1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Младите во Македонија и по 30-тата живеат со родителите

Дискусија во 'Психологија' започната од Marick14, 26 јануари 2016.

  1. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.224
    Допаѓања:
    93.780
    Секој случај е индивидуален, доста е осетлива темава посебно на нашите простори, ама...
    Родителите уште децата кога ќе се родат тука (машките деца),најчесто ги заврзуваат за себе со папочна врвца со моментот кога уште детето непрогледано тие градат куќи на 100 спрата за сите таму да си живеат топтан среќно и весело. Можеби и од тука е тој тон на несериозност во однесувањето на младината овде во смисла на мислење за свој дом и самосталност, зошто нели испод чест е па на мама и на тате ако не направат наааа куќа толкава, плус комшиите ќе завидуваат|(.

    Еве јас имам бивши кој отворено си кажа дека тие сите фамилијарно дури и до завод отишле да се распрашаат за дефицит на струки во нашето место, па така и го одбрале неговиот факултет за да може да има поголеми шанси за работа кога ќе дипломира, оти па нели веќе мама и тате куќата ја изградиле и планот го направиле уште кога тој проодувал:fubar:. Така што, што ќе мисли тој кога веќе за него измислиле?
    Јас искрено не можев да си поверувам на ушите што слушам, значи до која крајност луѓето може да се забегани за да прават такви постапки како таа јас што ја опишав, ама ете... Ово је Балкан.

    И така, ние ќе им дадеме спрат, они ќе не гледаат, со снаата ќе си бркаме по гаќи, по ќеси, по фиоки... Кул - че! Милина!:rofl:
     
    Последна измена: 27 јануари 2016
    На Trnche, eloves, calliope и 11 други им се допаѓа ова.
  2. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Малку се оние млади во Македонија што онака од чиста мира (или само зашто сметаат дека се доволно зрели) ќе си се отселат од дома и ќе си живеат сами, а притоа целосно сами да се издржуваат. Да бидеме реални. Повеќето што живеат сами и под кирија се пред се' приморани на почетокот. Сакале-не сакале, кога одат во друг град да студираат ќе мораат да живеат сами, ама тоа не значи и дека ако живеат далеку од нивните дека се самостојни. Реткост е навистина да некој е независен и самостоен во вистинска смисла на зборот. Живеат сами, а секој викенд со торбите јадење не можат да се однесат од кај мама и тато. Така што, не секој што живее сам е самостоен. Повеќето од тие што во Скопје завршиле факултет, останале тука и живеат под кирија само зашто тука колку-толку можат повеќе да се снајдат, прва прилика и добра шанса за работа во нивниот град ќе си се вратат. Во тоа сум сигурна. Кирија не е трајно решение. Со чест на исклучоци, какви што знам, 100% свои луѓе и навистина самостојни и независни. Другото е ветар и магла. Сама живее, а уште нејзините и' праќаат пари за сметки. Гарантирам дека јас сум многу понезависна и посамостојна од многу кои живеат сами, а уште чекаат од нивните пари за кафе.

    Јас се' уште живеам со моите. Ќе излажам ако кажам дека не сакам да живеам сама. Сакам, ама гледам да го искористам тоа што го имам, зашто во Македонија нема нешто многу избор. Сме размислувале и со дечко ми да живееме сами. Многу пати зборено, ама како и да ги вртиш работите, пресметките се тие и ништо нема да добиеме со тоа. Ќе живееме сами, да, супер, ќе бидеме самостојни, и толку, ќе треба цело време да тапкаме во место. Парите ќе ни отидат за кирија, сметки, храна. Ништо друго не можеш да реализираш. Плановите кои што ги имаме ќе не можеме да ги оствариме зашто ќе немаме пари. Бираме да живееме сега со нашите, да не даваме пари за кирии, сите пари да ги користиме за нас и наш напредок, па после кога ќе се земеме да биде полесно и да можеме пристојно да живееме. Подобро сега да живеам со моите, а он со неговите, и паметно да ги користиме парите, отколку кога ќе се земеме да живееме сите на куп со неговите или моите, ама битно 3, 4, 5 години ние сами сме живееле, сме ги фрлиле парите по кирии.

