1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Cokolatce95

    Cokolatce95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    131
    Маче 94 ... ти мора да си 2ра средно, прв пат си фатила дечко и те интересира дали постои можност да си со него засекогаш :rofl: Поправи ме ако грешам :)
    Јас мислам да, може ! Ова нели било почесто во минатото, а во денешницава е навистина раритет, но сеуште постои. Се зависи од љубовта која ја чувствувате еден спрема друг.
    Ако навистина се сакате, си верувате еден на друг, се чувствувате убаво кога сте заедно, секој ден правите нови работи и истовремено се дружите и излегувате, односно си го живеете животот што му е потребен на секој тинејџер, НЕ гледам причина зошто да се разделите ! :)
     
  2. ma4e-94

    ma4e-94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    42
    па да чоколатце95....
    прв дечко ми е и постојано зборуваме дека ке бидеме заедно до крајот на животот!!! и само планираме...како ке е кога ке живееме заедно..итн.
    и многу пати ме имаат прашувано зошто сакам да сум со него толку ли не сакам да пробам со друг...можеби и подобро ке ми биде,дури и тој ме има прашано дали сакам да идам со друг ама јас на сите им велев дека се сакаме и дека со него ми е убаво и најважно знам дека ме сака.

    и затоа прашав дали постои можност да бидам само со него и дали тоа може да биде вистинито???

    фала многу а да слушнам и други размислувања!!! :* :* :*
     
  3. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.080
    Допаѓања:
    6.747
    Пол:
    Женски

    Јас знам повеќе такви парови што се заедно од средно,ама сите се сега постари :) Јас вака ќе ти кажам: Ако си ти среќна со него,ако таа врска те исполнува и не ти се здосади и после неколку години јас велам дека ќе успее.Не се замарај толку,забавувај се и планирај си со дечкото,но немој многу за да не останеш разочарана подоцна.Не живеј во облаците,биди приземјена во врската и исчитај ја темава vrski/kolku-dolgo-moze-da-opstoi-edna-srednoskolska-vrska-t4567/
     
  4. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Маче 94, јас познавам пар кои се заедно од основно, сега се во брак и имаат детенце и се многу срекни заедно и уште вљубени, така да се случува и тоа, ама верувај толку ретко што многу мислат дека и не се случува воопшто.Значи реткост е, но не е невозмозно.Ако и твојот случај е таков,ти посакувам се најдобро.
     
  5. ma4e-94

    ma4e-94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    42
    добро фала... а и друго да додадам дека ние ретко се видуваме бидејки тој е на факс а јас сум средно но секој ден се слушаме на телефон и со саати зборуваме....и така минува времето и ни е убаво сега. јас си ја имам слободата и можам кога сакам да излегнам што сакам да правам мислам не да го изневерувам(а и не сум заинтересирана :)) да сум со другарките.да се забавувам... итн...
    секогаш кога сака да биде со неговите другари јас ми дозволувам и мислам дека добро функционираме бар засега и затоа прашав дали моземе да останеме заедно засекогаш!

    :*
     
  6. Simonna7

    Simonna7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    128
    Во секој случај - можно е :D . Само не се разочарувај и да се скарате некогаш (секако не ти посакувам додека ви е убаво - одете си) :*
     
  7. Incroyable

    Incroyable Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2011
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    31
    Да, верувам. Ако љубовта е голема можат да останат заедно цел живот. А и да не е, подоцна во иднина ако имаат деца тоа би требало да ги задржи заедно.

    Моите родители се пример. Татко ми и бил прв дечко на мајка ми, а мајка ми негова прва девојка од 17 години па до сега на скоро 50 години..

    А тоа дека девојката или момчето неможат да посакаат други, не верувам.
    Не викам дека ќе го изневерат партнерот или нешто слично, ама желба за да бидат со други личности секако дека има.
     
