Немам сила после него, све ми смета и имам надеж у мене.. цел ден слушам некои такви балади.. сум пробала и повесело ама неможам..ја без него не сум истата..:/
Девојче не прави да изгледа покомплицирано од што е имаш 17 значи дете си . Што е ова паѓање во депресии за некое недозреано ? Па девојки раскинуваат врски од 5-6 ... години ти тука кукаш не можеш да се соземеш. И да не одиме повеќе оф топик зашто за ова има посебна тема СДК .Од тука да можев да го фатам за уши да ти го донесам нема проблем ... Така да фактички кога гледаш не може да ти се помогне.
Јас би ти рекла исто така да не пагаш во депресии.. Јас имав дечко со него идев 7месеци.. Се понашаше многу лошо спрема мене па колку и да го сакав јас му раскинав... И напротив за инат слушав весели песни, и се забавував загледував други момци, и кога ќе ми дојде пак во мисливе јас одма мислам на нешто друго... Со текот на времето ќе видиш дека само така ќе го заборавиш и утре ќе се каеш поради тоа што си пагала во депресии поради него.. Послушај ме те молам
Сметам дека едно машко за да моли и јавно да си ги искаже своите чувства му треба многу,затоа сметам дека сепак чуствувал нешто за тебе,ама сфатил како стојат работите дека ти си таа што упорно со години си играла со него и решил да продолжи понатаму негирајќи ги чувствата што ги имал некогаш за тебе.Плус,гледам кажуваш богат е,се расфрла со пари,значи некој разгален добивал се што ќе посака..Тоа капак...Тешко е со таквите да се справиш.Јас би ти рекла ако уште не ти е касно седни и направи му искрен муабет што како чувтсвуваш и.т.н.А ако веќе поминало доста време,веќе џабе ти е се
Епа вакаа помина многу време откако го немам видено бившиот до пред 1 месец многууууу ми недостигаше но во последно време се помалку речиси и го заборавив но секако дека уште го сакам и сето тоа..после толку време мораше денеска да го сретнам и тоа со девојка му помина до мене и тоа многу ме повреди и не знам повеќе како се чуствувам,пак ми се вратииа сите чувства што ги имав кон него..
Бракови се растураат после 10,15 па и 20 години не па некоја си пролазна врска, па луѓе никој не е незаменлив се си има свој почеток и крај, споменот секако ќе остане спомен било да е лош било да е добар.. и како викаат новата љубов ја заменува старата - ДА!
Не ти се вратиле чувствата, бесна си што е со девојка а ти си сеуште сама претпоставувам. Затоа тргај во лов и нема мислење на бивши дечковци, фокусирај се на нови работи, а бившите остави ги позади каде што и припаѓаат
Не си единствена не се секирај и мене ми се дешава после секоја кавга со сегашниот да помислувам на бифшиот
не ми недостига бившиот па боже мој работите се така како што требало да бидат и излегле така како што требало да излезат ако не требало немало да биди бивши мн.едноставно ако на овие години жалиме за некој бивши во кој правец ќе ни оди животот мора да се продолжи понатаму а камоли на 17години како што рекоа луѓето биле по 10 15 20години во брак и се разведиле па го продолжиле животот со секоја завршена врска не е крај на светот напротив
Ве молам за совет и мислење....Веќе неколку месеци одев со еден дечко, но ние сме од различни градови, јас многу се трудев и трудам околу него, често патував за да дојдам и да го видам, но нему многу тешко му паѓаа нашите разделби, се ужаснуваше кога требаше да си одам, знам дека многу му фалев, ме испраќаше со солзи во очите...но пред неколку дена ми пиша дека се чуствувал многу збунето, дека никогаш немал врска на далечина, дека сакал да ме гледа кога ке посакал, сакал да бидам покрај него во секој момент и ке ја искористел секоја можност што ке му се пружи, за да ме види, за да бидеме заедно, па макар и тоа време да го поминеме само во пиење на кафе, и се надева дека нема да го одбијам...на некој начин ми раскина и ми рече дека нема да ми пишува моментално, затоа што и двајцата сме нервозни и ќе чека да ни помине нервозата...јас во една прилика кажав дека несакам да го видам...тој на тоа само рече во право си...Незнам што да направам, како да изреагирам и што да мислам, но премногу ми значи, а и јас нему, но незнам како да го убедам дека можеме да успееме во тоа што сме го замислиле...а мене ми фали една година да појдам да живеам во Скопје, каде што живее тој...деновиве планирам да одам таму и незнам дали има смисла да го побарам?
