Многу го сакам

Дискусија во 'Разделби' започната од lowely, 2 јануари 2010.

  1. lowely

    lowely Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    4
    so decko mi raskinavme deneska t.e snosti nz sho se deshavat so nego beshe it se vrati skoro 3 meseci odevme.sve beshe ok. za nova godina zaedno bevme.sve beshe naj naj.no snoshti mi ja prati ovaa poraka
    " 02 јануари во 02:05
    sori ama moram da ti kazam deka da zaboravis na mene zal mie ama memozam da te propastam radi mee
    nesi za mene niti jas za tebe
    jas sum mnogu pokvaren tip
    i moram da zaminam od tvojov zzivot "

    i posle mu prativ poraka da se ukluci da razgovarame mi vika jas si odam od makedonija nemozam pojke da prestojuvam vo nashata drzava.da ne zalish za nishto od toa sho pomivame jas te sakam.jas sam si ja zafrknav rabotata.sea sum na premin treba da odam nemam mnogu vreme.ti posakuvam sve najdobro... imase uste ama ne go zapamtic 5 saat sabajle beshe.ne sum spana cela vecer nz sho da pram mislam deka e povrzan so droga neshto.uste od pocetok se somnevam.nz epten go sakam nemozam da prestanam da mislam na nego ve molam dajte nekoj sovet
     
  2. annaja

    annaja Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    1
    Turimu pepel!!!sto bi rekle starite i produzi dalje......
     
  3. Nita

    Nita Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2009
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    22
    se gleda deka go sakas ako se somnevas malce vo toa sto go zboris podaleku od nego da ne bides i ti vovlecena vo negovite problemi.pak se pokazal fer sprema tebe ti kazal sega deka ne e za tebe poloso za tebe bi bilo ako ovie zborovi ti gi kazuva posle 1 god koga ke bides poveke zalubena vo nego.zaboravi go ne e lesno no ne se predavaj toa e ti najdobro resenie :(
     
  4. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    604
    imas samo 15 godini i veruvaj mi deka mnogupati vo zivotot ke se pocuvstvuvas isto! ne velam deka na 15 godisna vozrast ne stanuva zbor za ljubov, naprotiv smetam deka ljubovta na vasa vozrast e najiskrena no sepak stojam zad toa deka lesno minuva! Sega da se pojavi nekoj sto ke te opsipa so vnimanie vednas ke pocnat da ti minuvaat 300 filmovi niz glava deka ti i toj (X osoba) bi bile sovrsne par! zatoa.... potrudi se da ne bides sama bidejki togas najmnogu mislis na bivsiot! odberi dobro drustvo, izlezi na kafe, nasocigo tvoeto vimanie kon nesto drugo! Ednostavno pomalku sedi doma za pomalku da mislis na nesrekniot kraj na vasata ljubov! mozebi meguvreme ke se rodi nova ljubov! ;) Imas samo 15 godini a toa znaci deka sega treba da uzivas a ne da stradas!
     
  5. lowely

    lowely Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    4
    fala na site
     
  6. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.879
    1. Тргни го бившиот партнер од тронот
    Немојте да го идеализирате и да го претварате во нешто што бившиот дефинитивно не е. Затоа немојте повеќе да плачете на заедничките слики и немојте да трчате да го проверите е-маилот или да се јавите на телефон. И ни под разно немојте да одите на местата на кои сте оделе заедно.

    2. Стави крај
    Најважно е да ставиш крај на сè што се случило меѓу вас. Не се надевајте дека нешто може да се промени, односно дека можете да се смирите. Ако тоа не можете да го постигнете тогаш бившиот партнер дефинитивно треба да ви каже во лице дека не ве сакал и дека повеќе не ве сака. Ако досаѓате многу е веројатно дека такво нешто и ќе направи. А тогаш можете да почнете да се „лечите“.

    3. Не му/и се јавувај
    Кога една врска ќе дојде до својот крај, потребно е да ги прекинете сите контакти. Нема молење, нема плачење, нема опивање, нема допишување. Нема праќање поклони или ЦД-иња. Нема да порачувате песни за него/неа на радио. Сваќате? Ако сака да ве најде, бившиот партнер добро знае каде сте. Знае дека сакате да ви се врати и не му е гајле? Тоа е знак кој треба озбилно да го сфатите.

    4. Негативните чувства напишете ги на хартија
    Напишете му/и писмо полно со горчина и напишете сè што некогаш сте посакувале да му/и кажете. После тоа фрлете го или запалете го. Не случајно немојте да го праќате. После тоа само би зажалиле затоа што тој/таа може да го покаже на пријателката или новиот партнер и сите да се изнасмеат слатко.

    5. Избегнувајте ги нејзините/неговите пријатели и местата на кои излегува
    Не одете во нејзина/негова територија. Нема да бидете добредојдени. Најдете нови места за излегување барем првите неколку месеци. Запознај нови пријатели, ако е потребно. Ако некој од вашите пријатели посака да воспостави контакт со вашиот бивш партнер, тогаш можеби ќе морате да се откажете и од него. Барем привремено. Откога ќе помине некое време ќе се вратите на заедничкиот живот и нема да ви смета што имате заеднички пријатели.

    6. Фрлете сè што ве потсеќа на него/неа
    Не морате баш сè да фрлите, но сите слики, облека, писма, е-маилови тргнете ги од вашиот видокруг. Ако тоа значи дека морате да тргнете пола од својата облека, направете го тоа барем на некое време. Можеби ќе останете без облека, но ќе го спасите своето здравје.

    7. Не барај да ти ги врати твоите работи
    Освен ако не е во прашање дијамантски прстен или нешто уникатно, поубаво е да не барате да ви ги врати работите. ДВД, облека, четка за заби... сè тоа заборавете го. Тоа е само работи. Дали за да го земете филмот назад, би била вредна болката од повторната средба?

    8. Излегувај со пријателите
    Остави твоите пријатели да те потсетат дека таа/тој не е единствената личност на светот и дека има уште „риби во морето“.

    9. Навикнете се на слобода
    Слободата секогаш оживува. Сигурно постојат многу нешта со кои можете да почнете да се занимавате, а до сега не сте можеле затоа што „другата страна“ неможела да го поднесе тоа. Патувај, планинари, играј видео игри, гледај телевизија... прави тоа што го сакаш.

    10. Запомни ги лошите времиња
    Запомни што твојот бивши партнер ви направил. Како ве повредил. Така повеќе никогаш нема да посакаш да бидете заедно.

    11. Забавувај се со друг/а
    Ништо нема да ве излечи подобро отколку добар провод со друг партнер. Ќе се чувствувате подобро.

    Бонус: Заведете ја личноста на која вашиот бивши партнер бил љубоморен
    Се сеќавате како вашиот бивши партнер бил љубоморен на на конобарот/конобарката? Епа сега е време да го направите првиот чекор со кој ќе направите вашиот бивши партнер да плати за сè. Само замисли како ќе реагира кога ќе дознае дека си се смувал/легнал со некој кој таа/тој ти бранел да го погледнеш.
    Треба да го заборавиш а за тоа како најлесно да го направиш еве ти неколку совети што мене ми имааат помогнато.Како што прочитав мали ти се шансите кај него затоа Најдобор би било тоа.
     
    На artemis му/ѝ се допаѓа ова.