Можеби звучи чудно но за жал тоа се случува.Во врска сум 9 месеци а сум 15 години.Дечко ми е 17 се е во ред сега за сега .Во последните месеци не излегувам толку често со него за разлика од порано не се завртував да ги погледнам другарките но сега се смени повеке сум со другарките одколку со него.Ме бара на мобилен бара начин да се видиме а јас секогаш наогам изговор дека неможам да излезам. го сакам многу,но како да му кажам што се случува со нас ке го сване лошо и ке биде крај за нас
Речи му дека сакаш да пробате нешто ново.....дека врската ви е премногу монотона и ти е страв да не се презаситите еден од друг....Ако те сака сигурно ќе те разбере и ке направи се за да успее да те задржи покрај себе..
Леле па имаш само 15 Незнам што се занесувате вие, 15 и оп озбилна врска. Пред тебе се охооо уште многу врски. Сега е најубавиот период во твојот живот, треба да уживаш во него со другарки, а не да седиш дома затоа што имаш дечко! Ако ти е досадно-раскини му! Полесно здравје! Кажи ми ја вистината, дека изгаснала страста и сакаш да бидете одвоени неколку време, да видиш како е брз него. Или па ако несакаш да му раскинеш, охооо има безброј начини да ви биде интересно. Со тој што го сакаш, дури и 1 саат молчење нема да ти биде досадно, ќе уживаш покрај него. Да ти речам имајте секс-мала си ете зошто не ги сакам овие врски, па се разбира ќе ви биде досадно, освен за рачиња и лапање, фаќање, друго не ни правите. Да отидете на вечера-пак неможе. Играјте монопол? Да гледате филм, знам ќе речеш па нема каде. Е нема. Незнам навистина како да ти помогнам, ама на 15 години незнам што би правела со дечко кога неможеш дома да го одведеш, да излезеш со него после 10 во парк, или сл. Сепак ти си знаеш, мојот совет беше добронамерен, пиши што си направила
znam i samata sum svesna deka e rano za seriozna vrska za moite 15 godini no isto taka izbrzav so toa sto imavme i odnosi,poradi koe najmnogu se plasam Sto ke se sluci koga ke stavime kraj so nas.Super mi e dodeka sum so nego no dodeka se nateram da izlezam od doma so nego mi e mnogu tesko, a i ako veke izlezam so nego moram da gi lazam moite roditeli deka sum izlezena so drugarkite,ako me fatat nema da mozat da mi veruvaat ponatamu
Чекај да ти пребаам и ќе ти помине... Мене вчера ми се скрши нокт и ми се расцвета едно влакно од косата па не сум прашала ниту една феминка што да правам. Мислам треба ли да прашам дали е погодно во 3часот на пладне да пр*нам? Ми било здодевно и мене да се накенкам да излезам со дечко ми па не сум се пожалила, не е тоа проблем, период е, било и поминало. За се не какви глупости се нервирате. Де јас вакви проблеми да имав ќе бев пресреќна.
хахах штрумфетка јас мислам дека не ти се излегува поради стравот дека твоите родители ке дознаат каде одиш и што правиш а ти си свесна дека ако твоите дознаат ке мора да прекините, нели нема да ти дозволат. Па така ти не сакаш да излегуваш од страв - не сакаш да го изгубиш него, но не сакаш да ја изгубиш и довербата од родителите. И јас мислев дека е досада но сега веќе сваќам што било Не мора да значи дека ова се случува и кај тебе (така беше кај мене) и незнам што совет да ти дадам, кажа дека имате односи но некако не ми е нормално да ти речам ’’пробајте нешто ново’’ или ’’играј му стриптиз’’ на твои 15 години
Леле и односи сте имале машала! Па кога си свесна дека е рано за сериозна врска, зошто се впушташ во непотребна авантура? Незнам кај ви е паметот, и што се правите ама за односи е рано бе девојче. А и да ставиш ктај, ништо нема да се случи де. Кога ќе дојде ред за вистинскиот и кога ке бидеш повозрасна, ќе имаш пак. Не требало толку многу да избрзуваш, но тоа е нема назад. Акако мислиш се плашиш што ќе се случи Не те сватив овде, од што се плашиш? ќе ти се заканува, нешто страшно има? Нема од што да се плашиш, не е последен на светов. ќе видиш, ке дојде и друг многуу подобар од овој и нема да прашуваш вакви глупави прашања по форуми, го знам твоето размислување сега затоа што имаш само 15. Но верувај, луѓето имаат мнооогуу поголеми проблеми од тоа што им е досадно, така да ова твоето е ништо. Полесен преблем-здравје! Па нема ти да се тераш за да излезеш со него! треба кога ти се јави ни минута да не се мислиш. Не си ги запоставувај другарките, ќе ти требаат! Ако те фатат родителите велиш ќе изгубат доверба, апа ако дознаат за односите кои си ги имала? Ете уште една причина зошто да не бидеш со него, не си ја губи довербата во родителите уште толку мала, ќе ти треба знам од искуство. Се надевам ти помогнав со нешто од сето ова што го изнапишав
Извини вака, на профил ти пишува дека си родена 1993, корисничко име ти е katence1993, а велиш дека си 15 год. нешто тука не штима