    Не ми е срам да кажам дека три месеци си немаме купено ниту една блуза, а на кафе сме биле најмногу три пати. Сите пари ги вложуваме во нас. Помагаме дома и ниту денар не бараме. Купивме и заедничка кола. Да живеевме под кирија немаше шанси да оствариме ни 5% од ова сега што го имаме.

    Едноставно државата ни е таква и немаш многу избор. Најдобро е сите да си живееме сами и сами да си се издржуваме, без да бидеме терет на нашите родители ама тоа е премногу тешко. Трошоците за кирија, сметки и храна се преголеми, а платите премали. Јас сум за тоа да сите се трудат и работат. Небитно дали живеат сами или уште се кај родителите. После 18 веќе сите треба да работат, за почеток ако ништо друго сами да си плаќаат сметка за телефон и да си ги финансирааат кафињата и шопинзите, а подоцна со тек на време и полека да се осамостојуваат. Зрелоста најмногу доаѓа со работата.

    Фала Богу што имам разумни родители, хармонично семејство па имам мир дома и никој не ми се меша во ниту една одлука. Тоа е многу олеснително.
     
    На sparklie, Giovanna, eloves и 17 други им се допаѓа ова.
  3. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.358
    Пол:
    Женски
    Мене ова ми е еден од најголемите стравој во животот.
    И тоа не по 30тата, туку во наредните 2-3 години.
    Имам 21. Надежна сум. Дека некако ќе направам. Ќе заминам, ќе најдам можност, работа нешто нешто за да живеам барем една година сама!
    Морам да го искусам тоа.
    Едноставно ми е смрт помислата дека од овде дирек треба да се мажам и да живеам со некој друг.
    Иако знам дека е тешко бидејќи немам пари, и никој нема тука. Ем се нема пари ем некако чудно блиски сме со родителите повеќе од колку што треба.
    Мислам дека тој што има можност треба да се тргне. Без разлика дали во брак или не.
    Сон ми е да живеам сама во некое станче какво било со кучето мое сама.
    Имам голема желба и надеж дека набрзо за неколку години ќе бидам во можност да превземам таков чекор.
     
    На theowndemon и Nigredo Odor им се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.086
    Допаѓања:
    11.244
    Во право си за ова. Има и многу мрлзиви луѓе и луѓе што не ги ценат парите. Еве јас имам роднина која има солидна плата, работи 12 години и нема денар на страна, дури не и ни стигаат. Малку домаќински да трошеше, сега ќе имаше ако не повеќе барем 5000 евра на страна и да не може да купи куќа, стан, ќе и беа некоја сигурност за црни денови.
     
    На Marick14 и jacqueline.s им се допаѓа ова.
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.580
    Пол:
    Женски
    Мене ми е сосема сеедно до кога ќе живеам со родителите, но не и да зависам од нив. Ако сум човек што си застанал на свои нозе, самиот си заработува за себе, има иднина, партнер, тогаш на ми е проблем да живеам со нив и после 30.
     
  6. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Има млади кои живеат со родителите, ама ако се под ист кров, не значи дека не се самостојни. Само ете, нивното видување е дека подобро да им помагаат на родителите околу домашните обврски и подмирување на сметките, отколку да ги фрлаат парите на кирија. Освен тоа, има многу родители што се стечајни работници, технолошки вишок, земаат некоја минимална сума социјално, се занимаваат со земјоделие за колку-толку да извадат некој денар, па тука од голема помош доаѓаат платите на децата. Конкретно јас бев таква генерација, што кога почна транзицијата, на многу деца од моето одделение родителите им останаа без работа. Па знам како се снаоѓаа тогаш, а како функцинираат и денес.

