1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми рече дека еден ден пак би биле заедно...

Дискусија во 'Разделби' започната од Crveno-bonbonce, 11 декември 2010.

  1. Crveno-bonbonce

    Crveno-bonbonce Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    10
    Со дечко ми одев година и осум месеци. Се ни беше прекрсно до пред некој месец. Мајка му се разболе од рак и едноставно тој почна да се одалечува од се. И го сфаќав дека му е тешко, сакав секогаш да му помогнам за се. Но од пред еден месец не е се како што би требало да биде, почна да ме избегнува, се да му еповажно од мене, малку да се гледаме итн. Пред една недела ми раскина и откако се турив од плачење ми рече дека ќе пробаме пак ако сакам. И во теков на цела недела се трудев да биди се во најдобар ред, да не се караме да му угодам да го утешам кога му е тешко, се обидов и да не барам да се гледаме постојано само за да не мисли дека го гушам. И правев се за да ни е интересно, сакав да е како на почетокот се ново :) ама вчера излеговме и ми рече дека размислил и дека не можел да продолжи повеќе. дека се му било навика и дека последно време одел со мене колку да се речело "одам" :D ако ме сфаќате. Ама искрено мн ми е тешко поради тоа. Па не се малку скоро две години фрлени во вода. Зато што тој ми беше и дечко и најдобар другар и брат и татко во исто време. Се поминав со него и не знам прво како и дали ќе го преболам некогаш. А најмногу ми е страв дали некогаш пак ќе се заљубам. Се договоривме да останеме другари(така ми е полесно да го преболам зато што ќе го гледам секој ден и ќе се навикнам дека ми е само другар како и што ми беше пред да се фатиме) ама ако имате совет некаков како да поминам преку се што имавме заедно ве молам кажете. Тој ми рече дека можеби еден ден пак би бил со мене( и знам дека мислеше-ако ја сакам некогаш ќе сум со неа) ама знам дека никогаш не се навраќат на минатото и стварно ми е тешко за сево ова
    Ве молам помогнете ми
     
  2. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Многу долги врски минале низ такви прекини, па пак смирување, па прашања без одговор ,,ја сакам или не?,,, па навика ми е, па не можам животот без неа, па ајде да пробаме како другари :talk: ... Некои од тие прекини биле фатални за многу врски, односно не биле само прекин...туку биле крај! Никој од форумот нема да ти каже што ќе се случува понатаму! Но мислам дека не вреди да цимолиш туку да се повлечеш неколку чекори понатсрана од дечкото! Остај го да издише, не покажувај дека во секој момент ќе може да те има бидејќи тоа го тера да биде сигурен дека има доволно време да се мисли дали сака да биде со тебе или не сака! Сега тој си ги тестира своите чувства, се преиспитува сам себе! Ама па ти не си експриментален глушец за да те употреби во разрешувањето на дилемата дали си навика или љубов во неговиот живот! Зошто да му бидеш резерва? Не го опуштај до толку, немој да го убедиш дека тебе може да те има секогаш... :shake:
    Да сум на твое место јас би се дистанцирала малку настрана, би предизвикла да му недостигам... ;)
    Да не ти внесувам лажна надеж но мислам дека и вашата врска (како и многу долги врски) ќе се обнови кога ќе сфати дека тие скоро 2 години се и дел од неговиот живот!
    Само остај го малку, немој да му цимолиш и молиш....верувај дека со убедување дека треба да сте заедно ти губиш! Не секогаш солзите ни се најсилно оружје,понекогаш е подобор да тактизираш! :!:
    А инаку домашната ситуација (болеста на мајака му) можеби го прави понапнет, или само тоа си го зема како причина заради која сака да се одалечи од тебе!
     