Побарај го и разговарајте очи во очи. Ако се сакате може да успеете, нема место во Македонијава што е одалечено повеќе од 4 саати од Скопје, не сте на којзнае колкава далечина, ехее колку вакви врски има, само ако се сакате и ако имате волја може да успеете. Затоа разговарајте очи во очи, можеби и на типот тоа му е само изговор за да раскинете, ти побарај го и нека ти ја каже причината. Според ова што ти го напиша мене ми личи само како на изговор, дај боже да грешам
Потребен ми е совет, Ми недостига бившиот....тоа ѓубре, никако не можам да го отргнам од мисливе....ме прогонува! Ме остави пред неколку месеци, остави јака, здрава врска која ја раскина на многу кукавички начин преку СМС и МСН, за подоцна да дознам дека за 2 месеци се оженил со друга и заминал Америка....... Верувајте од една страна го мразам тоа копиле, а од друга страна пак не можам да го отстранам од мисливе, многу пати си се наоѓам самата како го манијачам неговиот профил на фб, и го гледам него, прегрнат со неа, насмеан и среќен ( иако е мала слика, зошто ми стави блок од сите можни места)........ Незнам што да правам...... Осеќам бес, горчина...
Ќе си се помириш, што може друго да правиш? Да ти кажеме излегувај, дружи се, заборави го, најди друг, во моментов ништо нема да ти значи...Ќе помине време, ќе ги поминеш сите фази на разочарувањето, па бесот и горчината ќе ги снема, а потребата за промена ќе си дојде сама по себе...
Мн е тешко....си бил со некој сето тоа време, и те за*бува за пари, така да ја наречам постапкава....машка спонзоруша, жиголо.......! се ожени за папири и глуми среќа! Само сега не сакам да излегувам со други, зошто можно е да се одмаздувам на недолжни, а се чувствувам многу осамено, иако си имам друштво и се, сепак ова што го осеќам никако неможам да го исфрлам, ме прогонува...........
Е баш да си излезеш со друштво. А те блокирал од сегде зашто е ѓубре и кукавица, сум познавала таков. Сега се штити да не му расипеш, ама верувај ќе дојде ден кога ќе те побара. Ама тогаш, ич да не ти е гајле. Дури немој ни да му се одмаздиш. Тој и маж да ти бил, би те заебал. За таква кукавица немој да жалиш.
Каква одвратна постапка. Знам дека ти е тешко, ама нема да трае вечно. Всушност ќе трае толку долго колку што ти самата ќе решиш. Животот оди понатаму, а не вреди да тагуваш заради ваков кретен. Тоа што го направил е крајно кукавички... Ти заслужуваш нешто многу подобро. Ќе видиш и самата како со тек на време болката ќе се намалува, ќе избледува. Верувај во себе и ќе успееш да го преболиш. Ако ти е тешко, пишувај дневник, каде што ќе ги исфрлиш сите негативни чувства. Занимавај се со нешто што ќе ти ги одвлекува мислите. Ќе биде подобро, и ти посакувам многу среќа!
Ви благодарам многу на советите , навистина морав некаде да се испукам, и свесна сум како треба напред да продолжам, се надевам дека ќе успеам да го избришам од мојот живот, и да си најдам нов дечко што ќе ме поштува и сака!