Извини Штрумфетке ама морам да прокоментирам, ако не можеш да дадеш соодветен коментар и одговор на нејзиниот проблем немој ни да коментираш...таа на 15 едни проблеми, ти на 17 год. други, замисли ги тогаш моите на 29 год. па ништо не промрчувам...ако немаш одговор скролни ја, не ја отворај темата, читај друго нешто...стварно се нервирам кога гледам дека веќе немате трпение за ништо, и дека се надмудрувате. Ти се обраќам директно, затоа што во темата Што ми смета кај одредени форумџики една од нас бараше посочување, па еве те посочувам токму на овој коментар...Ова не значи дека имам нешто против тебе, само ми смета овој твој пост. Инаку Катенце 1993, ако повеќе не го сакаш дечкото, ако не сакаш да бидеш со него, без разлика дали си имала или не односи со него (иако сметам дека рано сте почнале) раскини му... Сметам дека на твоја возраст не треба да имаш озбилна врска, премногу е рано и малечка си(освен ако во брзо време не планираш брак), уште си средно, а каде се студиите, дали мислиш дека би можела вашата врска и љубов да опстане и во текот на тие години... Ако одговорот е да, ако имате само мала криза не раскинувајте, но ако навистина не се гледаш во иднина со него и ако остануваш со него само заради тоа што сте имале односи, нема потреба и понатаму да сте заедно. Колку што разбрав твоите не знаат за него и би можела да ја загубиш нивната доверба, еве јас те советувам ако сепак решиш да останеш со него, кажи и барем на мајка ти, барем таа нека знае дека имаш дечко, сигурно не е толку старомодна па ќе ти брани да имаш дечко, и да си знаеш мајка како мајка ќе те потпрашува, кој е, каков е, каде одите, ќе ти ги прислушкува разговорите, може и моб. ќе ти го чепка, знам дека ќе си мислиш леле ама замара, ама тоа и е работа Ретки се тие мајки кои не се интересираат за своите деца, или пак само глумат незаинтересираност за да бидат кул мамички Со оглед на тоа дека имаш само 15 год. би ти рекла во иднина немој туку така да имаш односи, размисли си убаво, немој да се водиш само од потребата, желбата за секс и моменталната страст. Поздравче
Како и да е.... Ако на овие години ја имате онаа македонска врска - маж и жена, па нормално дека ќе ви биде досадно. Опуштете се, па алооо, не мора да сте врзани уште сега. Сакајте се вие пак, бидете си заедно, ама малку поопуштено.
Да во последно време, може намерно се такви проблемите, може намерно подбуцнуваат како што беше случајот со драгана свит, а може и не. Тоа е проблемот, веќе не веруваме дури и тогаш кога некој има проблем...Затоа поарно е да не коментираме отколку да подбуцнуваме. Ова не е надмудрување???
Навистина си многу млада, а веќе ти се здосадило со дечкото, јас би ти препорачала почесто да излегуваш, да се дружиш со дргарките па и дечкото вметниго во тоа друштво може ќе ви биде забавно и по интересно или пак разговарај со него икао си млада да се врзуваш од сега за некого. Прерано се впуштате во врска и нормално до 18 години се ќе ти се здосади и се ќе ти биде пробано па после ништо нема да ти е интересни и ќе седиш со мајакати дома, ова ти го кажувам како совет и од искуство на многу мои пријателки кои сега седат дома и не се мажени не сакам да ме сватиш погрешно или да ти изигравам мајака туку ти давам совет успори со темпото во кое живееш.
Јас сум во СЛИЧНА ситуација. Разликата е што го сакам и не сме имале односи.Имам 17 години а идеме 11 месеци. Незнам дали ми е досадно. Сакам да раскинеме ама он да биде крив за подоцна ако се каам што сум ја прекинала врската да си речам : "он беше крив што така ми направи!" Но има уште нешто. Досега не сретнав некоја добра другарка.. Се плашам ако напраи нешто за да раскинеме дека ке останам сама Незнам што да праавааааам. Очекувам да побудалам Помош или така нешо ? П.С- си го кажав тука проблемот за дане отварам нова тема за слична работа
Незнам каков совет би можел некој да ти даде на ова што го бараш... Мислам дека треба малце да размислиш што сакаш , дали го сакаш дечкото или не а не да размислуваш како да го наместиш он да биде крив за раскинување па после да можеш да му се вратиш ..
Ако ти е досадно со него, излегувај си почесто со другарките, запознавај нови луѓе... Не си врзана за него. Ти треба да си решиш што сакаш да правиш понатаму во таа врска, дали и како сакаш да продолжите. Ако треба и разговарај со него, па заедно решете. Сепак си многу млада, а и во сите долги врски се појавува монотонија.
Здраво!! Јас имам дечко со кој сум неколку месеци во врска. Излегуваме секој ден надвор, шетаме низ парковите, се муваме секогаш кога ќе се видеме, понекогаш одеме и во мојата дискотека !! Но проблемот е друг... Момчето со кој сум во врска има многу убав карактер, никогаш не ме излеверил. Секој пат кога ќе излеземе некаде ми купува нешто... Се е ОК но... ми стана досадно со него. Пред 1 недела се мував тајно со неговиот најдобар пријател... Сакам да му кажам да раскинеме но не знам како ... Мислам дека ќе го повредам..... ПОМОШ ВЕ МОЛАМ !!