Мене напротив ми се смири така косата o.O Ми беше бушава па ми ја изретчија и еве сега секој месец ја скратувам (метилот) и мнооогу ми е посмирена за разлика од пред 2 години. (но зависи...закој како...)
Мене последнава година некако многу ми се прекршува косата сега ми се стрижена рамна до кај рамнициве ми е и на врвовите ми се прекршува не знам од што можи да биди а пред две години исто така ми беше стрижена рамно до рамена па не ми се прекршуваше незнам можеби ми се ослабени или оштетени влакната па полесно се прекршува но освен со пеглање со друго ништо не ми се исправа
Мене ми се прекршуваше и кога не ми беше ретчена, отидов на фризер,да се шишам и и викам на фризерката да ми направи некоја фризура каде шо нема да ми се прекршува. Ме шишаше степен ! И Ми ја изретчи и сега уше толку ми се витка и едно 2 цм ми ја скрати... Трагедии па еве по форумов читам совети за растење на косата мислам ако ми е подолга нема да ми се приметува ако ми се крши на краевите, Кажете вие , мислење ,совет? пс, И некој совет за растење на косата...
прекршувањето на коса се случува поради врзување репче фризура со штипа итн. но и кај некои природно е да се прекрши или превиткува косата ова го прочитав од списание
девојки за да не ви се прекршува косата стрижете ја рамна скроз ! значи без степени без форми само рамна долу, а сепак мислам дека кај пократка коса повеќе се превиткуваат врвовите, поготово ако е во висина на рамената бидејќи не паѓа слободно надоле, едноставно се "потпира" на рамената. па затоа ако го имате овој проблем ви препорачувам да ја оставите косата да ви порасне и да ја изедначите во врвовите
Се прекршува ако е пресува, оштетена. Помагаат маски за лице, масла, за омекнување на косата, редовно шишање (рамно, не степени).
И јас го имам истиов проблем со прекршување на врвовите на косата.А имам прилично долга. Можеби дека ми е степенасто шишана.Порано имам рамна и не ми се прекршуваше.. А да се пеглам секој ден.. ќе ми се оштети.
Мене косата ми беше ептен права-танка, скроз. Си ја истрижив на фризер и ми ја напраеа изретчена и од тогаш почна да ми се прекршува. После почна да "расти" наназад поточно кажано се направи многу бујна и како пајажина е збувната. По некое време почнаја некои прамени да се виткаат (ретко има такви-надворешните и кркмите,а бебешките пуцвали ). Што не превзедов: шампони за оштетена, за ваква, за онаква коса, регенератори, спрејови за рашчешливање и шо не?! А иии брзо ми се заплеткува .Ве молам за помош. Благодарам однапред.
Девојки стварно ретчењето влијае врз прекршувањето на косата? Јас имам коса со средна должина имам малку степен и ми е ретчена на врвовите и постојано ми се прекршува. Ако не па ќе пробам без да ми ја ретчат и ќе ви кажам што ќе биде
Мојата ако не ја исушам со фен ми е многу прекршена како глуварче сум а сега лето не можам секој ден да ја пеглам и да ја дувам со фен жешко е
Мојата коса е ретчена и на степени под раменици.. значи затоа ми се многу прекршува.. а и истотака ми се многу разлетува..
косата се прекршува ако е ретка и мека и плус стрижена на степени значи тоа е катастрофа за косата јас имав мн.ретка коса тоа ми е наследно и плус на степени ми беше стижана пред неколку години косата ја убив од пеглање,и фризерот ми даде совет ако несакам да останам без коса да почнам да ја растам, и да си ја истрижам права така косата изгледа погусто потешка е и не се прекршува многу косата ја мијам ја фенирм 5мин.не ми треба многу и со пеглата ја фаќам малку на врвовите за 5мин пеглана ми еи права како праз,косата ја кратам редовно на врвовите само малку ситна работа колку да падни метилот и сега ми е порасната цела рамна до грдаите со се кркми треба време и одржавање се знај ама све вредеше, затоа и мој совет до сите косата да не се малтретира да се остај да порасни во летото да се одмори и д не се крати на степени повеќе тоа не е модерно а и зошто од бујна убава коса да ја ретчиш?неможам да ги сватам некои од готово вересија прават
ама друго е виткана другое прекршена коса сега да не мешаме баби и жаби во темата...Виткана коса се знае дека само со преса се исправува или некој ако има подлабок џеб сега да си оди на кератинското исправување на коса и права ке му биди 3 4 месеци,а прекршувањето на коса е друга работа и има некои методи да се спречи...
Кога косата е шишана степенасто многу повеќе се прекршува, посебно ако ја фати дожд, нема теорија да не се прекрши.