Ми раскина преку FB

Дискусија во 'Разделби' започната од Sophy32, 17 јули 2010.

  1. Sophy32

    Sophy32 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Синоќа дечко ми ми раскина преку FB...Се фативме пред 2 месеца но претходно само се мувавме. Иницијативата за да се измуваме прв пат беше моја. Јас го забележав нашколо и ја прашав другарка ми дали знае кој е. Таа ми кажа и дури успеа да ми го најде и неговиот телефонски број. Еден ден јас само му титнав а тој не ми го знаеше бројот и праша која сум преку порака. Така се запознавме и подолго време се договаравме да испаднеме но тој се неможеше. Конечно се договоривме и излеговме. Таа вечер ја си поминав најубаво а и тој како што ми кажуваше. По еден месец тој ме праша дали сакам да се фатиме но незнаел што ќе правиме летово бидејќи не сме од ист град. Јас сум од Велес а тој од Дојран но тој овде учи. Јас прифатив и понатаму се беше супер излегувавме секој ден а кога не бевме заедно цело време си пишувавме пораки и стално тој прв пишуваше или титкаше, дури и ми го даде пасвордот на фб. Дури и прв ми рече дека ме сака, постојано објавуваше линкови на мојот профил на фб. А кога бевме заедно целосно го искористувавме времето и убаво си поминувавме. Но дојде и 10ти јуни и тој замина без поздрав со изговор дека морал што побрзо да си оди оти мајка му и татко му ќе заминеле во Грција па тој морал да оди на работа и да ги замени. Јас тогаш му се налутив но брзо ми помина лутината. По некое време тој почна да ме обвинува дека јас овде сум била со некој друг или пак дека ќе сум го изневерела (а истото ми го викаше и додека беше во Велес демек јас ќе сум го изневерела летово). И така почнаа кавгите но брзо се смирувавме. И јас заминав на камп во Папрадиште. Само што се вратив се уклучив на фб и тој одма ми пиша, што сум правела, како сум си поминала и после тоа почна со тоа дека тој неможел вака да продолжи, немало да се видиме цело лето итн.... Јас сетив дека сака да ми раскине и му реков а тој почна да се правда и после тоа почнав да му викам дека ако сака да се скараме нема проблем и дека може да биде таму со која сака..ии раскинавме. Тој беше првиот на кој што искрено сум му рекла дека го сакам а истото ми го велеше и тој. Неговите другарки од Дојран постојано ми велеа дека тој цело време зборувал за мене, дури знаеја и неговите родители(за разлика од моите)за нашата врска. Но незнам што се случи синоќа?? Дали му беше страв дека ќе го изневерам па за тоа ми раскина или пак таму ми нашол замена?? А јас за 10 дена требаше да одам на одмор со мајка ми таму и цело време да го поминеме заедно, но сега незнам што да правам? ДАли престанал да ме сака?? Јас сакам да се смириме но имам таков карактер и бидејќи сега сум му лута брзо ќе му најдам замена (таков ми е хороскопскиот знак) и не дозволувам другите да ја забележат мојата тага.. Правам да изгледам како ништо да не било, глумам дека сум среќна но само јас знам како ми е..Што да правам ..да чекам да дојде 1 септември за да се смириме (ако воопшто сака да има нешто со мене)?? Ве молам помогнете :( :( ;( :worried:
     
  2. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.898
    Кога веќе ти раскинал преку фејс , барем да ти кажел зашто .. се плаши да не го вараш ? Па затоа е довербата , нели ? Ако сама не знаеш зашто ти раскинал , мислам дека е ферски од него да ти објасни , да не му ја мислиш толку . Да знаеш дали може да се потрудиш да го вратиш , како треба да постапиш ова она . Ако имаш можност или прилика да збориш со него , збори .. Да знаеш на што си и зашто не сте повеќе заедно ..
     
  3. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    2.857
    Допаѓања:
    3.610
    Епа вака...Според мене ако цело време ти пишувал пораки и ти оставал линкови на фејсбук не значи дека е лудо заљубен во тебе.Дали те сака сама требало да почувствуваш.Една врска треба да се заснова на почитување и доверба,а вие знаејќи дека сте од различни градови сте почнале врска.Требало да размислите дали ќе си верувате еден на друг за времето кога секој од вас ќе си биде во сопствениот град.Сигурно нема да бидиш со некој што нон стоп ќе те контролира иако живее во друг град.Според мене не треба да го молиш да се простите.Ако ти спомне нешто за смирување тогаш натерај го да правите муабет и тоа озбилен.Прашај го дали можете да опстанете во врска од далечина и дали тој е подготвен да ти верува и кога не сте заедно.Поздрав и пиши што си направила.
     