  8. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    ^ Ами сега ти од каде да знаеш дали ќе го сакаш до март месец, или тебе тој до јули, па да се оптеретуваш со вакви прашања :D
    Тоа си оди полека и спонтано, си минуваат деновите.... и ќе си видеш.
    За вакво нешто никој не може да ти каже, ствар на природата си е тоа 8)
     
  9. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Ми треба мислење, ако дечкото знае дека и има згрешено многу, и ако девојката му рече дека веќе и се смачило и дека е подобро да се прекине врската, а тој и рече знам дека те повредив и дека ти се смачи од мене, ако мислиш дека е најдобро така, да прекиниме! - Што тоа би значело??? Дали дечкото е незаинтересиран, или па несака повеќе да ја повредува! Ќе ве молам за мислење, затоа што се работи за многу блиска особа, а незнам како да ја посоветувам! :$ :$ :$
     
  10. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    премалку факти кажуваш за да советувам,дали стверно и е смачено од него, ако и е, тогаш што и е галје што значело тоа што и го рекол? Ако сака да се ослободи од него, зошто има потреба од анализирање?
     
    На Incroyable му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Incroyable

    Incroyable Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2011
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    31
    Мислам дека дава знак на незаинтересираност.. Тоај ако несака да ја повредува, немало ни да ја повредува. И ако таа веќе сака да ја прекине врската, неговата реакција би била зошто, извини, нема веќе... А не ок, ќе прекинеме..

    Може е обратно, но ова е моето мислење.
     
    На Scarlet88 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ma4e-94

    ma4e-94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    42

    не дека не е заинтересиран за неа можеби сфатил дека таа врска одамна е завршена и дека ако остане со нејзе, таа нема да е среќна и дека не заслужува некој како него и доволно била повредувана од негова страна и за да и врати за се добро со си поминале и вели да си најде некој кој ке ја направи срекна бидејки сите лоши моменти таа нема да ги заборави само ке се измачуваат и двајцата...и да се смени се и да престане да ја повредува и да се чуствува убаво во неговата прегратка сето тоа што го поминала ке ги победи сите убави моменти....
    мое мислење е најдобро е да почне да живее со насмевка и да заборави на сите тешки моменти и да го најде патот до среќата а тој (нејзиниот дечко)дефинитивно не е!! ;* ;* ;*
     
    На Scarlet88 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Тој и пиша дека не е доволно добар за неа, дека многу ја повредил, а тоа е најмногу за што се кае! И пиша дека многу ја сака, и мојата брачеда не издржа и сакаше да се смири со него! Му кажа дека ќе му даде уште една шанса, да се поправи тој во односот, но тој само и рече незнам, не сакам пак да те повредам! Денеска пак се слушнаа, и се договорија за 2 дена да се видат, да разговараат за ова, а кога брачедка ми го прашала дали планира да се смират, тој и рекол незнам, може ќе се смириме, а може и не! Сега ниту таа ниту јас незнам што му значеше ова?!!!!
    Сега уште повеќе е скршена.....јас незнам како да ја смирам, многу ми е жал за неа! ;( ;( ;(
     
  14. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.649
    Пол:
    Женски
    Јас најискрено не верувам во тоа дека машко би оставило девојка која му значи и ја сака, само за да не ја повреди повеќе. Незнам, некако без смисла ми е |( Или машките многу почнале да гледаат филмови или да прават филмови.
    Најискрено според мене, тоа е културно откачување, не сакам да те повредам, ти си предобра за мене бла, бла, бла... Да се барем малку поиновативни :puke:
     
    На Scarlet88 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    .... Или пак, вмешана е трета особа :^)
    Но сепак тој останува фин до крај, демек ти си предобра, не те заслужувам.... бла бла.... А уствари има некоја друга која е вмешана но не е истакната во ситуацијата :worried:

    Друго, бидејќи братучетка ти му раскинала, сепак тој како СИЛНО И ХРАБРО машко, останува на тоа демек сеедно, ако сакаш така, така нека биде.... демек не те молам, ако сакаш така....

    Илииии, евентуално, тој така изреагирал и и' рекол, со цел побрзо да се врати кај него (ете таа дури веднаш после неговиот разговор, решила да се врате кај него), но сепак тој не дозволува такво лесно враќање, пази ,,не дозволува,, , а на крај пак ќе бидат заедно.

    Најубаво ете да си поразговараат отворено, да видат што е најдобро, најпаметно, и да ги смират страстите доколку останат заедно.