    Од друга страна, има и млади кои живеат сами, ама немаат ни „с“ од самостојност. Бидејќи беа спомнати студентите во темава, јас еве имав колешки што кафичите и дискотеките во Скопје ги знаеја подобро од мене, а киријата им ја плаќаа родителите. После некое време студиите ги ставија во мирување, зашто испадна дека така не се учи факултет, ама небитно. Зборот ми беше дека иако живееја одделно од родителите, друг им ги плаќаше трошоците, а туѓите пари најлесно се трошат. Дури имав една колешка што и валканиот веш си го враќаше дома за викенд, не затоа што немала машина во станот, туку затоа што не знаела да ја пушти. Така што, не можам да кажам дека самостојноста во целост ја мерам преку тоа дали некој живее со родителите или не.

    Конкретно за темава би рекла - секој со своите можности. Многу од моиве другари и другарки веќе се во брак, така што знам колку е тешко да почнеш од нула за да имаш свој дом. Еве еден другар на пример, уште го исплаќа кредитот што го земал за да реновираат дома, зашто тогаш мајка му не била кредитоспособна. Ама ете во меѓувреме се ожени, па сега ќе треба да почека за да може да земе нов кредит и да го вложи во куќата што веќе почнаа да ја градат. Не е нималку лесно, особено кога враќаш пари вложени во дом каде не ни планираш да останеш.

    Така што, пак ќе речам - секој со своја приказна, секој со своја судбина. Не планирам никого да осудувам, секој си знае што е најдобро за него, ама не секој ги има истите животни прилики.
     
    Последна измена: 29 јануари 2016
    На Bezimenka90, calliope, Nausicaa и 14 други им се допаѓа ова.
  7. Grungie

    Grungie Популарен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2013
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    2.165
    Секој би сакал самостоен живот, но познавам многу млади невработени, или вработени но со минимали промања кои не се доволни за нормален самостоен живот, било да е под кирија или купување на сопствен стан... не е секогаш пресудна желбата - туку можностите за жал
     
    На Bezimenka90 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  8. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.251
    Допаѓања:
    124.592
    Не знам зошто во темава зборуваме за студенти, кога насловот е за млади над 30 години? Колку што знам, ретки се студентите на 30 години. Друга е темата за студенти во денешно време на инстатнт студирање да им требаат 12 години да завршат.

    Ова е тeмa за оние кои имаат над 30, а уште се врзани со папочната врвца со мама и тато, или пак, се вработени, имаат свои примања, ама наместо парите да ги трошат за кирија (50 евра плус сметки ако живеат со цимери), ги трошат за шминки, алишта, викенди, и сметаат дека со неколку кеси во фрижидер или пола сметка за вода, помагаат на домашните. Дечкото кој земал кредит за мајка му за стан во кој не планирал да живее, може сега комотно да и остави нејзе да земе кредит и да го покрие неговиот за да го ослободи од кредит. Ако сега е кредитоспособна, нели. И ако е така, многу е себично од мајка му, седи сине дома, трпи, не се жени, исплати кредитот, па оди кај сакаш.

    Верувам дека има здраво семејство, особено родители кои би сакале децата да им се самостојни, ама им е срам да кажат - ќерка ми живее со другарките.

    Особено не се согласувам со фактот дека живеат во соба со брат/сестра, во другата се мама и тато и биле самостојни. Кога мама готви, кога тато го пали ќумбето, а ти не можеш после забава да си дојдеш дома и да имаш секс со дечкото, не си самостоен. Кога ќе имаш своја соба, а цимерите си бараат рамноправна поделба на сметките, кога сам решаваш за јадењето и си правиш пресметка колку ќе потрошиш за град, колку за јадење и сметки, без сигурносте дека се ќе потрошиш а пак твоите ќе бидат тука да ти зготват, не си самостоен.
     
