Многудетни семејства во МК

Discussion in 'Брак' started by butterfly4, Mar 17, 2014.

  1. Rama

    Rama Форумски идол

    Joined:
    Dec 9, 2011
    Messages:
    5,524
    Likes Received:
    55,236
    Gender:
    Female
    Јас не сум за ваква многудетност макар и да бидам милионерка. Не е се само да му пружиш пари, куќа, кола и луксус. Треба да го извадиш на прав пат да го направиш човек со животни и морални вредности а не само богат сноб кој е задоволен и збеснат од пари. Тешко е една индивидуа да ја воспиташ а камоли повеќе, не знам секоја чест на тие што се одлучуваат и го можат тоа 8)
     
  2. mime87

    mime87 Популарен член

    Joined:
    Oct 1, 2010
    Messages:
    3,956
    Likes Received:
    6,950
    Gender:
    Female
    Не не сум за вакви семејства зошто?
    Од проста причина што скоро секое 2ро семејство вакво е на раб на просење,со милостиња од луѓето неможиш ти да се надеваш дека ќе живееш или од денес за утре или од владините пари кои ги нудат за 3то 4врто дете NE UMRI KONJU DO ZELENA TREVA муабетот.
    Владата се менува времињата се менуват,за жал немаме никаква стабилност и сигурност во државата за на толку деца да му обезбедиме иднина све повеќе разводи све повеќе растурени семејства има,не тврдам дека ова не дај боже не би се случило и со 1 или 2 деца но сепак има разлика,секое дете ттреба да биде нахрането,облечено да му се посвети внимание огромно да му се обезбедат услови за живот за учење за напредок во животот,колку повеќе растат толку поголеми потреби имат излегувања,гардероба,дружења,факултет со кој пари ќе му го обезбедиш сето ова на толку деца?нема шанси и не сакам деца да имам кои притоа ќе растат скратени од секоја 2ра работа ќе бидат искомплексирани и исфрустрирани НЕ никако...
    Во поинакви услови бевме растени ние од 1во одд немавме мобилен тел.не одевме на училиште секој ден во различна гардероба(не можи дека немавме)но научени бевме на поскромно и нашите родители чуваја за во иднина повеќе,а сега до плафон ќе те крени ако му речиш НЕ за нешто,и во поинакви услови беа растени нашите родители...
    Во мојата околина што знам неколку жени што имат родено 3 деца а една и 4тири,секоја 2ра реченица му се содржи од тоа дека имале повеќе деца и дека неможат да излезат на крај |( а притоа како што спомнав секој ден по некоја жалба дека парите од владата не му стигнувале на време :x да слуша човек и да се чуди,искрено никогаш не сум сакала да имам повеќе од 2деца без разлика на финансиската состојба...Убо рекле не само коти деца како и за све така и за тоа треба да се мисли...
     
    WORRIED.BT and Filiposka like this.
  3. fighter

    fighter Популарен член

    Joined:
    Jun 4, 2010
    Messages:
    1,249
    Likes Received:
    2,485
    за многу детни семејства, не може да те мотивира некоја симболична сума која се нуди од државата.
    Трето и четврто дете,може да се роди само ако најмалку барем:
    1.државата гарантира соодветна здраствена заштита, а не да се трча по приватни клиники и да се фаќа врски за секој потежок преглед;
    2.државата обезбеди соодветно предшколско и школско образование (а не врски и кабли за упис во градинка, бидејќи немало место, па врски и кабли за подобра наставничка, бидејќи таа другата е нова или пред пензија и родителите и децата се незадоволни од нејзиното предавање);
    3.државата обезбеди соодветно физичко образование (не само рпеку градење на спортски сали, кои децава не ги користат, затоа што директорката ги рента на други, па тие мораат да вежбаат во старата сала, или пак, да вежбаат со наставници од одделенска настава кои не се подготвени да го одржат часот по физичко, или пак да стимулира децата да се бават со некој спорт вон школото, и се разбира тоа да биде со пристојна цена, затоа што испод 1000 денари месечно за спорт не си);
    4.и се разбира, за повеќе деца, треба и поголем домашен простор, па државата нека даде кредити како во Словенија, со 3% камата, па да се купат и поголеми живеалишта( а не три или четири деца, со мама и тато и баба и дедо и по 100 души во двосоебн стан или куќа)
     
    ALISA0000, irena.1 and Glasna like this.
  4. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Joined:
    Jul 19, 2015
    Messages:
    9,154
    Likes Received:
    221,746
    Gender:
    Female
    Јас пак сум ЗА доколку некој има желба за истото и пред се има доволно финансии за реализација на истото.

    Ништо поубаво нема од големо и среќно семејство и џагорот на децата кои го исполнуваат сето тоа.

    Љубовта, бракот, фамилијата.. сето ова е преубаво за еден човек, смисла за живот на еден човек доколку има желба за истото, нема поубаво да се дарува нови животи, среќа и срце кое почнува да чука.

    Доколку се нема финансии а ниту пак фунционалност во еден брак не гледам зошто луѓето го прават сето ова, зошто упропастуваат нечии животи за нивни аздис, ова не го оправдувам, фамилиите кои не се способни за среќа, подршка и задоволување на едно дете грешат и загрозуваат ичии животи, тоа е секојдневната реалност во Македонија и е навистина жално.

    ЗА сум и ќе бидам доколку човек има желба, финансии,трпение и многу љубов, но, навистина случките наоколу се дно дна, пред се греота за душите кои невино патаат по улиците.
     
    Tanjamm, crimson and MacenceEna like this.
  5. Sesil

    Sesil Moderator Staff Member

    Joined:
    Nov 27, 2014
    Messages:
    7,147
    Likes Received:
    137,210
    Gender:
    Female
    Аман од кампањите за многудетни семејства ... Па и народот коа запна деца да праи... Со кој стандард само не знам. Од друга страна пак и финансиски да си стабилен,реално колку деца можиш психички да издржиш да одгледаш ама салам внимание да им посветиш, не со баби и дедовци да растат. После првото дете сите се жалат како не спијат навечер, како немаат време за ништо, колку внимание треба за тоа дете. Ами овие со 5-6 не сакам да слушнам што се жалат. За толку деца треба да си туш ладен и мува да не те лази за ништо.
     
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Joined:
    Aug 12, 2015
    Messages:
    20,829
    Likes Received:
    274,977
    Абе се убаво, ама колку е способен еден родител да има време за секое дете?
    Ако има пари, може се да купи, ама време?

    Па кученца 5 дома се борат меѓу себе за галење со сопственикот, не 6 деца, на кои, освен заедничко семејно време, им е потребно и one on one време со родителите...
     
    Mishela likes this.