    И да, гледам погоре е постирано како демек, тој навистина мисли може дека не е за неа, дека тој не е нејзината среќа..... Тргнете од себе, го сакате вашиот дечко премногу, правите убаво да ви е, се јавува некој проблем, кризен момент во врската.... Ќе го оставите ,,најдобронамерно,,? Демек вие не сте таа за него, вистинската, мислите дека друга повеќе ќе го усреќи, а смртно го сакате? :^)
    Сигурно не!
    Некој што го сакате, сигурно нема да го оставите така лесно, плус :!: да се потценувате самите себе дека тој е предобар за вас! Да, дааа, како не |(
    Вие нема да го направите тоа, а не па машко.

    Таквите изговори, според мене, ги објаснува погорните ситуации кои ги наведов.
    За друго нешто не ми текнува.
    Сигурно дечково не е симнат од небото, па да е толку хуман и добар, па да си ја посочи девојката да ја бара среќата на дрѕго место оти многу ја сака....
    Тоа само во шпанска серија од 384998 епизоди.
     
    На Scarlet88 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Ситуацијава стварно незнам премногу е комплицирана!
    А кога ќе помислам дека пред два дена тој и кажуваше колку многу ја сака, и оп наредното видување тој згреши и ја навреди девојката, според она што таа ми кажа дека не било намерно, но тој не ни помислил како би се осеќала таа и ете се таа се наљутила, и му се јавила дека веќе не може така и дека можеби е најдобро да се прекине се! А тој и кажа дека ако таа така мисли дека е најдобро, така нека биде! После тоа таа дојде кај мене, се жалеше на сето ова, и гледа дека тој не и враќа и дека е љут, и наредниот ден му пушта порака, во која пишуваше : зарем не те погоди ни малку ова што ти го реков (за прекинот), а тој и враќа: ти одлучи за тоа, а не јас, што ме мислиш ти мене, јас дете ли сум?! Според мое мислење тој беше љут! И после таа му кажа за тоа дека таа вечер многу ја навредил и дека била многу тажна, а на ова тој и кажа дека многу ја сака, и дека сега сфатил дека ја повредил многу, и дека е лош човек, дека за него таа е предобра, не го заслужувала! Но брачедка ми упорна сакаше да се смират, а тој и вика..знам дека пак ќе ми речеш да раскиниме, знам дека после некое време истово ќе го направиш! На поканата за да се видат, тој не ја одби, туку одма се договорија за два дена, да ги расчистат работите, ама па таа пак го праша што ќе биде, дали ќе се смират или не, а тој и одговори дека можи ќе се смириме, незнам!
     
  17. Emilly14

    Emilly14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    2
    уште лани на учебна година, при крајот еден мој соученик (трет брачед) ми ја разниша врската.
    Вака беше.. тој ден бев дежурна а тој излезе од училница и отиде кај шкафчето со креди и ме викна. јас мислев вика за да му дам креда и отидов. Но тој место да ми побара креда ме турна вѕид и се обиде да ме смува :swear: ;( Се бранев колку сто можев али пак, посилен е со да прам. Спискав и тропна врата. Се исплаши и побегна. По некое време тој го викна на дечко ми и како некој :angel: почна да измислува како јас сум пошла кај него јас сум му рекла и што уште не. јас не можев ни збор да изустам. Го сметав за брат а такво нешто ми направи само за да не ме гледа со друг. (знаеше дека не е можна наша врска па правеше се само за да не сум со друг). и дечко ми му поверува. ајде некако се смиривме тогаш. ама секога низ секоја караница ми го спомнува тоа. а не сваќа каква траума јас доживеам, кој страф, колку ми е тешко и ме боли за тоа. сега ми е страф од секое машко да не ми направи нешто слично. но дечко ми не верува. Цврсто убеден дека го изневерив. Ве молам дај те некој совет, како да му докажам дека сум во право ? ;(
     
  18. Springy

    Springy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    522
    Девојче а на твои 15 години да читнеш правопис.. стаф? :x
     
  19. Emilly14

    Emilly14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    2
    Мила јас тука пишав за да добијам совет во врска со проблемот а не во врска со правописот ;)
    а и .. СТАФ ? :^) :hai:
     
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.013
    Допаѓања:
    198.824
    Пол:
    Женски
    Мила, потруди се колку толку да пишуваш правилно, ако веќе пишуваш литературно. Девојката мислеше на страф - правилно се пишува страВ ;)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.