  3. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Хмм.. Ваквите домашни ситуации се фатални за врските. Со еден дечко се мувавме некое време и се си течеше како мед и млеко. Требаше и да се фатиме, но одеднаш тој се разболе (колку е точно незнам, дали ме лажел или бил искрен тоа си е негово). Од првинта не ја знаев причината зошто престанавме да излегуваме. Едноставно престанавме да комуницираме. Тој не ми зборуваше а јас не попуштав. И така неколку месеци, и си викам ајде што е сигурно сигурно е, јас да си прашам. Ме лажеше, не сакаше да ми ја каже причината за која не сака да бидеме заедно. Бил збунет, не знаел што сака дрн дрн... Си велам ајде не сака да биде со мене, што има да го принудувам. Тешко ми беше :!: и тоа многу. За ниту едно машко не ми е било толку тешко како што ми беше за него. Навистина беше 5ка во сите погледи и одеднаш што му стана незнам. Ми велеше ќе пробаме пак само нека помине некое време, да си ги среди мислите. Но по 2-3 месеци ми призна дека бил болен и дека многу му било тешко и се затворил во себе (тоа и многу други личности го имаат потврдено дека многу бил повлечен и изменет). Ниту пробавме пак, ниту пак чувме глас еден од друг. Сигурно си ги средил мислите и сфатил дека повеќе не сака да биде со мене. Но подобро е да се оддалечиш од него. Подобро ќе биде да бидеш ептен тажна некој месец и да го заборавиш и скроз да го преболиш отколку секој ден да се надаш дека ќе се случни нешто меѓу вас и секој ден да ти биде се потешко и потешко а и најверојатно само залудно потрошено време. Таквите машки што бараат време сакаат да раскинат но не знаат на кој најбезболен начин само да не ги повредат девојчињата. Сега во твојот случај незнам како е, можеби ке се смирите ке помине, но тоа е моето искуство.
     
  4. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Не се плаши дали ќе го преболиш, секако дека ќе го преболиш и повторно ќе се заљубиш, знаеш како викаат дека времето ја лечи секоја рана. Добро е што сте останале другари, но избегнувај да го гледаш секој ден, повеќе излегувај и шетај со другарки, да си ги тргнеш мислите од него, знам дека ти е тешко и дека не ти се прави ништо но на тој начин побрзо ќе почнеш да преболуваш. И не се надевај дека би можеле некогаш да се смирите, штом еднаш чашата ќе пукне после и да ја залепиш не може да биде исто.
     
  5. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    125
    Јас би ти дала совет да му оставиш малку време да сфати што сака. Бидејќи во вакви периоди, како што е тој сега кога некој е болен во семејството, ништо не ти е важно и цело време се замараш со тоа. Сфаќаш дека имало и потешки работи. Нему му е најбитно да се опорави мајка му и можеби и затоа е напнат и незнае што сака. Значи ти остани на тоа да бидете другари и види како ќе се одвива ситуацијата. Немој да избрзуваш со друг дечко, ниту пак да се затвораш во себе и да паѓаш во депресии. Остави да мине време да ви се разјасни и на двајцата што сакате. Ако имало љубов јас мислам дека по некое време тој пак ќе се врати кај тебе, бидејќи ќе сфати дека му значиш, а ако после извесен период го нема значи навистина не е сакал да биде со тебе. Мое лично мислење е дека моментално е преоптеретен со мајка му и не му се важни толку другите работи, и да знам некои ќе кажете, па што е таа виновна? Не е, сепак тој така се чувствува во моментот. Ти го кажувам овој совет бидејќи пред извесен период ова се случуваше на моја блиска личност, таа беше во ситуацијата како твојот дечко, и раскинаа , но сега сфати дека го сака и дека пак и е потребен. :) Затоа остави временски простор и почекај да видиш како ќе се одвиваат работите :)
     
