Мојава не да е густа, нов збор треба да се измисли, не ја ретчам, ја чувам долга, позади рамна. Тешка е за одржување, ама јас навикната сум
Косава ми е многу густа, природно права и во моментов долга до половината Си ја носам или права или во висок реп што многу убаво изгледа на густа и долга коса. Единствено што ми пречи е тоа што не можам никако да ја навиткам. Со што и да се обидам, локните држат 1-2 часа најмногу. Со што ја виткате вие што имате густа и тешка коса?
I mojata kosa isto taka e mnogu gusta,mi se slucuva koga ke ja vrzam vo repce da pocne glava da me boli od tezinata. Izbegnuvam da ja peglam,barem koga sum po doma ja ostavam taka. Za izleguvanje e neizbezno,inaku celata e nakostresena.
Добро луѓе , постои ли некакво чаре за да се има густа коса? Мене ептен ми е ретка, дури и прозирна ми се чини дека е
Па колку што знам генетски е тоа. Јас отсекогаш сум имала густа коса, од мала. И 99% сум сигурна дека не се менува т.е. не може да ја направиш погуста, освен ако не и` ставиш надградби нормално
Не сум слушнала да се згусне коса на некоја девојка/жена, напротив, може од густа да се изретчи, најчесто во бременост Иначе да, наследна е како што кажа членката, кај нас наследена е од баба ми
Секој тип на коса си има предности и слабости, обиди се да ја шишаш кратко, така ќе го спречиш опаѓањето на косата, оти долга коса од самата тежина повеќе е склона кон паѓање, ќе тргнам по мене, ако ја скратам мојава коса уште повеќе ќе има волумен, затоа ја чувам долга
Јас маки си имам со мојава густа коса , што стварно не се трпи што е многу многу е. Шампон или нешто друго за намалување на волумен и.т.н. ?