Имам и јас доста густа коса, секогаш кога и да одам на фризер само ми зборат дека имам убава коса ова она, али секогаш ми ја ретчат. Инаку не ми смета што ми е густа и онака ја носам постојано виткана или собрана, али тешко ми доаѓа кога ќе треба да ja пеглам(два саата не ми бегаат)
Моево т.н косиште е ко дрво разгрането. Сите ми викаат дека имам прекрасна коса ама јас си ја неќамм ич.Сакам права :geek: Иначе ја користам пената на интеса за малку да оформам кога ја носам пуштена,но ретко се случува повеќе време ја носам врзана во репче
Ауф. Не да ми е густа косата абе да ја пегла 4 саати пак нема да биде права. Спојлер можеш вака да ја расечиш од сите страни ама пак подолга да биде не баш ко ова ја се имам срижено така многу поубаво е како да немаш коса на тебе ама не ми стоеше па си ја пораснав.
Леле и јас!Џоа лавче и бувче сум во косата!Значи најкомплицирана коса имам!Онака густа,долга малце под рамена,и огромна,ко був!! Многу е тешшка за обликување,не се фарбам,не се пеглам,не ја виткам,а секакви шампони имам пробаноо!!( (никој не ме сака ради косата )
И јас женски си имам мноогу густа коса, али многу си ја сакам. Должината е супер, и малку ми е брановидна,ама тоа ми помага затоа што јас сакам виткана коса и секад после миење на косата си ја правам во две ниски плетенки и прекрасна е следниот ден
Го имав истиот проблем, ти препорачувам да не ја ретчиш и да не правиш степени никако со ретчење и со степени си создаваш пократки влакна кои потоа се разлетуваат наоколу, а и да не зборуваме за тоа дека после степенување или ретчење со онаа направа со жилет, ти ги сече влакната и потоа тешко тебе. Моето решение беше да ај пуштам косата многу долга, од самата тешина не ми е толку дигната и густа како порано, а и користам бебешки шампони и маска, косата е многу важно да е негувана. Исто така, се чешлам само пред и после миење. А и на крај кога ќе размислам, си ја јакам густа косава бе
Мене ми е буквално БУФ. Огромна. Кога бев негде 2 одделение, ми беше кратка. Нит се тера, нит се води. Секое сабајле ја миев во 6 саат. Што не ми препорачаа, субрини, гелови, триста чуда.. Ама сега ја пуштив подолга, и малце ми е по спласната. А секогаш кога се шишам, се шишам на степен и ретчење. После тоа, ако ја испеглам, многу ми се свиѓа, таманка е. Ама кога не е пеглана? Јас затоа си ја зафркнав. Секој ден пред школо си ја пеглав, и сега ми е изгорена. Ама тоа е чудо, не се скротува. Единствено со пегла за алишта ако ја испеглам, па трае. А со обична преса после пола саат-саат, ми се витка, и ми се прави бетер од пред тоа. Еднаш фризерот на една жена и рече: Тебе да те шишам една година, ова нема да ти го извадам. Кога ми е пеглана, многу си ја сакам, ама овака..
И мене природно ми е мн густа и таласеста косата, ама веќе повеќе години , освен во ретки случаеви ја носам испеглана, права. На фризер постојано добивам комплименти колку густа и квалитетна коса имам, а јас посакувам да ми беше природно права... А моја другарка која има права коса , пак жали што ја нема мојата коса. Женска работа, секогаш го сакаме тоа што го немаме...
Jас имам прегуста и таласеста коса буквално огромна и кога ке ја извиткам или испеглам за пола саат , саат одма ми се прави како што ми е природна, а кога ке ја измијам после ми требаат најмалку 5 саата целосно да ми се исуши -.- Минатата година направив “степен’’ кој уопште не личеше на степен туку таа фризерката ми ја направи како скали
Јас имам густа коса и си ја обожавам. Стално се караме со фризерот, он очајно сака да ми ја ретчи, а јас сакам кога ќе пуштам раце низ коса, да има коса, а не воздух. Можеш да си фатиш реп и да биде убав, буен, полн реп, или пунџичка, исто поголемка ќе биде, поубава. Јас ја носам права, долга, никако степенеста (мразам да штрчат влакна на спратови) и ако е побујна, поубаво ми изгледа, не сакам да изгледа како да ми е сплескана за фаца. убавини
Мојата коса е долга до половината и кога ја шишам секогаш ја шишам на степени и ми е убава вака. И си ја сакам таква каква што ми е
Јас имам многу, многу, многу густа и виткана коса и ич ич не си ја сакам. Цело време ја ретчам и пак ми е густа. Ми беше рамна ама решив да направам степен и колку толку ми се подобри. Е сега, несакам толкав степен па се мислам дали да го намалам степенот и да ја ретчам, МНОГУ или пак рамна.. незнам каква ке ми биде рамна кога ке ја пеглам
Јас имам долга коса,амааа ми е толку густа што мислам дека никој нема како мојава.Често викам ќе ја шишам,ќе ја шишам ама поссле се предоислувамм
Имав многуу густа коса, премногу , но од втора година средно со тие секојдневни пеглања, виткања со фигаро ми се оштети, а со тоа и истенчи али добра е уште не се дава
Мојава исто, многу е густа, да ставиш нешто ќе се изгуби. Имам некоја чудна плава боја на коса, па ми ја прави поинтересна. Ја имам само еднаш изретчено, сакав да видам што како. Џабе, пак ми се направи џунгла. Сега ми е пократка напред, назад подолга. Мајка ми, ми кажуваше дека до 4 години сум имала многу ретка коса, дури и било страв, кога ќе сум пораснела што коса ќе сум имала. Но од 5 години до сега, многу ми е густа, средна должина.