1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми кажа во лице дека не ме сака повеќе

Дискусија во 'Разделби' започната од devilbaby, 6 јуни 2011.

  1. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.517
    И што мајка си барала уште со него,ако имала 3та меѓу вас? Не ми е јасно каде ти е достоинството, ако те сака нема со друга да оди.

    So what? имаш 17 години, што би рекла баба ми во цутот на младоста си, не можи да дечково ти биде последен.Да не бидам погрешно разбрана има многу такви врски што убаво си функционираат,но еве кај тебе тоа не е така.Не е зрело детето,не знае што сака и како сака,сите мои другари на 17-19 год барат да фатат Га*, ц*цка, пи*ка, можеби не си му давала или му здосадило.

    Напорни муабети!? Таксин-Фикрет релација? Колку и да му даваш слобода,тој пак нема да е задоволен.Но да гледаме и од другата страна можеби и ти си придонесла во тоа да си оди... whatever

    Насмевка на лицето, најубавиот фустан облечи го, другарките под рака и излези,забавувај се. Не е само таа риба во морето,има многу поубави и подобри :)
     
    На Lepaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. modest-girl

    modest-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2011
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    2
    Како што ги читам твоите текстови така се повеќе сваќам дека ти самата не сакаш да ја согледаш реалноста и да ставиш крај на оваа врска...Тој сепак ти ја кажал вистината но бидеејќи чувствува вина..се труди тоа да ти го каже малку помеко...Ако имаш барем малце СВОЕ ЈАС...дистанцирај се од него..ма колку и да боли...Не знам како тоа што ти рекол во очи дека не те сака не ти помогнало да се отргнеш од него...мене тоа би ми било доволен мотив за да се тргнам од некого кој до вчера ми значел...Не фрлај ја вината на себе туку реално согледај ги работите сигѕрно премногу ти значел па си го гушела..а верувај ако истото тој го чувствувал за тебе..никогаш тоа нема да ти го префрли...туку ке гледа да ти удоволи.... :!:
     
  3. Karol.Ina

    Karol.Ina Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    73
    Вредиш Повеќе! Свртисе и Заборави го !
     
  4. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Штом ти кажал во лице таква работа не сваќам зошто бараш совет, а и сама си свесна што треба да направиш односно да свртиш нов лист, да го заборавиш (колку и да те бара), не ти треба!
     
  5. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    браво за дечково... сега не ти е јасно и ти е болно ама покасно ке сватиш дека уствари ти направил услуга и ти кажал во лице и бил повише од искрен.. јас би му била благодарна што не го направил тоа на сељачки начин како што знаат машкиве у денешно време..
     
  6. AdoLf

    AdoLf Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    13
    Тој си ја сакал повеќе другата тоа е факт, втора работа не морал така да ти го заплескат мислам стварно идиот, трето чим си знаела дека има трета што си одела уште со него(стварно сте феномен жениве) и последно случајно да не беше ти третата подолго време, а иако го знаеше тоа си траеше (трета мислам запоставена), А???? во тебе си е одговорот ;)
     
  7. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Ти кажал се во лице, бил искрен со тебе. Зачувај си го достоинството, гледај само напред и верувај дека се е минливо. Некое време ќе те боли, но ќе помине. Уживај во сите радости кои ти ги носи животот, премногу си млада и не може тој да ти биде последен. Не го моли, не го барај и биди горделива, тој не бил вистинскиот за тебе.
     
    На Bok му/ѝ се допаѓа ова.
  8. marija994

    marija994 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    239
    Допаѓања:
    194
    Претпоставувам како ти било ( а и уште ти е), ама не се замарај повеќе за тоа. Од една страна лошо што раскинал вака со тебе, ама од друга страна и убаво. Убаво е бидејќи ти од негова уста си слушнала дека сака да раскините. Што мислиш, подобро е сите да знаат освем тебе?? не, верувај не е :(
    Сега на ова гледај како едно искуство, и продолжи понатаму, биди храбра.
    Позз.
     
  9. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    И?

    Што сега?

    Дојде овде да се истушиш, да ни ги кажеш маките, а да не прифатиш совет, и упорно да го оправдуваш и себе да се прогласуваш за виновна :^) Добро бе, имате ли вие малку почит спрема себе? Што ако имаш 16-17 години ватевр? Па јас на тие години не сум оставала мајтап никој да си игра со мене, пердуви летаа бе! Па ќе го чекала, оф мори мајкоооооо |( Па и мајка ти, наместо да те подучи како да станеш цврста личност таа ти кажува да почекаш да се промени :^) Гарантирам дека не ја знае целата приказна, друг логичен одговор не ми текнува.

    Едит, леле која била |(

    razdelbi/luge-nova-sum-u-forumov-navistina-mi-treba-pomos-t4778/

    Џабе даваме совети, девојчево обожава да е таму на дното кај што реално припаѓа |(
     
    На marija994 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Таман работа да е вака во секоја врска :^)

    Искрен е типот барем отворено ти кажал !!!