    На kikin, theowndemon, LollySky и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.086
    Допаѓања:
    11.244
    Значи самостоен си само кога имаш место за секс без да пречиш некому? Можат родителите да ти купат стан и да имаш место за секс, а при тоа да не си самостоен. Место да давам 50 евра за кирија при свој дом, ќе платам сметка дома цела, ќе купам намирници, ќе се шетам согласно можностите и ќе заштедам и што има тука лошо? Ова е Македонија со 30% невработеност и со плати од 200, 250, 300 евра и тоа не е некое богатство. Ако со овие примања ја пуштите повеќе чергата нема да ви стигнат. Што проповедате не ми е јасно. Обвинувате младите трошеле на шминки и облека и тоа е лошо ама после забава нема место за секс. А на забава како се оди? Во стари алишта и без шминка? Без скршен денар во џеб?
     
    На anuskaNESTLE, SexiLy и Artemission им се допаѓа ова.
  10. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    @Cka студентите ги спомнав баш поради она „од мојата 18та живеам сам/а“, како студент нели. Тоа не е живеење самостојно, кога ти студираш, може и заработуваш нешто ситно на страна, ама родителите ти помагаат. И не знам зошто секогаш заедничкото живеење со родителите го сфаќате толку клаустрофобично, делам соба, не можам да се сексам, и така натаму. Ако се под ист кров, не значи дека се туткаат во иста соба. Ако е за тоа, целосна приватност ни со цимерите нема да имаш. И не е секаде истата слика што ти си ја имаш замислено - мама готви, тато пали ќумбе, а јас се вадам со неколку кеси во фрижидер.

    Во однос на другар ми, мајка му сега не може да земе кредит, и да - себично е, ама тоа е неговата реалност. Не е секаде сјајно, не се секогаш младите улежани мрзи, туку некогаш се многу поспособни и од самите родители. Ама ете, заглавиле, па сега приморани се да живеат во заедница, барем некое време.
     
    На Deemy, SexiLy, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.
  11. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.882
    Допаѓања:
    19.087
    Пол:
    Женски
    Бога ми... и сите имаат лап топи од 500 евра, телефони од 300 евра, таблети од 150 евра и да не набројувам. Битно за тоа не сме сиромашни, а за да превземеме одговорност на плаќање сметки, и планирање на иднина, за тоа сме сите сиромашни. Македонска работа.
     
    На Trnche, kikin и Cka им се допаѓа ова.
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.251
    Допаѓања:
    124.592
    Не, самостоен си кога никој не ти кажува што и кога да правиш, кога не чекаш мама да ти уклучи бојлер и милион мали стиници кои ги учиш кога си сам. Прочитај и за другите работи пишав. Тоа што од цели 2 мои поста се фати за сексот, а не за другото, не значи дека и тоа е најмногу важно. Да, битно е. И да, самостоен си без разлика дали мама ти го купила станот, живееш одвоено од родителите. Има такви кои не одат во станот додека не се омажат/оженат. Немало кој да им готви. И да е станот од твоите, можеш да имаш цимери за да делите сметки. И јас со 200 евра плата сум живеела настрана од родителите, не само оти сум морала, туку и оти сум сакала. Воспитана сум да сум самостојна, мене никој, ни родител ни сопруг, ни свекрва може да ми каже што да правам, и како да си ги диплам гаќите. А на забава се оди и во евтина гардероба, не мора да се марка, барем јас не патам од тоа колку ми е скапа облеката за на забава. А за шминка веќе цел живот трошам годишно по 1000 денари.

    Јас пишав дека не можам назад кај моите, од причина што од 18 сум надвор од нивното живеалиште, не дека сум од тогаш самостојна. Само повеќе од 12 години не живеам со нив. Еден период тие ме издржуваа, нели додека студирав, на нивно барање, не на мое. Они не сакаа да ми дадат да работам, па морав да прифатам. Одамна имам пишувано за ова.

