Једино што ми фали од бившиот дечко е сексот. Многу добар секс имавме, од сите до сеа со него ми беше врвот. Е само тоа ми фали. Би ја ризикувала сегашнава врска за уште еден (два, три, десет) пат секс со него
Јас го мразам бившими , и ми е криво што ке немам прилика да му се одмаздам.... Кратка е линијата мегу сакање и мрзење !
Не вреди да си уништуваш врска заради секс со друг. Преку разговор и практика, кажи му на сегашниот како да се подобри и може ќе бидеш пријатно изненадена и од него
Се трудам да те разберам ама вака,јас сметам дека сексот е подобар колку си емоционално поповрзан со партнерот.Тазе ти е новава врска па уште не си толку приврзана за дечко ти или? Не разбирам што било толку посебно да за секс би ризикувала врска во која претпоставувам ти е добро и не ти е пред распад?
Не ми е поважен, да ми бил поважен би била сеуште со бившиот нели... Но секако дека ми е важен сексот, но не и пресуден за врската, секако дека има многу поважни работи кои ја чинат врската. Љубовта, почитта, меѓусебното разбирање, желбата за компромис и слично... Ете со бившиот на пример многу добар секс имавме, значи од сите партнери со кои што сум била до сега со него ми бил врвот, но врската неможе да се базира само на тоа и добриот секс да ги решава сите проблеми, не иде тоа така. Ни фалеа други работи, можеби немаше доволно љубов (од моја страна имаше) и волја за други работи (можеби он не ме сакал доволно за да се потруди да биде се ок)... Како и да е, јас бев таа што ја прекина врската и покрај одличниот секс. Ми згреши нешто, го фатив у лага за ситници ама тоа е, јас сум таква што не простува ни најмала лага. Пробав да простам, не ми успеа ни една недела да издржам без да се потсетам на лагата, избувнав, се испокаравме и решив да ја прекинам врската. Вака како личност повеќе не ми фали ама кажав, ми фали сексот со него, односно би сакала со сегашниов да имам толку јак секс ко што имав со бившиот ама ете нешо не е баш wow сексот. Е јбг неможе се да е совршено. Апсолутно се согласувам дека сексот е многу подобар кога се вклучени емоции и кога си многу силно емоционално поврзан со партнерот, тогаш си многу поопуштен и оанак уживаш со сите сетеила, целосно се внесуваш во чинот...Новава врска ми е околу 3 месеци и да во право си не сум нешто многу приврзана, убаво ми е да, ме исполнува, ме почитува, имаме разбирање, си го сакам онака да можеби со тек на време ќе се поврземе многу повеќе. Не би го сменила за бившиот, ама ако сум 100% сигурна дека нема да дознае би го направила тоа ама треба ептен да ми се погоди моментот ама ете и тоа што викаш бидејќи веќе не сум нешто толку емоционално врзана за бившиов па може и да не ни искочи сеа толку добар сексот . Се шалам незнам... има едноставно луѓе што се добри у кревет, што ги бива и што знаат да прават чуда и има такви што се попасивни, нежни и внимателни и понеискусни и немаат движења и потези, нормално дека и привлечноста и страста и емоциите имаат врска ама ете има такви што ги бива и што не ги бива тоа е. Не дека новиов не го бива ама незнам, не би сеа да го опишувам чинот (кој инаку многу пократко трае во споредба со оној со бившиот) али бившиот си имаше и потези и техники и цел пакет, овој не е баш толку спремен. Инаку не би го сменила новивов за бившиот туку само сексот би го сменила.
Не ми недостига воопшто. Подобро што испадна вака од колку да ме разочараше после неколку години. Не ни сакам да заборавам колку ме повреди, за да не се опуштам премногу со некој нареден, ако се одлучам некому да дадам шанса, ама после вакво запрепастување не ни сакам да ширам познанства.