1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Многудетни семејства во МК

Дискусија во 'Брак' започната од butterfly4, 17 март 2014.

  1. butterfly4

    butterfly4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2014
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    528
    http://www.srekja.mk/srekjno-makedonsko-semejestvo/

    Оваа тема да ја отворам ме поттикна ова Македонско семејство со 6 деца и како што сватив во него сега гледаајќи го на план се за уште едно во 2015 година,машала,нека им се живи и здрави сите.Вака навидум изгледаат среќно пред тв,убаво средени,децата сите посебни соби со најнови апарати од домаќинство,децата па и родителите убаво дотерани,навистина се нај нај,дај Боже се да им биде ко по книга.За мајката незнам дали се сеќавате ја имаше по сите вести кога беше вработувањето 1600 во Мак. шуми,иако во поодмината бременост ја вработија,а таткото како што разбрав работи како обезбедување и навистина им се чудам како успеваат само со една плата,а колкава може еве и најголемата ставка како обезбедување да изнесува,мене не ми е јасно од каде толку финансии за толку многу деца.И сето тоа само со една плата,а сега од скоро уште една нејзина.Па и плус да имаат да издвојат скромна сума(како што кажуваат во видеото)хуманитарна помош во детското село. :^)

    Како што спомнав погоре,нека им се живи и здрави,немам ништо против нив,нивни живот,само не ми е јасно како опстојуваат овие фамилии само со таа плата,јас и мм со две плати одвај ни стигнува до 1ви а не пак да имаме толку деца,незнам кај би ни бил крајот. :tmi:

    И што мислите вие дали би сакале толку многу деца кога би имале можности,јас искрено не би,бидејќи не се само финансиите во прашање,туку секое дете треба да има посебно внимание,а за тоа во ова брзо време,борба за егзистенција,за жал се помалку го има. :worried:

    Што мислите вие ???
     
  2. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Убаво е повеќе дечиња, но секако кој си има финансиска можност за нивно одгледување. Не е само да ги родеш, туку треба и да им обезбедеш иднина и добро и сигурно детство. Конкретно за ова семејство, стварно секоја чест, стојам на тоа дека децата се плод на љубов меѓу двајца. Што им фали, средени, облечени.
    Но, се згрозувам од такви случаи, или многудетни семејства, кои што се чудела колку да роди, па децата се мачат, одат голи, боси, питачат по улиците. Па бараат помош, кој ја терал толку да раѓа. жално за децата само.
     
  3. Lexus

    Lexus Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2013
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Секоја чест за семејството. Сакам многу деца, ама сепак мислам дека за денешни услови во беспарица, кризно време, незнаеш што те чека утре, нема услови за многудетно семејство. Јас не би се решила за повеќе од 2.
     
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.083
    Допаѓања:
    11.227
    Би сакала 2, евентуално и 3 ако имам услови. Инаку сега подоцна стапуваат младите во брак, егзистенција никаква, животниот век краток. Пријатно ме изненадуваат многудетни семејства македонски. Нели имаше во 2013 година првото бебе родено беше во 8 члено македонско семејство. Во Злетово жена роди 5 дете. Во Дојран гледав едни со 5 деца и тие само со плата и пензија. Не знам како успеваат, сигурно е тешко. Пред некој ден видов млада жена со 27 години која има и машко и женско, сега трудна со 3. Пријатно се изненадив, а луѓето со 2 плати живеат 7 члена. Секоја чест. Сакам повеќе македонски многудетни семејства. Политичарите и бизнисмените Македонци имаат услови за 4 - 5 деца без мака да чуваат, а тие имаат по 1 - 2. Позитивен пример ми е Живкица Ѓурчиновска - Каленикова. Иако се омажи на 35 год за 3 години, роди 2 сина и сега ќерка на пат. Браво за неа, ем кариера, ем среќен брак, ем 3 деца, ем убава, згодна...
     