  6. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Мене искрено девизата сега сме пак другари после врска, не ми е јасна. Барем кај мене такво нешто не би функционирало.Секој обичен гест може да биде протолкуван како надеж од некој и се така би се вртело во круг. Јас мислам дека ако имало некогаш вистинска љубов тoj ќе ти се врати. Ама немој да бараш тоа да го направи од сожалување како првиот пат. Остави му време да сфати дали е тоа тоа, не се гледајте секој ден, мислам дека тоа ќе го засити уште толку. А немој да се плашиш дали повторно ќе се заљубиш пак после него,ако не ви успее,очигледно не било вистинското. Ќе помине некое време и ќе дојде некој друг кој уште повеќе ќе ти го стопли срцето, секогаш доаѓа.. :*
     
    На dudu му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Crveno-bonbonce

    Crveno-bonbonce Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    10
    фала на сите што ми одговоривте навистина ми значи. ќе пробам сега некое време да се одалечам(иако имаме исто друштво) и ќе видам како ќе оди понатаму се надевам се најдобро ќе е :)
     
  8. meruska

    meruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    103
    црвено бонбонЧе прво позз срцка до тебе и ти си млада ќе си најдес друг можеби си била долго со него ама денес нисто не е веЧно денес луге у брак по 20 30 години па се разведуваат а не ова деЧко така да дај си сама утеха од добро има и подобро ;)
     
  9. Crveno-bonbonce

    Crveno-bonbonce Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    10
    Не знам дали некој воопшто и ќе го прочита ова ама сакам да кажам дека односите со него ми се подобри, онака се дружиме, излегуваме и дознав дека уште ме сакат (хепи мии ). а инаце меруска стварно е така-па можам да бидам со кој сакам, не знам и јас шо толку бев запаничена дека немат да се заљубам.
     
    На srcekrsacka, slatkichKa123 и enca.69 им се допаѓа ова.
  10. slatkichKa123

    slatkichKa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    341
    Бонбонче! Баш се израдував кога го прочитав последниотт пост. Се надевам дека се ќе биде во ред :)
     
