Па човекот сам ти рекол дека не те сака бре! Сепак твој проблем, ти сама си одлучуваш, а и јасно е дека само го сподели проблемот за кој предвреме си имаш донесено одлука како ќе го решаваш!
ВЕ МОЛАМ ПОМОГНЕТЕ МИ,ЗБУНЕТА СУМ не не не 3 месеци бевме раскинати тој имаше друга,јас си ја пробав среќата со друг но залудно..на крајот пак бевме заедно..
ВЕ МОЛАМ ПОМОГНЕТЕ МИ,ЗБУНЕТА СУМ Аха, за мене после тоа немало потреба од никакво смирување и после пробување среќа во друг кога ќе се вратиш на стариот никогаш нема да биде тоа-тоа прашање на време е кога ќе се разделевте пак и еве. Остај го, така само повеќе ќе го одалечуваш од себеси и онака не треба веќе ништо да има меѓу вас. Крпена врска. Само не му станувај антипатична, зошто утре ќе ти рече: заради тебе најдов друга, заради твоето замарање што не можев да го издржам бла бла. Остави го со грижа на совест нека живее. Мани го.
ВЕ МОЛАМ ПОМОГНЕТЕ МИ,ЗБУНЕТА СУМ знам дека не му е сеедно ама коа човек се наога во средина недобра за него бега...јас сум крива јас го превише замарв а тинејџер како тинејџер сака забава,сака другари сака fun,не морам да бидам јака и да издржам он е сеуште мал а и добро го научив дека неможе без мене и дека ке се кае..не дека ова ми е желба ама верувајте девојки секогаш е така!
ВЕ МОЛАМ ПОМОГНЕТЕ МИ,ЗБУНЕТА СУМ Хахахахахахахахаххаа се изнасмеав, како звучеше ова како да си го воспитала
ВЕ МОЛАМ ПОМОГНЕТЕ МИ,ЗБУНЕТА СУМ јас се чуствувам како последна будала на свето оти дозволив да има за мене слика на замарач и на напорно девојче што гуши..како да го оправдам тоа?
ВЕ МОЛАМ ПОМОГНЕТЕ МИ,ЗБУНЕТА СУМ абе глеј дури и да се смирите ништо нема да биде веќе исто и сама знаеш дека е вистина тоа што ти го кажал ама немој да се омаловажуваш себе со тоа...си згрешила тоа е факт ама добра лекција за во иднина. според мене не очекувај и не пробувај ништо зошто многу е лошо ти да си таа што ќе моли и ќе се извинува остани си горда и почни потрага по нов дечко и немој истата грешка да ја правиш поз