Го користам тоа со манго, преубаво мириса и ми ја омекнува косата. По фенирање ми е совршена. Следно ќе го купам тоа со кокос.
И јас и двете од Балеа ги имам, ама искрено не знам кој е правилен начин на употреба. Маска ставам еднаш неделно, а млеко само кога ќе се сетам. На зима ужасна коса е благ збор. Што препорачувате? Колкава количина е доволна, колку често да се нанесува, на кој начин? Ми се допадна рутината на Дрим, дефинитивно ќе пробам така за почеток.
Ако не ја миеш косата секој ден, туку како мене преку два дена или некогаш ако успеам и три мислам дека можеш да ставаш после секое бањање, секако нема штета од овој производ, а и штити од топлина од фенот, па секако е корисен. За количината сама ќе забележиш колку ти е доволно, косата кога ќе ја допреш да ти личи хидрирана, мека... Самата забележувам дали сум ставила помалку, па ми треба уште...
Денес го купив ова со мирис на кокос, веднаш ја измив косата и го пробав и мислам дека конечно најдов нешто што ми помага за расчешлување А и мирисот е сон, само да трае повеќе од два-три саати Вака првично сум задоволна од производов.
Го користам тоа со кокос, и многу сум задоволна. Преубаво мириса и мека ја прави косата. Претходно користев само шампон, па ова супер ми дојде како за нешто плус. После миење косата ја завиткувам во крпа да ми постои, па потоа нанесувам од млекото, само на врвовите. Ради ова почнав да не ја чешлам косата пред сушење со фен (слушнав дека така повеќе се оштетува и посклона е на опаѓање) туку само после. 10/10 totally would recommend Следно одење во ДМ ќе си земам уште едно.
Ако ставате млеко не ставате претходно регенератор така? При крај ми е регенераторот, планирав да одам да земам, ама сега ме замисливте со млеково.
Јас и претходно регенератор ретко користев, сега не користам воопшто откако го имам млекото. Маска за коса само ставам еднаш неделно покрај овој производ и толку, друго за коса не користам моментално.
И јас го користам ова на Лореал, ама имам приметено дека ако ставам регенератор претходно побрзо ми се масти косата. Само со млеково ми е подобра. Обично ја фенирам секој пат и на крај излегува многу мазна и не личи многу оштетена, а пред некој ден не ја исфенирав ја оставив така само од млекото ставив и супер беше пак беше мека
I dvete mi odgovaraat. Imam mnogu suva kosa. Пред некој ден се фарбав и вчера го применив твојот метод на нанесување на млекото, со тоа што пробав и со него и со маска заедно. Сакав да видам дали ќе е премногу масна косата после тоа, особено после фарбање. Претходно ја измив косата, ја исцедив и ставив маска на лореал за фарбана коса, ја расчешлав и ја оставив да делува па ја измив. На исцедена и избришана коса со чешел ставив од млекото од кокос рамномерно, го избегнвав скалпот. Ефектот е супер. Помазна, посјајна, и пожива боја. Не е масна. Не ја омекна премногу, ваљда дека е фарбана и исушена, треба да повторам постапка пак неделава. @prominent дефинитивно лесно расчешлував, и тогаш и наредниот ден со минимално чешлање сум и еве си ја задржа формата.
Не знам точно, дечко ми ми го имаше купено ама во каталогот како што го имав гледано пред некое време околу 150-170денари е, повеќе од ова сигурно не е.
Јас дојдов да го пофалам ова од кокос од Балеа. И претходно ставав ама мала количина со страв да не ми ја измрси косата. После вашите пофалби пробав пак. Три пати имам ставено последователно, на мокра коса, само на долниот дел не и на коренот. Миризбата ми се задржува од едно до друго капење (на два-три дена) што е супер бидејќи ретко нешто трае, а посебно со загадениов воздух. И косата ми е мека како на бебенце и на допир, но и на изглед. Го препорачувам. Јас ги земав на акција и беа околу 120 денари.
Го барав тоа од манго ми рекоа нема, и не знаат дали некогаш ќе има. Инаку прв пат во живот нешто да ја освежи косава. Сува е и во други теми коментирав дека нема спас со се пробав. Ако имате сува коса пробајте. Јас го земав тоа со кокос и ставив и на врвовите и на коренот (мојата е многу сува) еве ја 6 ден немиена уште има свежина во неа не се крши од сувост, а што е најважно не ми го измрси скалпот.
Го нема тоа со манго веќе значи? Штета. А, баш деновиве сакав да си купам такво, сигурно и тоа имало убав мирис, сакав да го пробам.