  11. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.082
    ајде и јас да пишам на темава ;( веќе 3 недели скоро поминаа како раскинавме јас не можам да се опроравам ;(
    Идев со дечко ми 2ипол години, се беше совршено (нормално имаше на моменти мали кавги, како и во секоја друга врска).Во последните некоку месеци тој секој викенд си одеше дома! За велигденов повторно не бевме заедно, тој си замина надвор од скопје (живее постојано тука во Скопје и тука студира но по потекло е од друг град и тоа го смета за дома, а не тука иако овде е со целото семејство, цело време), и јас решив да идам надвор од Скопје. Бевме разделени 4 дена него никаде го немаше, ако не му се јавев, не ми се јавуваше, а кога ќе сакав да го слушнам секогаш беше презафатен за мене, или пак премногу официјален и краток во одговорите. Се се сведуваше на ДА, НЕ ,АХА, ОК, ЕПА ДОБРО.
    Kога се вратив во Скопје сакав да поразговарам со него, зошто навистина беше премногу ладен, сакав да знам што се случува. Се видовме направивме муабет околу се ова што се случуваше и се договоривме да не избрзуваме со одлуки непромислени т.е да не раскинеме да видиме како понатака ке се одвиваат работите.
    После 2 дена се видовме и тој само ми рече ИМАШЕ ПРАВО ПОДОБРО Е ДА РАСКИНЕМЕ, ТОА НЕ ЗНАЧИ ЈАС И ТИ ДА НЕ ОСТАНЕМЕ ДРУГАРИ! НИКОГАШ НЕ СЕ ЗНАЕ МОЖЕБИ ПАТИШТАТА ЕДЕН ДЕН ПАК КЕ НИ СЕ СПОЈАТ, ПА ПАК КЕ СМЕ ЗАЕДНО. Иако не ми беше ни малце лесно прифатив, едноставно видов дека тој тоа го посакува.
    После 3 дена му се јавив, не можев да издржам, за да се видиме, ми рече само НЕ ЈА ГЛЕАМ ПОЕНТАТА ВО НАШЕТО ГЛЕДАЊЕ САМО ПОТЕШКО КЕ ТИ Е ТЕБЕ, АМА АКО ТОЛКУ САКАШ ДА МЕ ВИДИШ ОК ДОЈДИ НАКАЈ МЕНЕ. Отидов одма, и кога го видов толку силно го гушнав што мислам ќе го угушев ако го држев уште 1 мин. Правевме муабет, и јас му реков да се обидеме уште еднаш зошто се сакаме, сепак немаше никаков проблем меѓу нас, а од него добив само едно ладно НЕ ТЕ САКАМ ВЕЌЕ. Како може за 2 дена да ме отсака не ми е јасно!? Истрчав од кај него, не ми беше ништо важно, дојдов дома и се убив од плачење. После тоа нон стоп ми пишува на фб, се однесува сосем коректно со мене, му кажав дека го сакам и дека ќе се борам за него. Повторно добив ладен одговор НЕ ЗНАМ КОЛКУ ТИ Е ПАМЕТНО ТОА, НАЈУБАВО КЕ ТИ БИДЕ ДА МЕ ЗАОРАВИШ, УБАВА СИ, ПАМЕТНА СИ ЌЕ ДОЈДЕ НЕКОЈ ДРУГ ВО ТВОЈОТ ЖИВОТ... но јас не сакам да дојде друг јас го сакам него ;(
    Другарките ми зборат дека 100% има некоја друга (од тамо) што му го има завртено умот, а знае дека јас го сакам и дека би го чекала, па затоа сеа го прави ова!
    Од друга страна ој секогаш ми го спомнува тоа НИКОГАШ НЕ СЕ ЗНАЕ, МОЖЕБИ ПАК КЕ СМЕ ЗАЕДНО, АКО МЕНЕ МИ СЕ ВРАТАТ ЧУВСТВАТА ЌЕ ТЕ ПОБАРАМ ВЕРУВАЈ МИ, И САМ ЗНАМ ДЕКА СИ СОВРШЕНА ЗА МЕНЕ, АМА ЕДНОСТАВНО СЕА САКАМ ДА СУМ СЛОБОДЕН ДА ГО ИЗЖИВЕАМ ЖИВОТОТ ДО МАКСИМУМ.
    Не знам веќе како да го толкувам ова... кога и да сум на фб ми пишува, пробувам да го игнорирам ама верувајте ми посилно е од мене и не можам да не му вратам на пишаното јас!
    Што да правам? Ве молам посоветувајте ме. Не сакам да го изгубам целосно! Како да му зафалам? како да направам да ме побара? стварно премногу го сакам ;( ;(
    п.с извинете на долгиот пост само сакав убаво да ви ја претставам сликата за мојот проблем
     
  12. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.364
    Допаѓања:
    5.310
    ако ги имаш годините колку што се на твојот профил би играла вака дечкото ок и јас сметам дека има друга те боли тоа или не, реалноста може да биде таа, а и да не е може ете се презаситил сака малку луфтирање или фатил ново друштво. на тоа дека ќе бидете повторно некогаш заедно јас не би се надевала па незнам кој и да е колку и да го сакам после тоа што ти го направил, би тргнала уште истата вечер на журкање и пикирање на типци. Зошто тој да се журка а ти да плачеш, за таков не е вредна ни една падната солза. Па и во лици ти кажал не те сакам. Што сакаш повеќе од тоа да ти нацрта ли. Има само два начина да останеш горда да го блокираш од фб и сите контакти и во боље живот нова страна нова среќа млада си, или да го оставиш и да постираш слики од журки на кој стварно ќе бидеш топ и ќе докажеш дека за тебе е мртов. Бар за мене ваква особа би била мртва и не би сакала да ја видам. Така да главата горе и не вреди ниту една солза за вакво нечуствително човече
     
