Сакам да си кажам дека многу ми недостасува еден поранешен дечко. Со него идев 2007/2008 година. Сеуште контактираме, не којзнае колку често, но кога си правиме муабет, баш сме си онака како стари другари. Он идеше со една ...раскинаа, па се смируваа...сега е слободен некое време, но јас не сум. Нема везе што јас не сум, ме мачи една работа. Јас и он не раскинавме класично, туку јас пополека се оддалечив од него. Он сфати тогаш.... и станавме нешо ко другари. Малку после тоа почна ужасно да ми недостига. Немав сфатено колку ми значел. И сега не знам што да правам. Премногу често мислам на него. Ми рече да искочиме на кафе, но ми е страв како ќе се однесувам - или ќе сум згрчена и неприродна или ќе му се пуштам.... Не знам дали некому се има десено ова...Пишете ми што да правам ако имате некој совет или вакво искуство.
kaj meне е обратно ме стварно ми недостига со него ја најдов среќата разбирањето и со ми требаше....иако ми бесе втора долга врска ама ете можеби не ни било пишано...тој има друга врска јас имам друга врска...и двајцата сне во долги врски...мојата е скоро повејќе од 2 години...не работата дега не го сакам овој сега ама повејќе се караме од одсшто сто сме среќни...поготво не јас и нонстоп кога и да се караме јас мислам на бившиот со него бев среќна како никогаш во живото.....ама
Никогаш неможам да престанам на бившиот во секој кој поминува покрај мене го гледам него и на сите би се спротиставила само да сум со него
Мене ми недостигаат романтичните моменти што знаеше да ми ги пружи додека бевме во врска. Ми недостига начинот на кој знаеше да ме насмее дури и кога му бев лута. Ми недостига неговата прегратка во која се чувствував сакано, а најмногу ми недостига неговиот долг јазик и неговата полна уста за феноменален француски бакнеж... Уфф Немам зборови да опишам колку добро се бакнува ах бе дете дете кога те правеле тебе сигурно мнооогу плунка била разменувана аххх
Како поминува времето се забораваат сите лоши работи и се сеќаваме само на добрите, тоа е причината зошто размислуваме најмногу на нив кога сме разочарани со сегашниот. Да вределе ќе сме биле се уште со нив.. Спомените не може никој да ви ги одземе, кога ќе помислите на убавите работи насмевнете се, но потоа размислете и на лошите и вратете се во реалноста.
не треба да ти недостаги,а ако ти недостига станува збор дека никогаш не си престанала ни да го сакаш внимавај можеби сегашниов можеби вреди мн.повеќе од бившиот
ми недостига и тоа мнг ми недостига сум пробала да го заборавам со друг.. ама џабе никој не може да го замени само лажна надеж на другиот му дадов Едноставно кога е без кеф без кеф е Кога ќе го видам денот мие ШИТ а што е најлошо останавме блиски пријатели за ништо се немавме замерено едноставно се оделивме сакајќи се .....
Ми недостига секој ден се повеќе и повеќе, да го прегрнам и да го мириснам да го бакнам и за момент да престане срцето да ми чука во градите. Да измами насмевка на моето лице и да ми ја бакне дланката додека ме гледа во очи. Да го погледнам тажно како секој пат да е последен, да ми даде надеж да ме излаже дека ме сака вистински како што јас го сакам. Тешко е со него и без него е тешко. Морам да продолжам но толку гнев и бес имам, немам волја за живот.
A shto koga vi nedostiga samo poradi seks? Kako toa da e edinstvena potreba koja ne mozhe da te razdeli od nego.. kako bi postapile, eve jas sum vo vakva situacija i mi treba pomosh. Pishete
И јас сум мажена ама сепак како што прочитав на многумина од вас така и мене, од време на време ми недостасуваат дел од работите кои го имаше помеѓу нас. Јас сум дефинитивно заљубена во мм но сепак мислам, не многу често ама мислам на него. На неговата прегратка, на сето она што го правеше само за да ме види среќна, само за да ме насмее. Дури и во моите најтешки моменти му успеваше, секогаш, секогаш ќе успееше да ме насмее. Она кога се шетавме за рака во недела и се смеевме ко мали деца, кога мислев дека на нашата љубов и нема крај.. Се разделивме на мирен начин, не се каравме, едноставно главна причина беше далечината, далечната си го бараше своето... Значи тоа се моменти кога сум била среќна, кога ни е било многу убаво, тоа се тие незаборавни моменти што цел живот ќе останат врежани во нас. Ете, мислев дека и јас сум единствената ама сватив дека не сум...
Хммм не би рекла! Јас тоа го подразбирам вака, тој беше мојата прва љубов, а исто и имавме подолга врска, но кога се разделивме јас можев да си ги контролирам чувствата а исто и тој. И после година дена разделени се видовме и раскинавме. Таму беше крајот. Но не се каам за периодот поминат со него, едноставно ни било убаво. Мм го запознав после 2-3 месеци. Имавме незаборавни моменти и со него но сепак секој е свој и различен и ги прави работите на свој начин, јас не велам дека со мм не ми било убаво додека одевме, само кажав дека од време на време и бившиот ми минува низ мислите. Е сега, заедничките и незаборавни моменти со мм често пати се тема во нашето секојдневие, исто така често ги посетуваме и местата кај што се среќававме така да јас сум среќно омажена. А имам и дечиња
@Apina Секако нема сигурно сега да те убедувам во спротивното, секој најдобро си знае што чувствува. Но, јас пак да си споделам мое мислење во однос на тоа што го прочитав.Математички претставено: Прва љубов < познанство одма од 2-3 месеци. Плус: Не е исто да ти е сеедно и да се правиш дека ти е сеедно. Знам, контролата е јака работа, но тоа не го менува длабокиот факт, ниту пак имањето деца. Точно е, сите имаме различни спомени со различни личности и притоа различни убави моменти и не треба да се заборават, ама понекогаш истотака, длабoко знаеме, дека не е тоа обично чување на спомени, туку огромно потиснување. Не зборувам за тебе лично, општо кажано за сите нас
Заљубена во маж ти, а мислиш на убавите моменти со бившиот, хмм, не знам на кој маж не би му сметало да го знае ова .
Веднаш напад!! Не реков дека мислам на бившиот нон стоп, напротив, понелкогаш ми минуваат низ мислите некои моменти од минатото. Зарем вас не ви се има случено никогаш такво нешто?
Не е напад, само кажувам што мислам, според напишаното погоре од тебе станува збор за носталгија, а обично луѓето се потсетуваат на убавите моменти од минатото бидејќи ги немаат тие моменти во сегашноста, или ги имаат ама тие сакаат тие убави моменти да бидат со некоја друга личност. Секако ти си ја знаеш најдобро твојата ситуација, али штом напишеш нешто на јавно место, треба да очекуваш дека ќе има различни коментари.
Животот не е само тоа што моментално го живееме... Минатото не се брише со гума. Во секоја врска од минатото (па и десет да биле) има и неубави ама и убави моменти.Не треба да се заборават ни едните ни другите.Се учиме на нив. И што ако девоката кажа дека музика, мирис, одредена ситуација...ја потсетува на бившиот ? Страшно нешто рекла ? На никого не му се случило такво нешто?...или можеби после секоја врска си ги ,,перете,, мозоците со прашок и продолжувате понатака.. Плус...некои луѓе се осетливи и сензитивни па некои работи ги потсетуваат. Некои се ,,ѓон,, па и име забораваат. Не е човек да пише нешто.