Спенсер е број 1 за облекување и иако има не баш женствена и нетипична убавина мене ми е прекрасна. Многу вкусно одбрани парчиња и предобро и стојат, се би носела од нејзините изданија. Дури кај што ми е помашки облечена во чизми, сакоа, кошули, мантили ми е поубава отколку во фустан. После неа Хана ми е убаво облечена. Емили онака, Ариа пренатрупано.
Мене сите ми се преубави и убаво се облекуваат, но на прво место би ја ставила Хана, а на второ се двоумам помеѓу Спенсер и Ариа. Емили ми е на последно место не дека ми е помалку убавa туку во повеќето епизоди е по едноставно облечена.
Според мене, најдобар стил има Спенсер. Остри, дефинирани рабови, карирани кошули, машки чевли, јавачки чизми, по малку ретро, а сепак женствено. Скоро сите нејзини аутфити ми се фаворити, ретко прави утка. Ставив само неколку од многуте. Следна е Ариа. Најмногу следи трендови и не се плаши да експериментира. Си игра со принтови, неонски бои, необични чевли. Е има некои утки, понекогаш изгледа пренатрупано. Фаворити: За Хана и Емили само ќе пишам по нешто, затоа што не ми оставиле впечаток. Хана се облекува женствено и елегантно, понекогаш дури и премногу сериозно за нејзини години. Ми се допаѓа новата фризурка Емили е прекрасна, но според улогата и тоа што е претставена како 'jock' тип, не и обрнале многу внимание на стилот. Најчесто носи еднобојни маички и фармерки. Ми се допадна фустанчето што го носеше пред две епизоди на забавата во црквата, едноставно, а предобро и стоеше.
Спенсер е софистицирана и се облекува преубаво, комбинациите на Ариа ми се смели, мешање на принтови и бои,и покрај утките има предобри, Хана е грли-грл, и ми се допаѓаат скоро сите парчиња, додека стилот на Емили е едноставен и спортски. Ариа Спојлер Емили Спојлер Спенсер Спојлер Хана Спојлер Спојлер