    За мене е клаустрофибично да живеам со моите во огромна куќа, не па во стан. А со цимери не ми е проблем, оти не се грижи никој кај сум и дали сум јадела и дали сум спиела. Правиш како сакаш, кога сакаш. Правилото е сам да чистиш зад себе, да не правиш галама по 12, и да плаќаш за сметки соодветно и навремено. Кај мама не е така. Особено ако уште мама ги пере гаќите на сите.

    Епа ако живее под кирија и сам си води сметка за јадење, нема телефони од 500 евра. Вака, ќе купи 2 кеси од рамстор, ама мама ќе го храни цел месец, а он од пустата плата од 200 евра ќе купи телефон од 500. И лаптоп, и таблет, и шопинг, и одмор, и викенд, и скијање. Ама самостојно отишол на викенд, нели. Со куферот мама што му го спрема пред одење.

    Секој сам си бира како ќе живее, како ќе ги троши своите пари. Некој одлучува трошоците кои ги прави да ги плаќа дома, а некој настрана. Јас знам за мене што сум правела и правам. Јас би се лишила од работи кои ги сакам, за да бидам самостојна, без да давам отчет зошто сум си дошла во 5 наутро, зошто работам до 8 навечер или било што друго. А и сите мои другарки, кој од 14 кој од 18 излегле од дома и останале надвор од домот на родителите. Можеби ги издржувале додека да се вработат, ама после тоа сами на себе останале.
     
    На jacqueline.s му/ѝ се допаѓа ова.
  13. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    @Cka јас не ја знам твојата приказна, во ситуацијава пишував општо за оние кои се фалат како од 18та живеат сами, а си го враќаат вешот дома на перење зашто не знаат машина да уклучат.
    Мене ме иритира тоа генерализирање на ваквите ситуации кога младите живеат со родителите, секогаш се етикетирани како неспособни, а не знаете какви сè судбини има по светов и со какви проблеми се соочуваат многу млади луѓе. Јас еве немам другари со телефони од 500 евра, може во погрешно друштво сум се нашла. Моиве другари се заглавени со кредити или работат на договор на определено време, година за година.

    Во однос на живеењето во родителскиот дом, би рекла дека многу зависи како работите се поставени во семејството. Јас еве не осеќам дека моите ми дишат у врат или дека морам да им давам отчет за тоа што правам или кога се враќам дома. Најчесто веќе се заспани кога ќе се вратам :D Секој си има свој простор за себе, така што не ми е трагично што живеам со нив под ист покрив, па да припаѓам во несвест.
    Од друга страна, и живеењето со цимери не е толку сјајно. Не секогаш налетуваш на луѓе што си чистат зад себе, или што плаќаат сметки и кирија на време. Па оди расправај се, моли се, или барај си нов стан.
     
    На Stories, anuskaNESTLE, Dennings и 15 други им се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.086
    Допаѓања:
    11.244
    Мене одамна не ме прашуваат кај одам, што правам. Самостојни не сме со 200 евра плата. Ќе фрлам пари за кирии, ќе барам цимери, а и цимери какви ќе најдеш. Има секакви цимери. И што сега ќе се иселам од дома, ќе глумам самостојност со цимери ( во помалите места под кирија живее тој што мора или парови, никој од ќеф не оди под кирија). И вика Чка со 200 евра ќе се откаже од некои работи за да биде самостојна. Со тие пари многу малку може да си приуштиш не па да скратуваш и која е таа самостојност со 200 евра. Самостоен е некој што си работел во странство, си има свој дом, си има пари настрана, а со 200 евра кога се стегаш тоа не е самостојност. Треба да си будала со тие приходи да одиш под кирија и да си ги фрлаш парите по кирии, освен ако си провинцијалец па мораш да живееш во ск.
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.251
    Допаѓања:
    124.592
    Јас само би ви порачала да пробате да живеете сами, па да видиме дали исто ќе размислувате. Цел живот со родители е веќе навика, па тешко е да се искорени. Со 200 евра е живеење на свој трошок, не луксузирање. Ако сакате ќе споделам искуства како се живее со 200 евра без родители :)

    Јас не се сеќавам моите да ми сметале дома, ама навика ми е да сум сама со моите одлуки. Како и да е, ке повторам, мене приоритет ми е да сум самостојна во живеењето, на некој друго му е приоритет. Сами решаваме што и како.

