Не ги ставајте истите слики по 5 пати во темава. Ставете различни, да не се натрупува со исти само. Користете споилери, многу слики се ставаат и веднаш се полнат страни. Hanna се облекува по младенско, тинејџерско и воедно штосно. Комбинира темни со светли бои. Нејзиниот стил е вистинскиот за една млада девојка. Нејзините комбинации се весели и интересни, рај за око. Ми се допаѓа што знае како да се дотера за одреден момент. Косата сега и е многу поубава, иако долга и стоеше убаво. Убава боја има, ретка плава. Не сум забележала да биде нападно нашминка, умерена шминка има, а тоа ми се допаѓа. Спојлер Spencer има класичен стил, измешан со модерни парчиња облека. Софистициран стил, комбиниран со капути и мантили, кошули и оксфордки. Ми се допаѓа многу, прекрасни комбинации прави, кои ги надополнува со капи, шешири и вплечарлив накит. Косата и е многу убава, но не сум ја видела да направи нешто со неа. Постојано ја носи пуштена, досадна е веќе. Шминка исто како Хана, умерена. Спојлер Aria многу чудно ја комбинира гардеробата. Понекогаш е нападна, понекогаш е умерена. Во главно, интересни комбинации има. Понекогаш не ги комбинира боите правилно и комбинациите се многу измешани. Накитот не ми се допаѓа, некогаш го погодува. Поубава ми беше со долга коса, сега не ми се допаѓа. Понекогаш има нападна шминка, но добро е што тоа е поретко. Има интересни хеланки и хулахопки кои многу ми се допаѓаат. Во последниве неколку епизоди ги разведри боите. Спојлер Emily ја гледаме како успешна пливачка со спортски стил. Нема некои екстравагантни комбинации, ја гледаме во лежерна форма, со опуштени маички и кратки суќнички или пантолони. Ми се допаѓаат ретките комбинации со кошулки и фармерчиња, лежат на телото. Косата и е преубава, ми се допаѓа. Како лик ми е 2, после Спенцер. Бебешко лиценце има, не употребува многу шминка. Ми се допаѓаат ретките комбинации во фустанчиња исто, Ем има убаво тело. Спојлер
Сликички од Емили во споилер. Спојлер Сликички од Мона во споилер. Спојлер Сликички од Ариа во споилер. Спојлер Сликички од Хана во споилер. Спојлер Сликички од Спенцер во споилер. Спојлер
Абе девојки, тие не се облекуваат, туку ги облекуваат стилисти, костимографи и сл. зависно од карактерот на личноста во серијата. И да не бидам оффтопик, најмногу ми се допаѓа како ја облекуваат Ариа.
Како што читав во облекувањето не биле само стилистите туку и тие давале коментари и критики на тоа што ќе им го одберат стилистите.
Овие неколку епизоди ми се допаѓаат комбинациите. Ова фустанче на Емили многу ми се допаѓа, убаво и стои. Делува лесно и едноставно, а сепак погодено за пригодата. Во последнава епизода многу ми се допадна комбинацијата на Хана, со портокаловото маиче. Пантолоните и беа погодок, убаво ги искомбинирала.
Сите прекрасно се облекуваат, ама најголем впечаток ми оставија Хана и Спенсер. Хана го има тој трендовски стил, носи неон, розева, зелена, цветни работи, пекрасни чипкани фустанчиња, додека пак Спенсер се облекува со оксфордки, кошулчиња, некои сукњички со убав принт итн. Сите се уникатни, исто морам да ја пофалам Арија, имала убави комбинацијии, си фура свој стил и немала некои големи утки Освен со сукњата плава со принт, црвена блуза и жолт каиш, ако се сеќавате. Имала и други утки, ама оваа и ја памтам, не ми се допаѓа воопшто, се е испомешано. Емили е поспортски тип, ама фустанчињата и стојат прекрасно. Се сеќавам на плавиот фустан со точки и кремаво каивче, кремави салонки.. тогаш кога беше свадбата на татко и од Хана и жена му. Убаво е тѕоа што имаат свој стил сите, па не копираат. Еден плус за серијава, ептен се модерни, па и комбинациите ми оставаат впечаток и додека си гледам си ги коментирам, затоа што се се врти во круг, па обрнувам внимание и на облеката. Ааа да ја искоментирам и Алисон, многу „ефтино“ ја облекуваат. Освен комбинацијата со конверс, хеланки и блузичка, барем толку колку што имам видено. Слики во спојлер од комбинации Спојлер
Од сите лажливки Хана ми се облекува најубаво, па и тука некаде е и Спенсер, тие две се облекуваат најпрекрасно. Потоа следува Емили која има најопуштен и најспортски стил кој ми се бендисува многу, Ариа многу ми се облекува чудно за мој стил. Знае да измеша принтови и бои и навистина има некои ептен кичести комбинации. Фура некој свој препознатлив стил, ама не ми се допаѓа нејзиниот стил.
Мене апсолутен фаворит ми е Спенсер, толку софистицирано, убаво, се облекува и ги комбинира парчињата совршено што неможам да и се изнагледам.Мене ми се допаѓаат слични парчиња како нејзините, често сум во фармерки, маички, џемперчиња, само што секако немам толку голем избор на облека како нејзе. Хана ми онака океј, не сакам многу таков стил, премногу ми е „возрасен“ за нејзини години. Ариа, некогаш е океј, некогаш страшно забегува. Емили, спортско, фино се облекува. Спенсер и некоја нејзина комбинација, јас би ги носела сите до една.
Ми се свиѓаат сите,секако има и исклучоци во целост убав стил имаат особено Ариа...и секако Хана и најубава ми е..