  5. Troi

    Troi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2014
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    764
    Пол:
    Женски
    Јас никогаш не би се нафатила да раѓам 6 деца. Би родила 2-3 и толку, а ако толку многу некој сака деца сметам дека е подобро останатите да се посвојат, греота е, има толку многу родени и напуштени деца, па ако некој има услови за повеќе деца нека се погрижи за нив.
     
    На fighter му/ѝ се допаѓа ова.
  6. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.165
    Пол:
    Женски
    секое дете е дар од бог,а за пари ќе се најдат/заработат за се треба воља ако се сака се се може :clap: за многудетните семејства,инаку јас би сакала 3деца,а и повеќе не би ми пречеле,ама дали домашниот есап и оној на пазар ќе ми се совпаднат ќе видам,доживеам ;) .
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  7. butterfly4

    butterfly4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2014
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    528
    А нели е греота,ти така млада здрава,си родила 2,3 можеш и уште ама си се решила да посвојуваш,а некој неможе да има ниедно детенце,чека,се моли со години да го почустува тоа,мислите лесно е да се посвои бебенце,кои процедури се тоа,колку маки минат тие луѓе за да држат макар едно во своите раце.На јазик сите сме силни,ама реално не верувам дека тоа би го направила,поголема греота е тоа,а уште повеќе себичност. :!:
     
    На Glasna и rak11 им се допаѓа ова.
  8. rak11

    rak11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    77
    jas imam 3 kerkickite mi se bliznacki i since sakam uste edno da rodam
     
    На Tanjamm, butterfly4, mimiiiii и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.083
    Допаѓања:
    11.227
    Кој има услови зошто да не. Многу жени што сега се во 50 год и повеќе кога гледаат колку Албанци имаме во државата и како се котат си велат „еј па што ќе ми фали наместо 2 да имав 3“. Едно дете плус можеби не менува многу, само политичариве го дотераа народот до питачки стап и тешко се живее. Малку повеќе да мислам за народот добро би било, не би имале “бела чума“.
     
  10. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    4.755
    Допаѓања:
    137.553
    Пол:
    Женски
    убаво е да имаш повеке деца ама кога не би земала минималец од 8000ден.кој ми е пласиран и фален ко небаре 800евра е.кога нема да морам да избирам што ми е приоритет овој месец а што може или подобро мора да причека.кога можам да уживам со моето чедо а не нешто што е нормална потрба на друго место кај нас да е математика. во оваа држава не можеш во ништо да уживаш и потполно да се радуваш .
    да не бидам погрешно протолкувана не сум лакома и себична само сакам да ми се овозможени основните услови за одгледуванје деца.па потоа јас да се замислам дали ке родам 2,3 или5
     
    На butterfly4, Antula, Vetruska и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. sweet.woman

    sweet.woman Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.225
    Допаѓања:
    744
    додека се мали така и така ќе ги изгледаш ама порасна ли очна ли да терат тоса ми купи ова ми купи си требат повеќе пари. ама уште мали не треба да ги учиме на мн луксуз ама што да правиме сакаме да ги дотереме та да им купиме убави и скапи играчки де колички на акумулатор, матор, камион и тоа дете уште мало си тера.јас имам едно сега имам план за второ а за трето времето и ситуацијата ќе покаже.
     
  12. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.628
    Допаѓања:
    152.241
    ја гледав емисијатавреме е за бебе и баш оваа фамилија ја имаше ,да ми извините ама од една плата да раниш и облечеш 6деца е невозмозно башка сите средени дотерани дома средени спастрени свака и част рака и давам што родила и гледа 6деца ама за финансиите е невозможно со една плата па ако сака нека биде платата и незнам колку
     
    На butterfly4 и WORRIED.BT им се допаѓа ова.
  13. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    А што е себичност во случајов не сфаќам? Од каде поврзаноста на тие луѓе што не можат да имаат дечиња до тие што не сакаат да раѓаат толку деца и би посвоиле? Посвојувањето е убава работа, ако некој има волја и желба јас поддржувам да си посвои детенце, небитно дали може или не може да има свои деца. Деца за посвојување секогаш ќе има, за тоа да не се секирате. Не гледам ништо лошо ниту пак себично ако двајца брачни другари кои се добро ситуирани и кои си имаат свои деца, решат да си посвојат уште едно детенце. А и неможеш да кажеш дека некој е само силен на јазик, зашто не ја знаеш личноста од другата страна, можеби навистина има големо срце и желба за такво нешто.