    Знам една девојка која се жалеше колку и е тешко откако е мажена - типичен дечко кој живеел со мамичка, па не знае да пере, чисти, да готви, да среди по дома, и типична девојка која после работа јадела на готово, па шетала навечер. Кога виде што значи секој ден чистење, перење, готвење после работа, не само за себе туку и за уште еден кој кенка како мама готвела а оваа не знаела, идеше на работа и плачеше. За да не се разведат, свекрвата дојде да се грижи за нив, оти беа комплет неспособни. После свекрвата не чинеше, ама нели...
     
    На toogood и jacqueline.s им се допаѓа ова.
  16. Lotus-14

    Lotus-14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    663
    Пол:
    Женски
    Реално гледано не живееме во Америка за да имаме одма финансии со кои ќе можеме целосно да се осамосталиме од родителите, треба само помирување со фактот дека овде тоа осамосталување ќе се пролонгира или пак можеби и целосно да не се случи никогаш. Алал да им е на оние кои слободно можат да потенцираат јас сум самостален можам сам да се издржувам, верувам постојат. Познавам многу кои и по 30та живеат со своите родители и негледам ништо лошо во тоа. Постои и групација кои воопшто не размислуваат што понатаму.
    Но тргам од себе во случајов со просечна плата во Македонија од 200 евра која сеуште ја немам во рацеве и месечните ниски примања на моето семејство автоматски добивам заклучок дека не ни сакам да се осамосталам бидејќи треба и на нив да им помогнам. Ограниченоста е клучен фактор за финансиите овде.
    Осамосталувањето од типот да знам сама да се грижам за себе, домашните работи, исфлеканата блуза или тоа што ќе јадам денес е оддамна решен проблем кај мене како личност. Ме нервираат личности кој се чекаат мама да им принесе, лично не ги рабзирам исто и оние кои и последната пара на родителите ќе им ја земат само за да бидат излезени на кафе, диско и слично.
    Сума сумарум се надевам на подобри денови. :):):)
     
    На eloves, ANGIE1, Tanjamm и 3 други им се допаѓа ова.
  17. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    Домашното воспитување игра и тоа каква голема улога врз нашите животи, па по дифолт ние "помладите" перцепираме врз истото, градиме карактер и завземаме став од сето тоа автоматско доживување на нашиот живот.

    Сметам и се согласувам со тоа дека од сам свој газда нема ништо подобро и поспокојно во еден живот, но нели, секој со своето.
    Не осудувам луѓе што решиле да живеат во заедница, крај краева секој си знае за себе и своите желби за лагодност, е сега, тоа што во нашата држава оваа желба е тешко остварлива е друга приказна за која што многу пати сме дискутирале.

    Точно дека човек кога живее сам има многу поразлични гледишта и желби, да се стои на цврсти нозе не е лесно а и е многу паметна одлука за еден поединец, во ваква ситуација веднаш работите ги гледаме од друг агол, имаме куп обврски и што е најважно вложуваме во себе си многу, но пак ќе кажам дека не сметам дека ако некој решил да живее во заедница бидејки така му е убаво би бил не паметен или пак не карактерен.
    Репер за квалитетност не е заедницата или одделеноста во никој случај, секој си знае за себе како му е најдобро и најпаметно.
     
