Не го пробав него, сега и мене ми е криво. Јас по твоја препорака, те прочитав и излегов да го купам истиот ден
И ова млеко за коса е предобро. Дури би рекла дека за мојот тип на коса повеќе ми одговара ова отколку Балеа манго, зашто тоа иако ми се допаѓаше, беше малку претешко за мојата коса. Winter protect баш ми е погодено, косата е мека на врвовите и прекрасно мириса. По една пумпица ставам, некогаш и помалку. Само на врвовите, додека косата е сè уште влажна. Тоа со кокос од Балеа мислам дека го немам пробано досега, ама претпоставувам доста слично е со претходново што беше со манго, па мислам дека не пропуштам ништо.
Аха, јас сум слепец. Не знам како сум те прочитала дека маската од Стокомак е со авокадо и секое одење буљам ко ајван по рафтовине да најдам такво. Оваа ја користам и јас, супер е.
Го потрошив млекото за коса на балеа со кокос, па следи заклучок. По толку фалење од темава очекував да е lifechanging, ама освен што полесно се расчешлува косата, за мене лично ништо не направи, не ми беше сјајна ниту хидрирана косата. Инаку имам права коса и имам малку frizz, кој не се реши од млеково.
Истото искуство и за мојата сува коса не придонесе ова млеко ништо ни тоа од манго. Ок беше само за расчешлување. Исто маската од стокомак со арганово и кератин како да не сум ставила ништо
Маската од Стокомак ми ја мрси косата, не ми одговараше, а млеково за коса е одлично, веќе второ пакување користам.
Ама оваа нема масло од авокадо. @Emotional123 не си слепец. Затоа и јас побарав слика која е таа маска. Така си има напишано во последната реченица масло од авокадо. Затоа и гуглав и барав по рафтови и ништо. @buba4e89 што пари е таа со кавијар? И од каде да ја купам? Знам дека доста го имаш фалено и спрејчето од истата линија. И мирисот каков е?
Не сум Бубаче ама ќе одговорам https://www.bellina.mk/p/999/hair-e...etirana-i-oshtetena-kosa-150-ml?categories=68 Не знам дали во дм или во Космо ја има
Каде освен сити мол имаат продажно место? Никогаш не ме привлекувале производиве нивни да се заинтересирам.