    И, не сум 100% сигурна ама мислам дека секогаш во предност за посвојување се оние луѓе кои немаат свои деца, така што никој на никого ништо нема да му земе.

    -------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

    Што се однесува до темава, јас лично не би родила повеќе од три деца. Дури и три се многу ама ајде би идела на три само ако имам многу финансии. И цврсто стојам на тоа. Осудувајте ако сакате до утре ама тоа си е мојот став. Не сум јас машина за раѓање па ајде секое летенце детенце. Според мене, преку сила најмногу на три деца можеш квалитетно да се посветиш и да ги изградиш во правилни личности, повеќе од три не е возможно. Па треба да се воспитаат тие деца, треба да им се посвети внимание на секое дете поединечно, не се тука проблем само парите. И кога ќе ми каже некој "аааа па имаат пари, а само едно дете". И што? Ако некој има пари треба 15 деца да има? Можеби не сакаат зашто се зафатени, можеби неможат да имаат повеќе деца... можеби, можеби, можеби до утре може да се набројува... Јас не знам како се решаваат на 4, 5, 6 па и повеќе деца. Навистина не ми е јасно. Па не е само роди го бе луѓе. Па нели треба да се седне со тие деца, да се разговара, нели треба да се посветиш на секое дете поединечно, нели треба да се помогне со школо, нели треба да се воспитуваат тие деца, не е само пари да се има. И еве ќе имам пари, ќе родам 10 деца, давај им секој ден само пари и не те интересира ништо, па утре ќе тргнат по триста луди патишта. Ама битно 10 деца има човекот. Треба да се воспитаат тие деца, а ти да воспиташ 10 деца дома треба да си супермен, во друг случај не е возможно, тврдам.

    А да не збориме па за финансиите, тие ги ставам на второ место ама не се помалку битни. Само роди, а утре што ќе немам едни смоки да купам тоа не е битно. Има кај мене во населба една фамилија таква, 15 деца се. Знаете како живеат тие деца? Испарталавени одат, боси, гладни, жедни. А не дека нивните не работат, работат ама колку и да работиш со 15 деца ќе банкротираш. Многу подруга ќе била ситуацијата да имале само две деца. Колку, толку многу понормално ќе живееле и колку, толку повеќе ќе можеле да им пружат на тие деца. А да не збориме па колку се воспитани тие деца. Па после ќе имаме криминал, исфрустрирани луѓе итн...

    Мене лично таквите луѓе ми се уште како во првобитна заедница да живеат, само нагонот за размножување им работи, ништо друго, без мозок.

    И не споредувајте со албанците, и тие веќе не се како порано, најмногу по 3, 4 деца имаат. Јас во последниве неколку години не сум сретнала албанско семејство што има 15 деца.
     
    На CameliaMiller, andromedae, Troi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. butterfly4

    butterfly4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2014
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    528
    Што е себичност? |( .Убаво ти пишува погоре,прочитај уште еднаш,во една реченица е објаснето која е поентата,а ако некој си го тумачи како му одговара,тоа е друго веќе. :!:
     
  15. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Се додека платите на работниците се движат до максимум 250 евра месечно, и на високо образовани лица плата им е 20 000 денари цел живот, нека бидат среќни што и едно,две деца има во семејството и родителите цел живот се жртвуваат за еден полупристоен живот да им овозможат.

    Не е секогаш се до парите и јас цел живот тоа им го зборам на многу луѓе ама сметката во маркет/банка не се плаќа со љубов за жал.

    Од тие 6 деца пример 4 ќе сакаат да одат на факултет, еве и да влезат во државна квота тоа се 800 евра годишно само за школарина. Каде се книгите кои чинат многу, и фотокопии за сите 4 деца па чинат пари.
    Претходното образование еве ни е бесплатно и книгите ги даваат на регрес ама каде се 6 пара коплети тетратки, и цели комлети за школување.
    Екскурзии, патувања, излегувања, кина, тетри, курсеви настрана во пресметките.