  4. malecka.16

    malecka.16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2010
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    20
    Јас мислам дека ако тој така премногу те сакал, уште кога те прашал да се фатите бидејќи знаел дека сте од различни градови и нема да можете да се гледате секој ден, требал да биде спремен на тоа и да ти верува. Ти сега никако немој да го прашуваш да се смирите. Ако тој те побара тогаш напрај сериозен муабет со него и прашај го зашто така ти раскинал за да знаеш на што си. А ако случајно сака нешто повторно со тебе напрај серозен муабет со него и дај му до знаење дека мора да има доверба во тебе ако сака вашето да опстане, а ако не те побара едноставно заборави го, не вреди да се замараш со некој што не ти верува и постојано те контролира и згора на се ти раскинува преку интернет. Поздравв и кажи ни што си направила ;) :*
     
  5. Sophy32

    Sophy32 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Па вака според мене тој ме сакаше и тоа многу а истото ми го велеа и неговите другати и другарки (а и тој) и јас со него не сум повеќе во контакт освен на фб и јас нема шанси да го молам да се смириме или неш слично...
    А според него причината за разделбата било што врската не ни била нај - нај и ми рече да сум си нашла некој што ќе биде до мене :worried:
     
  6. Sophy32

    Sophy32 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Инаку фала многу за советите :) ;)
     
  7. newring86

    newring86 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    643
    Допаѓања:
    809
    vrskava sto ti na nas ni ja opisi e tipicna detska vrska. ke sfatis za nekoja godina deka ona cuvstvo za koe ti mislsi deka e ljubov-bilo zalazuvanje, deka deckoto ne te saka ako ti kazuva deka te saka, ako ti stava linkovi na fb i drugarkite negovi toa ti go kazuvaat, nitu pak znaci deka te saka ako na negovite doma se pofalil deka ima zenska......ljubovta i zaljubenosta se mnogu poveke od toa.

    ne sakam sega da ti drzam lekcii. kako malku postara od tebe-ke ti kazam da si ja socuvas gordosta koja velis deka ja imas...
     
  8. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    557
    Како што видов имаш само 15 години...ех да можам да се вратам на тие години...
    Прво и основно, нема да попувам, и јас сум правела грешки, ама самиот начин на кој ти раскинал е многу глуп....и јас не би сакала нит да го видам онлајн а не па нешто повеќе, таквите кај мене идат одма блок делит :)
    Мала си, и затоа ќе ти кажам да уживаш, ова што ти се случува во овој период е многу нормално, и уште ќе има такви ситуации....Еве и јас самата бев таква, ама дури сега на 22 години ми текна како да постапувам па сега сум бич во друштвото...зошто само затоа што не сакам да се врзам за некој дечко....
    Немој д аправиш грешки и да дојдеш до овој степен да не сакаш да смислиш машко, се уште си мало..уживкај и пливкај.
     
  9. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.060
    Допаѓања:
    24.992
    Тоа се тие години, лудите. И сама признавам дека имам раскинувано преку СМС. На тие години нормално :lol:
     
  10. medce

    medce Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    0
    istoto mi se desi i mene se zapoznavme preku net taka komuniciravme na pocetokot. Toj ne bese od mojot grad koga zapocnavme vrska ni bese mn ubavo ,no problemite sekogas se pojavuvaa koga toj trebase da si odi od kaj mene dodeka bevme zaedno toj bese mn nezen i prijaten no otkako ke se vratese doma koga i da mi se javi sekogas se karavme i mi ima kazano deka koga e so mene mn mu e ubavo ,a koga e sam tamu celo vreme misli deka go izneveruvam iako toj znaese deka ne e taka zs mnogu pati mu dokazuvav zanaci se e dzabe ako nema doverba i zatoa sega ne sme poveke vo vrska iako toj tvrdi deka se smenil jas ne mozev da se uveram vo toa bidejki ne 1 tuku mn pati mi go velese toa i nisto od negovata promena i sega mi e strav pak da se vratime vo vrska zosto znam deka samo poveke ke me povredi so negovata ljubomora sto da pravam?????????
     
  11. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.461
    ^ Медче ако знаеш дека ќе бидеш повредена од неговата љубомора, тогаш нема зошто да се смируваш со него. Продолжи напред, ќе си најдеш друг кој нема да те повредува. :)
     
  12. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.990
    Еееее што убавко постов ме потсети на моите луди,најубави тинејџерски годинки,само на мое време се раскинуваше преку фиксен ако веќе не сакаш фејс ту фејс :D Еден ден како само ќе се смееш на сето ова, а сега само уживај си во годинките ;)
     
  13. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    386
     
  14. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.807
    Пол:
    Женски
    Искрено, не ти го прочитав постот :!: Самиот наслов ме изиритира тотално |(
    И според тоа, можам и да замислам што пишувало (утре во подобра состојба ќе го прочитам, ветувам :$ )
    А може да прашам нешто? А воедно и да кажам?
    Се се врти околу глупавиот ФБ?
    Ах брееее, деца, деца.... дај оладиете малку со тој ФБ, не сте веќе интересни... Ако веќе раскинува фраерот преку фб, значи дека не е зрел... дека уште живее за тоа кој како што.. ма нека иде у пм бреееј... т акво детстко однесување не ти треба . ако сакаш детиште, фати тогаш некое од 12 год на кое светот му се врти околу другарите и ФБ.
    А такво незрело однесување... за во контињер директно :D
    Абр која и да е причината, НЕ СМЕЕЕ ДА РАСКИНУВА ПРЕКУ ФБ
    Етее толку!

    едит- :rofl: :rofl:
    сеа видов дека проблемчето е од ехеееееееее :o
    ама ако, нека си стои моето, ќе му затреба можда на некој :D
    најдобронамерно, да си знаете :D :*
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  15. trendy

    trendy Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2010
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    171
    немам раскинато преку фб досега :P ама ќе видиме понатаму (не дај боже да се случи тоа :!: )