Да. Како што ти пишува СД картичката ти е корумпирана. Ја фатиле во криминал и корупција, многу мито земала. Шала на страна, значи дека податоците внатре поради долго време повеќе не можат да се користат и не можат да се отворат. Има начини и програми да се вратат. Не се знае дали ќе биде успешно, ама може да се проба. Еве неколку: https://www.stellarinfo.com/article/sd-card-recovery.php
Само судството и картичката твоја се корумпирани. Преводов на Македонски на андроид им е театар комедија.
Препорака за телефон- xiaomi redmi note 7, xiaomi redmi note 8 или xiaomi mi a3? Или некој сосема друг? До кај 230-250е да е. @ЕденЧлен ќе те тагнам тебе за мислење.
Ако бараш камера иди на Ноте 8,ако бараш чист Андроид,иди на А3.Ако сакаш добра камера,ок перформанси,иди тогаш на Galaxy A50.
Јас бирав помеѓу Note 7 и A3 ... A3 го одбрав... има подобри перформанси... подобар екран... батерија...рам...
Добри се. Немаш разлика измеѓу Самсунг, Хуавеи, па и Шаоми кога е во прашање квалитет. Моментално тие три се најдобро продавани во свет, заедно со Епл уредите. @papillonP , Редми Ноте 8 ти е апгрејд на Редми Ноте 7, така да овој не би го вклучил во размислувањето. Останатите два ги споредив на минатата страна, па може ќе ти помогне што да одлучиш.
Кога телефонот ми е премногу ладен, особено на овие ниски температури, целиот екран е темен и треба да го однесам на топло за да профункционира. Друго се си е функционално. Додека е темен екранот, со фингерпринт се отклучува но џабе кога ништо не се гледа.
Дали има некој Самсунг галакси А50. Да ми каже како е задоволен од камера,батерија ? Изгледа овој пат ја утнав со тел. за жал. ( трипл камера- на селфи луѓето во позадина се матни, сликите и не се баш најчисто, на слоу моушн трепери видеото уште кога отвориш на самото. батерија ми држи максимум 1 ден и навечер го полнам, а го купив пред 1 недела. П.С. немам време да седам на него често)
Samsung galaxy A20E или Xiaomi redme note 7? За повозрасна личност ми треба, не мора да има кознае какви перформанси.
Ме интересира која е разликата на нов телефон од мобилара и од некоја официјална продавница и дали воопшто има разлика затоа што да речемe од iSTYLE ајфон кошта 100/150 евра поскапо отколку нов во мобилара и сеа не можам да се одлучам се сомневам да не е послаб квалитетот од мобилариве дека е пониска цената.