    На VladeMila и eloves им се допаѓа ова.
  18. makgirl

    makgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2015
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    2.104
    Пол:
    Женски
    Секако дека повеќето од нас сакаме да имаме своја интима,да живееме сами и да бидеме независни но некогаш финансиските услови тоа не го дозволуваат сепак треба да се имаа и таа навика од времето кога си живеел со родителите за да знаеш секој денар точно да го употребиш што за струја,вода,храна,облека итн,Но сепак не можеме и да осудуваме некој кој живее со родители а има 30-40 години.Јас лично мислам дека после 23 години е некако најубаво да почнеш да се осамостујуваш веќе да знаеш како ќе биде кога утре ден ќе основаш свое семејство па макар живеел и со 200 евра иако можеби во нашава држава тоа е малку потешко сепак во живоот мора да бидеме спремни на се
     
    Последна измена: 29 јануари 2016
    На vitamina, JustFun и Cka им се допаѓа ова.
  19. littleflower

    littleflower Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    1.480
    Јас откако магистрирав, им кажав на моите дека сакам да живеам сама. Во моментот работев на место каде платата ми беше 150 евра, но им реков ќе барам цимерки и ќе се снаоѓам додека не добијам повисока плата. Моите ме седнаа и ми рекоа дека кога веќе сум од Скопје и имаме голем стан, да размислам колку е паметно да ги давам и онака премалкуте пари за кирија, сметки и слично кога имам целосна слобода и сопствен покрив над глава. Размислив, си реков ќе останам уште пола година, па ќе видам што понатаму. Како за беља, фирмата каде што работев пропадна, и месец-два останав без работа. Потоа се вработив со плата од 250 евра кои ни ги исплаќаа на секои 4-5 месеци. Со многумина други напуштив и таму, за да се вработам на трето место, каде што работам и сега за 200 евра плата. Работам и приватно, кога ќе фатам нешто, но тоа не е сигурно. И сето ова време, сфатив дека имајќи сопствен дом, ако се отселев, ќе направев голема грешка. Сите пари кои успеав да ги заштедам за овие 5 години, и кои ќе ми значи во иднина што сум ги заштедела, ќе ги имав дадено за кирија и сметки, попусто. Плус им се наоѓам на моите за многу работи, веќе се возрасни луѓе. Но, ова е само мојата ситуација, и се согласувам со сите кои што велат дека секој си знае сам како му е, и според тоа одлучува што ќе прави.
     
    На SexiLy, makgirl, julie77 и 7 други им се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.086
    Допаѓања:
    11.244
    Паметно. Јас не знам што запнале со тоа дека возрасен човек кој работи не знае јадење да си принесе, не знае да се испегла. Тој што работи веќе има создадено работни навики и ако не му е тешко да работи по 20 и повеќе денови за плата од 200 евра, најмал проблем е дека нема да се снајде да се испегла или јадење да си направи. И не знам која е поентата да седиш под кирија покрај свој дом со плата од 200 евра, да јадеш секој ден ѓеврек и јогурт, да живееш оскудно, а денар да не дадеш на твоите дома. Па подобро дома ќе давам на моите кои ме гледале и нешто ќе тргнам на страна , отколку да глумам самостојна под кирија, да плаќам за кирија на некое собче и кога ќе ме избркаат од работа денар да нема.

    Во мојот град под кирија живее тој што мора, а верувам дека е така и во другите помали градови. Познавав девојка која живееше под кирија затоа што е од сиромашно семејство од село. Тешка работа, мала плата, едвај плаќаа за по едно мало собче, и колку пати пред да земе плата грицчки јадеа за да заштедат или пола леб. и тоа ли е живот? А цимерката од дисфункционално семејство и таа маки тргаше. И правата се осамостои кога се омажи за постар дечко кој и пружи нормален живот, затоа што виде дека со живеење под кирија и кафето во кафиќ е луксуз.

    И да ви кажам многу сте нереални по темите, сите сте многу самостојни...
     
    На eloves, Bezimenka90, Artemission и 2 други им се допаѓа ова.