    На Peperutka90 и Jojoba им се допаѓа ова.
  13. fragolina

    fragolina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    13
    Типов ти кажал дека не те сака соочи се со тоа и пробај да го прифатш тоа би било најдобро за тебе иако гледам дека и најтешко би било да го направиш тоа но на некој начин мораш затоа што така ќе се заштитиш себеси од понатамошно патење,всушност, она што сакам да ти го кажам е да не се заглавуваш себеси ,во нешто што очигледно е завршено и му припаѓа на минатото, туку да си го отвориш патот и срцето за нови работи и нови луѓе во твојот живот се со цел да продолжиш понатаму.
    Знам дека си повредена ( тоа го знам од сопствено искуство) и дека сакаш на некој начин да се одмаздиш за невозвратената љубов но запамти дека најдобра одмазда е да се забавуваш колку можеш подобро и да си го исполниш времето со интересни ствари. Тоа е добро затоа што ќе му дадеш на знаење дека твојот живот продолжува понатаму супер да функционира и без него. Е кога ќе го сфати тоа многу е веројатно да посака да ти се врати (затоа што машките ги привлекуваат женски со самодоверба),а тогаш ти ќе бидеш таа што ќе одлучи дали ќе му дозволиш да се врати. Затоа што така забавувајќи се ќе запознаеш и привлечеш и други машки па можеби за него тогаш ќе биде касно. Но се ова останува на времето да ти го покаже и затоа не го троши залудно за некој кој вика дека не те сака после толку време поминато со тебе,значи тоа е некој кој и не заслужува да биде со тебе . Поздрав

    Ах да и ова сакав да ти го кажам - тоа што ти вика дека можеби некогаш пак ке бидете заедно, пази, можеби сака вратата да си ја остави отворена во случај да посака да ти се врати,односно пак ако сака да влезе низ неа
     
  14. dzenita

    dzenita Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    vremeto leci se vremoto e lek za sekoja rana ako te saka ke ti se vrati so placejne nisto ne postignuvas zastani na noze so krenata glava i so mene se sluci istoto no za zal nie ne sme poveke zaedno dolgite vrski ne se uspesni
    se ke bide vo red
     
  15. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626

    те разбирам дека сега те боли, дека го сакаш и дека сакаш само да си со него.....ПОТПОЛНО те разбирам....А сега пак јас да ти кажам што ќе се случи....Ќе седиш дома, ќе се сожалуваш, нема да можеш да спиеш, ќе дремеш по цел ден на фб,скајп,мсн се со цел само за да го видиш, нема да можеш да завршуваш обврски секојдневни, се што ќе сакаш е само да останеш дома и да се сожалуваш и ДА СЕ НАДЕВАШ ДЕКА ПАК ЌЕ БИДЕТЕ ЗАЕДНО!!!!!!!! И така ќе си минува време, он ќе си свирка, ќе ужива а ти ќе седиш дома ќе се сожалуваш и ќе чекаш он да ти пише или да ти се јави.....Епа ќе дојде момент кога ќе сфатиш дека НЕМА ДА БИДЕТЕ ЗАЕДНО!!!! Е тоа е оној момент кога ќе почнеш да го мразиш за се што ти се случува, а тоа истовремено ќе е и тој момент кога ќе го преболиш и што е најсмешно, нема да можеш да го смислиш !!! Од тој момент натака, да ти се јави тој да се смирите, јас мислам дека ќе му речеш да оди во П.М. Како го знам ова? - ИСКУСТВО....Верувај дека не си една и единствена што има поминато низ ваков период....Кога и да е сите поминуваат низ вакво искуство порано или покасно....Од ТЕБЕ зависи колку побрзо сакаш да го пребродиш ова !!! Од никој друг....Од тебе зависи кога ќе престанеш да се сожалуваш и да го избришеш од животот......Ако сакаш да преземеш нешто во свои раце, прво нешто што треба да напраиш е блокирање од фб,скајп, мсн И БРИШЕЊЕ ОД СЕКАДЕ!!!!!!!! Да неможеш да дојдеш во контакт со него !!!! Од телефон - ОБАВЕЗНО !!! Пораки од него - БРИШИ АВТОМАТСКИ!!!!!!!!!!! А ако он ти се јави да се смирите - треба да бидеш таа што се цени самата себе и да му кажеш дека може да шета и дека ќе цениш ако не те контактира веќе !!!!!!!

