Тие bvlgari ми се ептен бренд рекламирање Изгравирано бе. Уствари го пишува. Инаку моделите не им се лоши. Денес прошетав пак , си бендисав ланче од горнонадените , ништо посебно онака ми фати око. Запази 58 000 денари Премногу ! Веќе се решив за друга огрлица и белегзија во комплет со обетки, вереничкиот и бурмата ќе чинат околу 50 000. Страшно ама вистинито е дека за мажот ми ќе чини многу повеќе ама тоа е што е. Еднаш се купува. Мислам дека поевтино не наоѓам, барем за сега.
Стронгер - а зошто не тркнете до Прилеп (мислам дека си од Битола,ако не грешам)сигурно ќе најдеш нешто поевтино, а и не ти е далеку,имаш и избор и далеку поевтино е во споредба со Битола, од искуство ти кажувам.
Можеби затоа што целиот накит е бело злато толку не чини. Незнам колку и дали е поскапо од жолтото, веројатно е. Не ни прашав оти на себе да ставам такво нешто нема шанси, ни јас ни мажот ми. Размислував многу, ама баталив. Нека биде што ќе биде. Од огрлицата и белегзијата не се откажувам, за 29 000 ден се претерано раскошни. Не ме земајте за збор мислам дека толку чинеше. За другото ќе видиме, вети ќе ни даде попуст ако земеме се од кај него па размислувам така да направам. И онака не ми се шета од овде бурма од таму веренички.. Плус работите беа преубави, посебно бурмите. Ми се допадна тоа што машкиот и женскиот модел ни се поклопија со вкусовите на двајцата. Јас барав нешто измеѓу класика и современо и си најдов. Мојата има и кристали ( камења,штознам) и убаво ми лежи на рака, не ги шири прстите. Естетски се вклопува со вереничкиот, баш како што планирав да ги носам на иста рака испадна супер.
Ајде и јас да се умешам во муабетов.Незнам кога си купувала ти злато од Кичево,ама сега значи тотално цените на златото во Кичево се в таван дигнати.Ептен е оскапено златото навистина.Еден најтанок обично прстенче чини 100 евра.Абе ајде,јас ист таков малце подебел пред 3 години го купив 50 евра ама сега.Ужас е стварно. Едно обично ланче од тие ко синџирчиња што се чини 100 евра.Не го бидува. Што е многу,многу е.
Читајќи ви ги муабетие....дефинитивно вреди да си дојдете во Скопје и да си прошетате во стара чаршија.
Девојки еве една тема што ја најдов поназад во категоријава може ќе ви помогне Купување на бурми – од каде?
Кога сме веќе кај бурмите, низ чаршија сеуште немам гледано ни цени ни модели, но влегов денес во ГЦТ во Златарна Цеље и во Голдмак - Радовиш, и да ви кажам право позитивно сум изненадена затоа што имаа многу убави варијанти на онаа класичната бурма (таква сакам јас ) а имаа и од овие помодерниве...цените на класичните им се околу 6.400-7.000 ден по бурма што е навистина ок во споредба со цените од 250-300еур нагоре.
кога ние гледавме за злато бевме и до чаршија ама мене многу ми блештеа тие работи таму...многу кич имаше... но не во сите ..имаше и таму убавки ствари во 2 3 златари... сепак се решивме за голдамак ..цените му се ок и има преубави класични бурми...а за мене ланчето и обетките ги купив исто во гтц во златарската уличка во златара спроти голдмак...
Голдмак си е Голдмак, ние од таму ги нарачавме бурмите. Прво, златото е со одамна докажан квалитет, обетките што ги добив од свекрва ми за веридбата ми се испокривија цели од позади кај што се закопчуваат а ги плативме 5 500 од чаршија, слични имаше и во Голдмак 4 000, жива се изедов што не купив од таму! Има и класични како ние што сакавме и варијации на класични како и модерни бурми. Нашите чинат мојата 8 200 а неговата 8 400, жолто злато со две многу текни линии бело, да не речам невидливи, ама тешки се и анатомски изработени за да не се собира вода.
Како што кажав во темата за купување на бурми, златото во турска чаршија во Скопје е мешано со бакар, се познава, има црвеникава нијанса некоја, што не би требало да ја има чистото злато. Од таа причина може да бидат поевтини. Македонското злато (Голдмак) е со неоспорен квалитет. А оние Bvlgari - ич да не се лажете по тие копии, оригиналниот накит им е далеку поскап отколку оние безврска цени што им ги лупнале тука, демек оригинали се
Редактирано од модератор: Линкови, e-mail адреси и телефонски броеви испраќајте преку ЛП. Прочитајте ги правилата на форумот.
уф морам детално да ја разгледам темава , на лето свадбата веке ја закажавме паника ме фаќа уште од сега
^не паничи...едноставно уживај. Верувај дека што и да одбереш ќе биде прекрасно, и се ќе биде како што ќе си замислиш Кога некои успеале за месец дена да стокмат свадба, зошто не би можела и ти.
Зошто те фаќа паника? Кога ќе си ги разјасниш причините, ќе видиш каде ти се потенцијалните проблеми, ќе си ги средиш, и место за паника и проблеми немаааа!
Дека фаќа паника фаќа, да не се лажеме И џабе е сите што ти зборуваат да се смириш и слично кога не бидува Ја сфаќам Диана од причина што и мене толку време пред свадбата ме фати паника. Чувство на среќа, возбуда ама и паника. Не знам како да објаснам, нормално, секој различно го сфаќа самиот чин, некои не се замараат а некои како нас ќе ги фаќа паника. Али ќе видиш како повеќе ќе се приближува свадбата паниката ќе исчезнува. Барем така беше кај мене. А ептен се’ поминува кога ќе се погледнеш у огледало и ќе видиш колку си преубава, и едвај ќе чекаш да ти дојде мажето да те види како блескаш А па кога ќе ја слушнеш музката и како ечи зградата и маалото..... веќе се’ ќе биде заборавено. И после сфаќаш дека се’ било непотребно. Дианке, само опуштено, имаш време се’ да средиш, се’ ќе биде цаком паком. Форкооо ептен ситно.
останаа уште тие китенки бонбончиња да ги земам и да средам фризура нокти...ама се изнамачив да ви кажам...дека трудна,трчање на сите страни ама ај за убаво е. фала ви на честитките и што би се рекло по нашки и на ваша глава