јас и дечко ми отворено како најдобри другари збориме за минатото и за неговите а и моите врски, убави и лоши моменти до детал. никогаш ми нема речено дека му смета што му кажувам, ниту пак се налутил. дали тоа го прави ненормален? имав 2 врски пред оваа, една 3 а другата 2 год. тоа што било поминало, и мене некогаш ме потсеќа нешто на моите бивши, дали песна, слика, место низ градот. тоа се моменти од животот кога си бил среќен, лекции кои ти помогнале да созрееш, моменти кои те направиле посилен. не гледам ништо лошо во тоа да размислуваш за моменти од животот кои си ги поминал ниту пак ништо лошо не е тоа да го кажеш. како и да е, тоа не може да се избрише како да не било. тоа е мое мислење, па сега секој со свое
Која случајност.. Досадата си го прави своето.. Па прееска отворив ФБ и копав низ пораките... Читај читај, не се дочитува.. Навреди, пцовки, закани, уцени... И си реков сама на себе - добро ма Дасти, читај се сега и заклучи колку си била глупава. Празноглава! Не да не ми фали.. ич не ми фали! Уште да успеам да поминам преку едно нешто и целосно ќе го збришам од меморијава
На првиот дечко, помислувам одвреме на време. Јас имав 19, а тој 22 кога почнавме да одиме. Помислувам на него, не зошто ми недостига и пак би била со него, туку со него имав се прво. Прва љубов таква голема и убава. Башка што прв дечко па се ми беше преувеличено, мислев којзнае колку е сериозно и мислев ќе трае. Траеше 2 години и толку. Ама има некои настани и песни што секогаш ме потсетуваат на него. И се прашувам што се случува со него сега. Дали е добар и дали денеска е се она што тогаш посакуваше да биде. Добро дете беше и му посакувам се најубаво. На вториот кога помислувам, некогаш сеуште имам горчина во себе. Тој ми налета кога поминував низ многу тежок период од животов и си мислев ете.. и мене нешто убаво да ми се случи. Требаше да раскинеме, за да сфатам колку сум се дала себе си и колку пати сум преминала преку некои негови постапки, а не сум требала. Се чудев сама на себе како јас, толку горда да истрпам некои работи. Веројатно во тие моменти не сум размислувала така. На крај ме навреди и преку тоа веќе не можев да поминам. За да ми избацува после тоа одвреме на време како ништо да не било. Знам дека и на него му беше криво за одредени работи, ама тој воз веќе беше заминат. Не се извини ниту еднаш. Многу тешко и болно ми беше после него, не толку за него, колку што се обвинував самата што дозволив одредени работи. Е за третиов искрено се надевам дека нема да дојде до тоа да ми недостига, зошто е најдоброто нешто што ми се случило во животот. Секогаш кога ќе се фатите себе си како ви недостига бившиот, потсетете се дека без разлика дали бил добар или не, тој е бивш со причина.
Незнам , мислам дека не Одвреме навреме помислувам на него , не за друго ми фалат убавите моменти со него .
Ми недостига и му кажав само затоа што јас така сум одлучила. Тоа нема да смени ништо. Не е лошо чат пат да пишете дека некој ви недостига само ако немаат девојки.
Не сум признала на никој, затоа што ако почнам да се тешам со некого ќе треба да го зборам и ќе ми е потешко...Навистина ми недостасува, барем еднаш во денот го мислам, нешто ќе ме потсети на него и одма си ги пренасочувам мислите кон него. Сакам да го заборавам, ова само ми прави товар на душата...Секој ден ми е некако без врска.
Знам дека е тешко и речиси сите помислуваат на некоја личност од минатото. Времето лечи се, со тек на време ќе биде подобро и ќе се помириш со работите. Ти потруди се максимално да си го организираш денот (шетај, читај книга, вежбај) се со цел помалку да ми мислиш на него. Со тек на време се ќе биде во ред. Кога најмалку ќе очекуваш ќе запознаеш личност која ќе те сака, цени и почитува и тогаш сите рани ќе се залечат
Помислувам на него. Долго бевме заедно, не беше лоша врската и минавме многу убави заеднички моменти. Ми недостига, не во смисол повторно да бидам со него туку едноставно би сакала малку да поразговараме. Да го прашам како му е сега, дали е посреќен, дали понекогаш и тој помислува на мене, дали има некоја нова љубов... Сегашната врска ми е прекрасна но сепак минатото не се заборава лесно. Тој ништо ми нема згрешено, едноставно не бевме еден за друг и немавме исти интереси. Навистина ме сакаше, за жал јас него не толку...Заминав и го напуштив без да погреши ништо. Понекогаш ми е навистина жал што мораше да биде така и посакувам да не беше толку добар.
Да ви го дадам мојов, ич нема да ви недостига Лечам од непребол, бивши на изнајмување. Детали во инбокс
Искрено не ми недостигаат. Нема за што да ми недостигаат. Поранешни не се без причина. Ако ви недостигаат тогаш тоа значи дека тие кои ви биле поранешни биле всушност ок а вие сте направиле некоја грешка и поради тоа се каете. Барем јас така гледам на работите, без навреда.
И покрај тоа што излезе дека е ѓубре не можам да кажам дека не ми фали, меѓутоа како и да е не би му се вратила повторно. Што било било, идемо даље.