    Сите ти даваат добри совети и што треба да правиш, од тебе зависи дали ќе примениш нешто од тоа


    гуд лак
     
    На srcekrsacka, savana, Barbie-lovee и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    главата горе..........се ке биде ок а кога ке сака он да се смирите размисли убаво дали сакаш...
     
  17. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Јас мислам дека човекот се убаво ти кажал, коректно е сега сакајќи да не те откачи на груб начин несвесно ти дава надеж...Не се најдевај дека ќе се смирите, се можно но најпаметно ти е да си продолжиш понатаму, треба само време да помине и се ќе биде во ред...сите сме поминале низ такви ситуации. Позз
     
  18. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.988
    Допаѓања:
    1.087
    Мислам дека дечкото го одбрал најбезболниот начин за да ти раскине..
    Толку коректно постапил кон тебе..Убаво ти објаснил како стојат работите..
    Мислам дека треба да продолжиш понатаму да пробаш да го преболиш..Доколку го молиш да се смирите,може да го стори тоа,но можеби од сожалување кон тебе...
    Така да остави го малце..дај му простор,нека размисли..Доколку стварно сака да се смирите ќе те побара сам како што ти рекол..
    Најдобро е да си излегуваш извесен период со другарките,немора веднаш да најдеш негова замена..Дај си и ти малку време..и ќе почнеш да го забораваш...Остави работите сами да си се наредат...
    Поздрав и со среќа! :)
     
  19. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Знам дека е тешко, но остави го извесно време, излегувај си со другарките за да не мислиш на него постојано, иако ти сега мислиш дека е невозможно. Едноставно уживај во убавините што ти ги нуди животот, а не се малку. Тој бил коректен, ти раскинал на "безболен" начин ако може така да се каже. Можно е да се појавила некоја друга во неговиот живот, или пак само сака да биде слободен. Што и да е причината, крени ја главата, не се затворај дома, тоа што е твое ќе си дојде.
     
  20. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Потполно те разбирам.Пред неколку години и јас бев во слична ситуација како твојава (освен што не одевме толку долго време како вие).Исто и нашиот однос, се олади, немаше време за мене,му имав кажано подобро да раскинеме, но ништо, тој беше рамнодушен. И еден ден самиот ми рече исто како и тебе дека е подобро да раскинеме, ќе останеме другари бла бла бла...Ми рече јас не те заслужувам , ке си најдеш некој што ќе те сака и почитува како што заслужуваш. ( И еве го најдов, господ ми го испрати кога ми беше најтешко, го имам покрај мене и многу сум среќна :inlove: )
    Сега кога ќе се сетам се чудам, се убивав од плачење, како цел свет да ми се сруши, мислев дека тој е еден и единствен. :x
    И мене исто другарките ми го велеа истото што и тебе дека можеби има друга, на крајот се испадна така како што велеа тие. Се мувал со некоја од таму(бидејќи во друг град беше на фах).
    Тој знаеше дека јас го сакам, дека сум затрескана по него, после извесно време пак ме побара, ме молеше пак да пробаме ( а уствари уште си се гледал, се мувал со таа) но за среќа издржав, не попуштив не паднав на неговите игри. Знаеше дека искрено го сакам, па сакаше малку забава, и на крај пак да ми се врати мене.
    Се надевам дека во твојов случај нема да биде како кај мене, но според ова што го прочитав мислам дека треба да се разделите некое време, биди силна,за твое добро. Нека оладат малку работите, верувај и тој и ти ќе сфатите што сакате. Остави не му покажувај дека во секое време си тука за него, дека може да те има кога ќе посака :!: Ако навистина му значиш и сака да биде со тебе верувај ќе те побара, се надевам ќе биде искрен и нема да сака авантура само за да си игра со тебе како што беше во мојот случај. Немој да се дробиш и да се нервираш, верувај се ке се среди ;)