    Со нашите стандарди треба сме задоволни што можеме како така 2 деца да си дозволиме.
    Зашто реално многу семејства во Македонија само живуркаат, не живеат а само едно до две деца имаат.
     
    На MacenceEna, SparkyAngel, Tanjamm и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.890
    Пол:
    Женски
    Порано имало доста мнногу вакви семјества,сега нема баш.
    Прабаба ми да дедо ми по мајка ми,мајка родила 10 деца. :clap: :clap: Меѓутоа едно на десетина години починало,друго по неколку месеци,а трето после неколку часа :( . Па од 10 ,7 живееле по долго ;) . Сега само 3 од сите нив се живи. :( :) .
    А другата прабаба родила 9 деца,исто 7 подолго живееле,едно починало по неколку месеци,а првата ќерка(второто дете во семејството) на 14 год. починала. ;( ;( .
    Сега од нив 6 се живи [​IMG] [​IMG] .

    И затоа сега втори брачеди имам над 50 и само половина од нив знам. Со 10 сум во почест контакт :)

    А инаку денес,со денешниот стил на живот,денешните плати,зголемениот стрес.Повеќе детното семејсвто би било цреша на тортата од грижи,стрес,ова-она..
    Иако кога ќе станиме баби кога во куќи ќе ни се шетаат многу мали деца ќе летаме од радост и душата ќе ни биде полна. Во суштина повеќето убави страни ја полнат душата,другите го празнат новчаникот или кредитните. [​IMG]
    Јас сум до 4 деца, повеќе не!Не сум како мојте прабаби [​IMG]
     
  17. Troi

    Troi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2014
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    764
    Пол:
    Женски
    Само еднаш иди да ги посетиш домовите низ Македонија и после ќе правиме муабет.

    За жал во светот секогаш ќе има повеќе деца во дом отколку родители кои што сакаат да ги посвојат тие деца, а да не го заборавиме фактот што има луѓе кои не можат да имаат деца, меѓутоа не ни сакаат да помислат на тоа да одгледуваат дете што не е нивно и не го родиле (лично јас познавам еден таков пар).

    Мојата тетка има едно родено и едно посвоено дете. И двете се денес среќни и здрави деца со убаво детство, така што јас не гледам ништо лошо тука. А и верувам дека да стануваше збор за конкуренција со закон ќе им беше забрането на родители што веќе имаат деца да посвојуваат други деца, меѓутоа нема такво нешто, законот сепак ги налага само условите кои треба да се исполнуваат за да може едно дете да има нормално детство.

    Мене сепак твоево ми изгледа на повеќе себичност, но и како што веќе ти кажаа погоре, ова е форум и ти лично не ме познаваш и не знаеш ништо за мене, а со оглед на фактот што сум поприлично нова на форумов и немам многу мислења не можеш ни да донесеш заклучок за мене дури ни од моите мислења на форумов, така што твоево е повеќе силина на јазик отколку моево :hai: .
     
    На andromedae му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.750
    Допаѓања:
    60.976
    И јас ја гледав емисијата на МТВ за Весна и Влајко Билбиловски од Гостивар и за нивните 6 деца. Ме воодушевија!!! :) Ретки се семејствата во нашава земја кои што би се осмелиле да го следат нивниот пример!!!
    Невработеноста, ниските примања, немањето сопствен дом се причините што не им дозволуваат на голем број луѓе во Македонија да се решат за поголемо семејство. Но, има и такви кои што несакаат големи обврски и несакаат да си го нарушат сопсвениот комодитет, па размислуваат имам едно дете - доста е!!! За жал наталитетот во Македонија нема да се покачи уште многу години. Не се доволни само реклами за да се потикнат паровите да имаат уште некое дете... Треба луѓето да се вработат, да имаат добри примања, па да имаме многудетни семејства!!!
     
