1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Младите во Македонија и по 30-тата живеат со родителите

Дискусија во 'Психологија' започната од Marick14, 26 јануари 2016.

  1. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    За да се стигне од сам до самостоен кое леб јадење треба...
    Лично, не си ја гледам иднината овде, па нема ни што да вложувам овде. Наместо тоа, работам на осамостојување некаде по светов - тргање пари настрана, заработка од сопствен труд/бизнис (не знам колку е бизнис, али ете, лично е), ширење контакти со луѓе по странство, разгледување опции за цимери, кирии, работа, кое, каде, колку, со кого...
    Кирија овде - не, фала. Имам фин дом и фина соба во која никој не ми се меша. Лупнале холивудска цена на соба со пропаднат таван и мебел од '53та што им останал по дома, па ти мисли му ја креветот да не ти се распадне или да барикадираш прозори што не се сменети откако е направена куќата/зградата за да ти е потопло во зима. Може подобро, ама за тоа подобро треба појака пара да се оддвои.
    Иако, да признаеме, има и такви стари што е подобро под мост да живееш отколку со нив во заедница.
    Покомплексно е кај нас. Владее синдром на заедница до 10то колено, сите во една куќа, ама па да имаш толкав спрат, а да бегаш под кирија...
    И така сите среќни.

    Овие као „полнолетен сум сега, сакам сам“ повише ми е пување отколку потреба за самостојност.
    Ако не знаеш газ да избришеш и „самостојниот“ дом ти смрди и е полн прашина, ѓубре и купишта неисперени алишта, не си ништо поразличен од паразитот што живее со своите.
    Бивш на другарка толкав стан има, па мама иде да му готви и пере.
    Колешкиве што се под кирија во Скопје, секој викенд влечат торби со алишта за да ги перат дома, па после од дома си носат и тегли и секакви канчиња со храна, за да ги вратат пак дома празни наредниот викенд, па секој ден проверка на картичка да не пратиле од дома некој денар (а доста работат).
    Една самостојност, до моега.
    Ако се родителите толкави крлежи што мора да се отселите за да дишете, е друг проблем.
    Таков родител и по Скајп врти и замара дали си јадел и кај си бил, иако си 7000км преку океан.
     
    На Trnche, anuskaNESTLE, ph.orhideja и 12 други им се допаѓа ова.
  2. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    На 30 години веќе ќе си живееш со дечко или маж. Немаш ни едно ни друго? Срамота :D
    Вие што сте од други градови, а сте дошле да студирате во Ск или Битола на пример па подоцна таму сте нашле работа, нормално дека ќе барате станови под кирија и ќе живеете со дечковци или цимерки, немате друг избор едноставно. Да сте од Кочани и таму добиете работа, ќе земете стан под кирија на 500 или 600 метри од куќата на родителите, и тоа со плата од 150 или 200 евра? За дисфункционални семејства не збориме.
    И да сакам да се делам, на 30 години доаѓа во предвид само живеење со маж/дечко за озбилно или сама. Со цимерки не фала, поголемо дете ќе се чувствувам така отколку со родителите да сум. Најмногу зависи од можностите, и кој како си го замислил животот.
    Пожелно е во секој случај ако се имаат можности не само за перење, готвење и слично, тоа се банални работи кои се учат брзо, нема тука филозофија, туку слободата и возбудата дека си се одделил од детската соба после 20 или 30 години и почнуваш нов живот.
     
    На anuskaNESTLE, bernadett, theowndemon и 10 други им се допаѓа ова.