Сакам да му се вратам на бившиот (јас му раскинав) Изгледа сфатил дека изиграва будала Паметно од него што веќе не те бара.
Сакам да му се вратам на бившиот (јас му раскинав) Можеби е паметно од негова страна но ако ме сакаше ќе ме побараше .
Сакам да му се вратам на бившиот (јас му раскинав) А да не се зараш многу многу со дечкото, имаш само 15 год.,вакви пролазни врскички ќе имаш додека не го сретнеш вистинскиот, а за него мила не да ти е рано, прерано е. И рано ти е за долги и сериозни врски. Со дечкото веќе неколку пати сте раскинувале, прекинувале, па нормално е тоа, деца сте. Имаш време за вистински љубовни проблеми и јадови.
Сакам да му се вратам на бившиот (јас му раскинав) Колку и да те сака, не е должен да те бара на секое. Кога тебе ќе ти текне се скаруваш, а тој да те моли. Сфаќам, 15 години имаш, ама..
Сакам да му се вратам на бившиот (јас му раскинав) Ќе бидеш, ќе бидеш верувај ми, така сега само ти се чини, малку си се затрескала, ќе ти се помине. А конкретно за дечково, сега малку и него му работи егото, малку си ги кренал акциите, се чувствува навреден, нормално е, си си играла со неговите чувства и си рекол дека не е веќе твоја будала па да го мафташ како и кога ќе ти текне. Е сага како да му докажеш....па пиши му меил, биди искрена, кажи како се чувствуваш, извини се, барај друга шанса, барај да ти прости што си се однесувала така....и ако не ти се смири големо чудо, ќе најдеш друг.
А зошто му раскина? Можеби чека овој пат ти него да го побараш а? Не може секогаш тој тебе да те бара. Ако си крива ти поради тоа што сте раскинале, побарај го. Ако не си, остави го. Нека свати сам дека е крив и нека се извини.
Па што ако си девојче, ако сакаш да се смириш ќе го бараш. Нема тука многу мислење, ќе се јавиш, па ќе видиш како ќе се одвива разговорот. Ти си му раскинала, сакаш да се смирите и уште си горделива.....некогаш треба и да попуштиш. Размисли.
Ке трпеш последици мила,а нареден пат пред да сториш нешто ке размислиш два пати ...Кај ти беше паметот? Мислиш ке те моли?си се зезнала. Јави се и што биде ке биде.
Нема што да се плашиш, можеш само да добиеш или да изгубиш, знаеш како викаат -џа или бу....тоа е. Ти реков дека ако не ти се смири, ќе преболиш, ќе го заборавиш, ќе си најдеш друг дечко, не е еден и единствен. Ако не ти се смири тоа значи дека или му е доста од тебе и не сака веќе да се замара со тебе или не му значиш толку многу многу колку што мислел. И ти реков не се замарај....верувај те советувам како да си ми мене ќерка или евентуално помала сестричка. Ти го кажувам истото што би и` го рекла и неа.
Таа ваша опседнатост некој да ве моли и да трча по вас за секакви глупости знаете како се вика-искомплексираност, немање самодоверба. И другарка ми порано долго време манипулираше со дечко и на тој начин, со скарување на секое, се додека еден ден не му дојде преку к** и не и рече ок, ако така сакаш така нека биде. Па да видиш како трчаше после таа по него, само имаше среќа што и се смири. А ти рамисли малку до кај ќе те донесе оваа тбоја потреба да манипулираш со некој за да ти се чувстуваш сакана.
Вчера имав таков момент..ми недостигаше бившиот. Можеби затоа што му го слушнав гласот(ми се јави за да ми каже нешто), па ми се вратија некои спомени и посакав пак да е покрај мене.. Ама, па свесна сум дека не сме еден за друг, дури ни чувства не се развија некои посебни .. Оваа желба е заради осаменост, секогаш ми се случува во моменти кога сум сама да ми недостига некој бивши..Кога ќе размислам подобро, мене всушност ми недостига НЕКОЈ покрај мене, а не БАШ тој .. Секогаш го правам ова значи кога останувам сама..
Еми шо де,девојче била .Извинувањето и молењето се само за машки?Штом си крива,извини се културно,објасни му таму на дечко ти,разбери се како човек,не е се до годините ,до ставот е. Навистина си го добила тоа што си го барала.Работите тука на форум нема да се решат.Мое мислење,дури и да не се смирите,извини му се и кажи му дека сакаш да го вратиш.
добар ден ми треба совет од вас.имав врска бевме заедно 4 месеци.раскинавме еден ден по ногва година.многу ми фали и мислам дека имам цувства за него.раскинавме и последниот пат кога се видов со него ми ги врати обетките кои си ги заборавив кај него усте на првиот состанок,ама последниот ден кога се видовме си ја заборавив марамата кај него.му писав за да ми ја врати ми реце ..ке идам вечер во град ако сакас ако ти е итно дојди сега ке си ја земеш..мислите ли дека постои мозност кога ке се видиме за марамата да правиме пак муабет и зосто ми вика да дојдам кај него?многу сакам да се смириме ама не знам како да допрам до него за да го псотигнам тоа.ве молам за совет многу ми е итно.
Драганафоревр прво постов не ти е во соодветна тема.Но ок е. Еве мое мислење..Кога ќе дојди да ти ја дај марамата,застани го и речи му. Стој сакам да зборуваме,сакам да ти кажам нешто,тој ќе застани и кажиму го тоа што сакаш и тоа што го мислиш.Кажи му некои зборови за кои сметаш дека ќе допрат до неговото срце,нека се замисли малку,ќе размисли и ако те сака ќе ти се врати..А зошто се скаравте ако не е тајна?позз и се најдобро
јас немам доверба во машки заради една врска од која излегов пред една година.сега со овиој дечко сто раскинав раскинавме заради тоа сто му чепкав во тел по фб и слично.дечкото не криесе нисто од мене тел секогас му беше пре мои очи.ми имасе казано дека нема потреба од такво несто.ама јас од пуста зелба да видам сто и како има ми се налути.на крајот ми рече ова е детско однесуване а врска без доверба не мозе да опстои.се осекам крива полесно ке беше да му најдев несто во тел отколку вака без ништо да го изгубам.
Eпа како што кажав застани го и речи му дека е глупо да се расправате за детски работи,и да се смирите.Повеќе ќе му веруваш и така.Иначе јас мислам дека е глупо за ова да ти се скара ако те сака. И јас на дечко ми секогаш му го проверувам тел па што не ми се лути,дури обожава кога му го проверувам. Ми има речено обожавам кога сакаш да знајш се
и на него му беше интересно,ама јас искрено претерувам се обидов да му го хакнам фб кот и ме фати.прво мислев да не има некоја друга причина за раскинуването.за сакане мислам дека не ме сака постои некоја симпатија дури мислам дека врската ни тргна по нагорна линија пред да раскинеме.навистина сум изгубена не знам сто да казам.само ме интересира зосто рече кај него да идам за марамата имаме многу заеднички блиски пријатели преку кои мозе да ја испрати(јас така би направила)многу сум збунета мислам дека нема соодветен збор со кој мозам да допрам до него.