Мојата не е толку густа , но бидејќи е кадрава , изгледа како многу густа пред да почнам да ја пеглам. Но и фатив теркот и ја пеглам за половин час. Никогаш ја немам ретчено, имам другарка која стално ја ретчеше и сега е ко искубана.. Изгледа до фризерката е која нема врска од тоа.. И затоа решив да не ја чепкам, кога е испеглана( а секогаш е) е супер, си има волумен сама од себе.
Дали некоја има искуство со виткана густа коса која ја скратила до клучните коски на пример и ја изретчила многу? Дали локните остануваат нормални или се губат со ретчењето на косата? Сакам да ја скратам и да ја изретчам но сакам и локните да ми останат такви какви што ми се. Фризерката ми рече дека не е добра идеја да ја кратам косата посебно да ја ретчам затоа што локните немало да бидат во истата форма. Во тесно сум
Прво да прашам.. Зошто сакате густа коса? Не знаете какви маки си имам јас. ^ И јас го знам тоа. Мојава ќе ја ретчев и ми забранија и тоа само поради локните.
Скопскава вода ми е експерт за волумен и густа коса, а во Битола кога сум како пола коса да ми фали. Мислам дека многу голема улога игра тврдината на водата. Имам средно густа коса, ни преретка ни многу густа. Сакам волумен и сакам густа коса. Но ако косата ви е виткана и многу густа мислам дека мора да направите жртва. Тежи тоа бе, не е играчка.
Јас имам густа коса... и колку ми е густа косата, толкави ми се проблемите со неа... цело лице ми го покрива, како Ит сум од Адамсови. Спојлер Не ми е убава кратка, многу коцкеста испаѓа, а не можам ни долга да ја пуштам зошто од сабајле сум буквално заплеткана во неа. Неможам скалеста да ја направам зошто на балет мора со пунџа да се оди и ако ми е скалеста некои прамени ќе ми паѓаат и ќе се деконцентрирам ради нив. Што да правам, што да чинам?
Мојава коса e ем прегуста ем долга и никако не се скротува. Не можам фризура да направам. Многу тежи, паѓа па и лак да ставам се отпушта. За пунџа да не зборуваме одма ќе стежни и ќе се растури. Пребарував на јутјуб некои видеа и го најдов ова. Дали некоја има пробано на овој начин да ја изретчи косата со брич или жилет? Не ми е сигурен начин некако, се си мислам ќе ја искубам или оштетам косата па потоа ќе летаат одстрана влакна https://www.youtube.com/watch?v=VH0NTWg5p4o
Ако имате густа коса НИКАКО НЕ ЈА ШИШАЈТЕ КРАТКО! Со тоа само ќе си направите жбун/грмушка на косата. Јас имав кратка (до раменици) коса, а густа и изгледав како грмушка во главата, и кога КОНЕЧНО ја пораснав и ми беше ПРЕКРАСНА плус и виткана по малку (значи за милина), гадно се ЗЕЗНАВ и пак ја ишишав до рамена (зошто госпоѓата „НАЈДОБРА ФРИЗЕРКА“ инсистираше на тоа) и си реков ај таман полесна ќе ми биде (а нејќеше да ми ја изретчи, зошто после како метил ке ми била) и ПАК СЕ ВРАТИВ НА СТАРИТЕ МАКИ И паднав во депресијА!!!! А се што сакав беше само да ми ја изретчи со тие ножичките. ПАМЕТ ЗА ДРУГ ПАТ! ОТСЕГА САМА СИ СЕ ШИШАМ, И СИ ЈА РЕТЧАМ СО НОЖИЧКИТЕ ЗА РЕТЧЕЊЕ И КОСАТА МИ Е ПРЕКРАСНА. Така да, ако имате проблеми со косата, овие глупиве фризери нема да ви помогнат, земете си ја работата во свои раце, на јутјуб има прекрасни клипови и за ретчење и за шишање. Зошто јас до сега, цели 22 години имам само НЕГАТИВНИ ИСКУСТВА со фризерите. И знаете што... шишањето коса НЕ Е НАУЧНА ФАНТАСТИКА! Можете и сами, и да се зезнете после нема да ви биде толку криво и да ви доаѓаат нагони да ја истепате фризерката.
znaci jas kaj tebe na frizer da dojdam , posto ja imam istata maka , ke znaes sto da napravis inaku ne bi se osudila sama da se seckam
Истиот проблем го имав и јас порано.Сега имам многу долга коса и немам такви проблеми,можеби сеуште не можам да ја скротам како што треба,али океј е.Значи цел живот сум со долга коса,уште од дете,ама отидов ете и јас на фризер и фризерката инсистираше да ме ишиша.Ај ме ишиша што ме ишиша,изгледаше добро косата,зошто беше пеглана ова она.Кога ја измив косата,не сакав во огледало да се погледнам,абе ала тетка дека виткана, а јас до раменици шишана,косата стигна до уши.Издржав некако и ми порасна.Затоа сега каквиии фризери,мајка ми дома ми ги потскратува краевите и тоа е тоа. Знаете фризерите кога ќе видат убава густа коса,а поготово долга,веднаш сакаат да шишаат,да прават фризури.Секаде е така тоа.Затоа ако имате проблематична коса и за да не ја оплескате, ако се работи за врвовите, можете и дома сами.
Премногу ми е густа косата и нон стоп ја пеглав и почна веќе да ми се оретчува.Не ми е толкав жбун како што ми беше порано.Ама сега бидејќи е лето и е топло си ја врзувам во пунџа и немам некој проблем.Инаку за она што спомнавте кратка и долга густа коса е точно.Кога е кратка навистина е жбун, а кога е долга самата коса влече и не се познава дека е густа.На мајка ми исто и е доста густа косата и имаше долга коса.И беше преубава, ама таа се ошиша и сега и е полоша.На мене ми е малце подолу од рамениците и планирам да си ја исчувам подолга како што и беше на неа.Преубава и беше.
И јас имам густа коса. Сакав да ја скратам, неколку сантиметри под раменици, но се предомислив. И со маки ја чешлам, премногу се заплеткува.
Ставај повеќе регенератор или маска што и да користиш а исто така можеш да земеш од GLISS спреовите ќе ти го олесни чешлањето Ваков
Јас имам многу густа коса и многу си ја сакам. Долга ми е до задникот, и многу убаво изгледа од самата густина и тежина. Немам некоја мака, освен што се фенирам по 40 минути до 1 час
Мојата коса е многу густа и долга но јас никогаш не сум ја ретчела, вака ми се допаѓа повеќе отколку да ми се проѕира позади грбот кога ќе ја пуштам или пак ако ја соберам во опавче тоа да биде тенко. Бидете задоволни со бујните коси, тие што имаат ретки сакаат да им бидат погусти но нема како освен да вметнуваат вештачки прамени. Имам една другарка на која и се гледа горе главата од што и е ретка.