  19. butterfly4

    butterfly4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2014
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    528
    Офф лееле трои никој не збори на памет :rock:

    "Посвојувањето деца во Македонија значи многу нерви и трпение, а “Ивана” веќе не може да ја поднесе неизвесноста околу целата процедура и постојано ги повторува истите зборови. “Па ова трае со години, а сè уште не се нашло дете кое, како што ми велат скопските социјални работници, е соодветно за нас”, ми вели Ивана, која во барањето за посвојување што со нејзиниот сопруг го поднеле до Министерството за труд и социјална политика, напишале дека сакаат здраво дете од македонска националност. Ништо повеќе од тоа. По неможноста по долго чекање да се посвои дете, почнува да проработува балканскиот менталитет на “барање врски” кои некако ќе можат да ја забрзаат процедурата. Па се почнува од комшијата кој е роднина со хигиеничарката во Центарот за социјални работи, а таа може да фрли збор кај вработените ама зборот не ì врви и не може да ја истера работата до крај, па се наоѓа колешка која сосема случајно се омажила со братот на тој што работи во Центарот, не на предметите за посвојување, ама може да интервенира кај колегата што го работи тоа, ама не оди ни така. И додека целата енергија, и нејзина и на сопругот, е концентрирана на тоа да “бараат луѓе” кои ќе можат некако да им помогнат да посвојат дете, Ивана се сретнала со извесна госпоѓа, стара роднина или пријателка, која е запознаена со нивниот проблем и која може да посредува “работата да се забрза”, ама тоа ќе треба да се плати.
    Ивана вели дека тоа е некакво олеснување кое ì ја врати надежта дека посвојувањето ќе стане реалност. Но, сè уште го памети шокот кога ì биле побарани 10 илјади евра за да се заврши процедурата.
    “Многупати до сега социјалните работници ми ветуваа дека има дете кое е правно чисто и дека за неколку месеци ќе посвојам дете, а потоа целата работа се забошотуваше и потоа пак, наводно воделе постапка за друго дете, па за друго и така до недоглед, а на крај ми побараа и пари. Како да верувам дека некогаш ќе посвојам дете?!”Комисијата вели дека ги исполнуваат условите да посвојат дете и од тогаш се на листата на чекање на која уште се и имињата на 700 двојки, потенцијални посвоители. Проблем е што има повеќе посвоители од деца."


    Ова е само еден дел изваден од еден друг форум(незнам дали смеам да ставам линк,па затоа вака)во кој верувај за воља на вистината ја знам таа "Ивана" и знам низ кои маки таа минала,за само едно детенце да држи во своите раце.Кога одам јас кај моја пријателка со моите деца,комшика и е,секогаш доаѓа и со солзи во очите ги гали нашите деца,толку многу сака,ама се надевам и го молам Бог да и подари и неа,на било каков начин што поскоро.

    Еве уште еден прост пример,може така ќе ме сватиш,себе си ќе се ставам во него,за да не мислиш за тебе зборам :lol: Јас сум родила 3 деца,имам пари ете платам во социјалното,ми доделуваат дете, немислам да раѓам,бидејќи ете ми е ќеф да си ја чувам господичната(морав вака), зашто да си се мачам,вака на готово,а за неа Ивана,што ми е гајле бе,нека му ја мисли она.Епа мила моја,ова спрема мене е себичност,тоа треба со закон да се спречи под хитно! :!: Прво можност да имаат тие што немаат воопшто дечиња,и соодветни услови нормално па потоа за останатите што веќе имаат ама сакаат да посвојат уште!!!

    Мислам дека бев јасна што сакав да кажам,а ако не ти е пак јасно ќе продолжиме со дискусијата,ама не тука,сигурно има соодветна тема за посвојување,да не ја спамуваме оваа за Мгогудетни семејства!!! :hai: :*
     
    На artemidis, Glasna и nana2112 им се допаѓа ова.
  20. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    Дечкоми во секоја пррилика ми кажува дека сак да имаме 5 деца :o
    и јас многу сакам деца премногу но страв ми е од породување а и 5 некако ми е премногу а и смешно ми е///5 ???? :rofl: