1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Модринки од оштетена вена

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од HeidiDiWalt, 18 февруари 2011.

  1. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    [​IMG]

    [​IMG]

    Имам проблем... Пред една недела (можеби и повеќе) бев да вадам крв во лабараторија.
    Кај се погоди една сестра ( веројатно на пракса) [ ем неука, ем тврдоглава, ем ќора = ``добитна комбинација`` ]

    Во spoiler-от следува ретроспектива на случувањето, ако ве мрзи да читате слободно прејдете на главното! ;)

    Прво ми ја бодеше едната рака, па нешто не и успеваше баш. Ме избоде едно два три пати (како да си игра пикадо) па ај ми ја побара другата рака :^) What the FU*K?!?!?
    Боцни, застани, извади, боцни пак. И така додека таа си се учеше на мене, јас се препотував, притисокот ми рипаше, а пак кога ќе ја видев таа иглана 37ца ко за коњи боцкање, милсам дека добивав епилептичен напад!

    И за се си имаше изговори:

    Прво пумпите не чинеле! После стегачот на појасот бил лабав. Па јас сум и мрдала многу! Сум се плашела (па боцкање е нормално дека се плашам )! :doh: Па многу слаби и чувствителни вени сум имала! :fubar:

    На крај AT LEST |( и текна да се консултира со еден постар колега, го повика со изговор дека има ``специјален случај`` |( Бог да чува! Мизерно се осетив во моментот...
    Докторов (или братов /ватевер/) дојде, ми ги погледна дланките, ги ококори очите (и мислам дека го виде Аушвиц во времето на Холокаустот) Ја погледна само `убитачно` и веднаш ме врза, зема соодветен прибор и ми извади крв за секунда. Не сакаше да и вреска пред мене, но на одење го слушав до крајот на ходникот [​IMG]

    Како и да е, јас си одтанав со раце изрешетани. Во моментот беа само дупки, веднаш земав АЛВЕН маст (по препорака од матичен лекар) почнав да ги мачкам - но некако попусто.

    На десната рака имам две тегет модрици (помали во однос на онаа која ја имам на левата) која е огромна, ми се чини од дланката до рамото!!! :@ Сино-виолетово-жолтеникава е!

    Луѓе помагајте, имам јавни настапи деновиве, а плус и срам ми е да облечам кратки ракави на тренинг како џанак се осеќам! :worried: А и, што вика татко ми ` подобро мене да ме замолела да ти извадам крв, или првиот наркос кој ќе го сретне надвор- одма ќе ти завршел работа, ` 8) :D

    Ги молам , сите кои имаат познавање од оваа област, или се медицински лица или пак имаат медицинско лице во фамилија нека кажуваат чаре бидејќи вака повеќе ниту ден неможам!

    Сета сум модра, изрешетана, чиниш војната во Виетнам сум ја поминала....

    Едната рака изгледа од прилика вака
    [​IMG]
    другата
    [​IMG]

    Ма повеќе ниту крв дарувам (како крводарител) ниту се боцкам да проверам крв ниту сакам да чујам за крв вадење!!! Верувам само на една сестра, и само таа би дошла в предвид ако е нешто хитно (не дај боже да е)

    Значи да поентирам: ``Модриве Тетоважи`` ги носам предолго и секој ден изгледаат се полошо!!! Повеќе неможам (не смеам) да ги имам на мене бидејќи ми требаат чисти раце и за извршување секојдневни работни обврски!!!! Затоа:


    [​IMG]
    ПОМАГАЈТЕ ЛУЃЕ![​IMG]
     
  2. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    47.994
    Пол:
    Женски
    Aууу,вакво до сега нешто не сум видела.Што ти направиле?Јас можам да ти препорачам маст Хепатромбин,но и таа е истот состав како Алвен.Сепак,Треба да помине подолго време да исчезнат модрициве,но мора да се мачкаш .А од природен лек сум чула ,но не сум баш сигурна , се става свежо измесено тесто на местото (нА несреќата).Можеш да пробаш,штета нема да има.
     
    На Annath и HeidiDiWalt им се допаѓа ова.
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.351
    Допаѓања:
    200.687
    Пол:
    Женски
    :o :o :o :o
    Ау Хајди, девојката стварно си играла пикадо со твоите раце... и после оди на лекар да те видам, кога излегуваат такви приучени сестри и доктори :swear: што еднаш не се појавиле на пракса :swear:
    И јас би ти рекла Хепатромбин, Алвен, Ласонил... ама навистина треба време да помине.
     
    На HeidiDiWalt му/ѝ се допаѓа ова.
  4. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Ееее колку им се провидни тие изговори, очај. А види дека не може да ти погоди вена- слаби ти се вените, кога ќе ти ја прсне - тенки биле ............аххх
    Ова ми се има случено и на мене, само не до овој степен.
    Јас користев Хепатромбин и од искуство ти кажувам дека треба да помине време додека да исчезнат овие модринки ( да не те плашам, но можеби добри три недели :worried: ).
    Само биди упорна и мачкај се два пати дневно :*
     
    На HeidiDiWalt му/ѝ се допаѓа ова.
  5. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    и мене ми се има слушено да имам модринки оти имам тенки вени, а ко помала ми пукаа вените на рацете, и никогаш не можат вена да ми најдат ниту можеле некогаш :$

    машкај се редовно по неколку пати во денот со ХЕПАТРОМБИН маст и ке ти помине за кратко време
     
  6. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Хајди јас имам искуство со татко ми...Му се случи истото.Од непрофесинално земање крв од мала модрица се рашири на цела рака..Прво модро па после почна зеленкасто-жолто па жолто па полека да се чисти....И се тоа за околу две недели и нешто.Ништо не можеш да правиш,тоа требало одма со ладно облоги ама друго ништо не мачкај, не пустеј на рацете...Само ќе се повлече.Околу две недели.И доктор да прашаш истово ќе ти го каже.
    Кој ни е крив кога се повеќе има непрофесионален кадар по болнициве :tmi: ... да ти е страв да отидеш за било што. :worried:
     
    На HeidiDiWalt му/ѝ се допаѓа ова.
  7. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    Па и мене така ми беше...Првиот ден рацете ми беа само избушени, ``сети излепени со памукчиња и фластери``, и ноќта кога ги извадов видов нема црвенила, имаше мали отоци на некои места но беше прилично ок. Боцки само расфрлани по ракцете, како кога ќе стиснеш мозолче... :)
    Е после третиот ден дојде она страшното.... прво тегет модринки мали, по неколку дена испукани капиларчиња ,па проширување на модринките поготово онаа на едната рака :x -од глужд до рамо-
    Хаос! ЛОм.... Стварно се чувствувам мизерно и бедно кога одам на вежби во маичка по кратки ракави. Или на работа кога носам костим - ниту една шминка тоа не го покрива. Сега е до толку помодрено во средината-чиниш црно, околу тегет а на крајот жолто....
    И ај да беше на едната рака....ами двете?!?!?! :doh: :doh:
     
  8. GiaMarie

    GiaMarie Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    40
    Значи се ежам од вакви непрофесионални лица кои еден најпрост зафат, земање крв од вена, неможат да го изведат асално, а камоли недај бозе да треба некој по комплициран зафат. Јас го имав истото искусво како тебе пред некое време, ме изрешета, се онесвестив од толку бодење, докторката се испаничила и ме оставила сама, јас сум почнала веќе да модреам и среќа мајка ми влегла и ме освестила. Срамота, срамота, срамота :x . Да бев во посвесна состојба тогаш ќе и слапнев еден шамар. И од тогаш имам толкав уплав од земање крв што а седнам на столчето почнува да ми се слошува. Мене раката ми беше иста како твојата на втората слика, со тоа што ми беше и отечена како бабура па неможев ни да ја движам. Како што ти кажаа девојките погоре само мачкај се со Хепатромбин и ќе почне да се повлекува модрото, но не очекувај веднаш резултати, мораат да поминат барем недела, две.
     
    На HeidiDiWalt му/ѝ се допаѓа ова.
  9. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Па и мене така ми беше...Првиот ден рацете ми беа само избушени, ``сети излепени со памукчиња и фластери``, и ноќта кога ги извадов видов нема црвенила, имаше мали отоци на некои места но беше прилично ок. Боцки само расфрлани по ракцете, како кога ќе стиснеш мозолче... :)
    Е после третиот ден дојде она страшното.... прво тегет модринки мали, по неколку дена испукани капиларчиња ,па проширување на модринките поготово онаа на едната рака :x -од глужд до рамо-
    Хаос! ЛОм.... Стварно се чувствувам мизерно и бедно кога одам на вежби во маичка по кратки ракави. Или на работа кога носам костим - ниту една шминка тоа не го покрива. Сега е до толку помодрено во средината-чиниш црно, околу тегет а на крајот жолто....
    И ај да беше на едната рака....ами двете?!?!?! :doh: :doh:[/quote]
    Тоа е тоа Хајди...ние сме како заморчиња изгледа...А они вршат експерименти на нас.Ти кажав ќе помине само.Гледам ти викаат мачкај се со едно,друго...Џабе, исто ти е.Наоружај се со трпение,тоа ќе ти кажам.
    Друг пат пази каде ќе се обратиш за боцкање...мислам на игли де :D Мала шала нели не е на одмет. ;)
     
    На HeidiDiWalt му/ѝ се допаѓа ова.
  10. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.965
    Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

    Може е малце глупаво прашањево, ама мене ми е деликатна ствар па морам да си прашам. Вчера ми земаа крв од вена, а местото кај вената (незнам дали е и вената сама по себе) е цело зелено(како зелена модрица) кругче такво направено неправилно и вчера во текот на денот се дешаваше да ме пецка и да ми трне. Можно ли е од боцкањето да се направи таква модрица, зашто ја овде филмови си праам :(
     
  11. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571
    Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

    Немај гајле, скоро па секогаш при земање крв од вена се појавува оток, болка, модрица, зависи од твојата кожа, и од умешноста на тие што ти земале крв :)
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  12. badem4e

    badem4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

    Ништо страшно и на мене така ми се дешавало уживај :)
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  13. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.382
    Допаѓања:
    90.972
    Пол:
    Женски
    Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

    Не грижи се, ништо страшно. Мене цели раце ми се со модрици зошто им пукаа вените кога ме боцкаа.
    Ми рекоа со алкохол да ги поминувам модриците и побрзо ќе поминат. Ама кај мене еве веќе 2 недели се и стануваат посветли, се надевам наскоро ќе поминат.
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  14. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

    Кога ќе ви се појави така модро околу боцнатото место само ладни облоги да ставате. Марамке не алкохол, ладно може и мраз. Инаку со време негде до 2 недели скроз се повлекува само. Нема место за паника.
     
    На marama и kravce им се допаѓа ова.
  15. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

    Еве јас како најбоцкана тука да ти кажам дека нема место за паника. Или била некоја ситна веничка па прснала при боцкањето или не си стегала после боцкањето доволно... ама ништо страшно. Ќе ги помини сите фази на хематом сино-виолетово-зелено-кафеаво-жолто и го нема. Ако сакаш побрзо да ти помини земи Борова вода и ставај облоги на местото.
    А ако чувствуваш болка на местото подолго време или не престанува тогаш потребни се и други интервенции ама кај тебе нема шанси да е така.
    Ти само уживај си и не му обрнувај толку внимание и ќе видиш за некој ден ќе го снема.
    Ако ти е крвната слика добра, заборави и дека имаш хематом.
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  16. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.770
    Допаѓања:
    99.873
    Пол:
    Женски
    Па не е баш до знаењето на болничарите...од мое искуство значи кога ќе ви земат крв,нели треба да ја стиснете тупаницата за подобро да ви ја најдат вената,веднаш штом ве боцнат треба да ги исправите прстите...имено модриците настанувале од крвта што излегувала покрај убодот од игла,а кога ви се прстите згрчени во тупаница се создава притисок во вената и крвта како да шприца ..од кога правам така не носам модрици на кои им треба речиси 2 недели потполно да исчезнат. :)
     
  17. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Немора да значи, ако се ниски резултатите, посебно тромбоцитите... ќе се направи хематом во секој случај па ако сака и воопшто нека не се стега раката.

    Моите вени се крш, пребоцкани, изгорени, се и сешто има кај мене. Сега имам катетар на вена и од таму примам терапија а и крв преку него ми земаат кога имам игла... а ако немам игла ќе пронајдат некое мало венче.
    Мој совет, чувајте си ги својте вени и не дозволувајте секакви некакви лица да ве боцкаат и да се учат на вас.
     
  18. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.617
    Допаѓања:
    8.374
    Пол:
    Женски
    Луѓе ве читам за хепатромбинот дека го препорачувате кога имате модринки, ама не знам дали го имате видено ова
    http://grid.mk/read/news/60427357/71825 ... a-hemofarm

    Хемофарм е всушност производителот на хепатромбинот. Знам дека додека бев во средно, лаборант- на пракса нон стоп ги советуваа пациентиве или алкохол или од ова да ставаат.
    Попрво би ја криела модрицата една недела не да си ризикувам со ова :tmi:
     
  19. Marti96th

    Marti96th Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Pred 8 dena za prv pat bev za krvna slika od vena. Uste istiot den me bolese venata i psole nekolku dena mi se pojavi podole malku modrica a sega gore nad kaj sto me bockaa od levo me boli mn na dopir normalno e seto toa ?
     
  20. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    14.788
    Допаѓања:
    166.258
    нормално е
    ми имаат погодено вена или нерв незнам шо беше ама раката од под мишка до прстите ми беше хипер сензитивна на најмал допир
    со прстот шосе минев нежно имав болки некој ден
    има една маст ми ја препишаа хепатромбин да не беше некако 170ден бело портокалова кутија
    за некој ден ке помине
     
    На Marti96th му/ѝ се допаѓа ова.