*Темата е `Модата во Pretty Little Liars` што значи дека треба да ставате слики од серијата, а не како изгледале на црвен тепих. Он топик, сликички.
Девојкиии па јас се заљубив! Синоќа на б-тв го затекнав случајно филмов и ајде ќе го гледам. И многу убаво ми се шминкаат и дотеруваат (зборувам за серијата). Незнам, дајте некои туторијали инспирирани од серијава и ликовите
^^ Ова е од Ред Карпет, не од серијата. Мене ми е фаворит Спенсер, пишував во друга тема за нејзиниот стил. Многу ми се допаѓа спојот на класично со модерно, и тој preppy шмек што го негува. Иако е далеку од мојот стил, што јас би рекла од сите 4 најмногу наликува на оној на Хана, најосмислен и стабилен ми е стилот на Спенсер. Воглавно ми се допаѓа што има доста убави парчиња и комбинации. Ариа е во рок фазон, Емили е спортиш, Хана е тренди и Спесен нели, preppy. Си плакнам очи
Го љубам стилот само на Спенсер. Ја облекуваат совршено, косата е секогаш ускладена и изгледа преубаво, да си помисли човек дека стилистот само неа мислел како да ја облече. Се заљубив во холандската плетенка
Мене најмногу ми се допаѓа стилот на Спенсер Џил Хастингс .Се облекува елегантно и малку старомодно. Косата секогаш и е средена и никогаш не претерува со накит.