    Имаш дилема дали те сакал ..... Хммм па да видиме , те варал , те навредил ти кажал дека не те сака треба уште нешто ? :^)

    Зошто би ти кажал нешто за кое знае дека уште повеќе ќе се расплачеш ? :^) Задоволство му е кого плачеш ор ват ? :tmi:

    Што да направиш ..... Не глуми будала ! Сакам да мислам дека не си ! Продолжи зачувај достоинство не се спуштај повеќе аман амааан ...

    Ти пишав од причин да беше помалечка од кај 14-15 16 ај ќе имав разбирање ама вака нерви ми се тенчат |(
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  11. marija994

    marija994 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    239
    Допаѓања:
    194
    оф леле мајкоо!!
    Прво прашуваш дали да го оставам?? Ама видиш тој побрз, па тој те остави |(
     
  12. Estranged

    Estranged Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    1.737
    Допаѓања:
    24.503
    Кратко и јасно: Заборави го и продолжи понатаму!!! Она што на 17 години ти изгледа како крај на светот, на 25 ќе ти биде смешно, а за подоцна и да не зборувам...
     
    На girlinlove му/ѝ се допаѓа ова.
  13. girlinlove

    girlinlove Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    10
    јас мислам дека ако сакал да се дистанцира дека ке ти казел сакам малку простор и сл. а да не се оправдува и да вика ок не мислев бас така и сл.
    најдобро остави го и не се секирај никогас не ке бидес срекјна со оној кој те солазува т.е со тебе е ради тоа сто чуствува зал спрема тебе ;)
     
  14. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Идиот не знае што пропушта па што ако си му кажувала дечко ти бил или што :@ :@ ако бил вистинскиот за тебе немало заради твоите муабети да ти се скара. Не се секирај ќе си најдеш подобар од него некој што ќе знае да те ислуша и да ти даде совет- е тоа е вистински дечко се разбира се со тек на време :*
     
  15. DoodleBaby

    DoodleBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Ах бе девојче штом и другарките ти даваат лажна надеж сигурно и на нив и е здосадено да те слушаат како кукаш. Остави го дечкото на мира не го замарај тој веќе јасно и гласно кажал што мисли. А тебе каде ти е паметот па не е тој единствен на овој свет. Како што прочитав ти си веќе сексуално активна зар не мислиш дека те искористува или ти си убедена дека те сака. Немој не се лажи ако те сака нема така да ти прави и да ја исфрла целата нервоза на тебе, туку ќе се бори да те задржи. Ти си знаеш што е најдобро за тебе ама размисли добро за натаму уште си млада :) поздрав
     
  16. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    за еден ваков кој изневерува и е без душен да плачам :?: море ке му казам фак ју, а за награда што бил искрен со мене еден нокаут во фаца, па да видиме дали после ке трча кај другата со сменет личен опис :D имаш 16 години, зивотот е пред тебе узивај во младоста, не си го троши времето на вакви сељаци кои не заслузуваат ниту секунда од твоето време :*
     
  17. lucky-girl

    lucky-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2011
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    16

    тој не ја заслужува твојата љубов и почит! таков човек само ќе ти носи болки во животот,а млада 17 годишна девојка тоа сигурно е дека не го сака! се најдобро
     
  18. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    119
    Во мојот живот,се беше обранто,имав само 2-3 дечковци,со мојот сопруг бев двапати во врска,а за насловот незнам што да кажам никогаш не се случило,само моите дечковци можат тоа да го коментираат :lol:
     
  19. srce-9

    srce-9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    700
    Допаѓања:
    1.062
    Пол:
    Женски
    Девојки вака јас имав дечко 4 години бевме заедно, но во последно време тој почна да ме одбегнува, да излегува постојано без да ми каже каде е и со кого, се слуша со девојка со која има излезено додека се каравме извесниов период, ми кажа дека не ме сака повеќе ги изгубил сите чувства за мене дека не му значам ништо, да заминам од животот негов сакал да ме заборави, но јас неможам премногу го сакам и сакав да останам со него, бевме и верени меѓусебе, за нас знаеа и моите дома и неговите сите го одобруваа тоа, незнам што се случи, се одалечи од мене
    Што да направам, како да го вратам, да го оставам или што ?
    Многу ме боли помислата дека не е со мене дека во секој момент можеби е со неа, или со некоја друга
    Ве молам дајте ми совет што да направам Го сакам искрено тој ми е се неможам да живееам вака
     
  20. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.171
    Неможам да замислам колку ти е тешко. Четири години љубовна врска во која си вложувала се и си се надевала и на нешто повеќе, а да заврши. Ама чекај, па ти имаш само 20 години и цел живот е пред тебе. Пробај да се однесуваш ладнокрвно со него. Премногу си млада за да го трпиш сето тоа кое тој ти го прави. Цени си се девојче. Ако навистина има љубов помеѓу вас ќе се смирите некогаш, а може и веднаш. Но не е убаво да си во сериозна врска со некој кој не те почитува, а воедно и ти кажува дека има друга.