Здраво(ако има слична тема бришете ја).Некое време веќе имам како точкасти крварња по тело најчесто нозете..Како прснати ситни капилари на кое место се формира модринка..Ве молам мислење,совет страшно ме болат модринките..(Знам треба крвна сл моментално имам циклус).Се чудам прснати капилари,вени попуштени.а баш сум ок 66кг..Не сум дебела со 1.68 висина..Морав да пишам.Поз
Здраво Еве и јас да се пријавам со овој проблем. Баш сега барав по форумов дали има таква тема. Иначе накратко мене модрици ми излегуваат веќе три години. Излези и помини за два дена. Последниве два месеци толку се зачестија што ги мислев ама не отидов на др. Е,пред една недела ми се направи како подлив голем како шака на рака,отприлика. Се уплашив многу,направив крвна слика и тромбоза тука во моето место,резултатите супер,никакво отстапување. Уште имам траги од модрицата кога денес пак,под неа. Прво почна да ме чеша,исто како минатиот пат па ми се направи како грутка и црвено местото. Др ми рече да мачкам со хепатромбин и да ставам мраз. Еве сега си стои како подуено местото. Закажав во ремедика во петок па да видиме. Навистина е супер што ти текнало за оваа тема,јас стварно незнам од што може да се појавуваат секако ако рез во моево место се точни. Вака ми изгледаше пред една недела,сега само оток
Ете црвено и постпено потемнува модро.Ме болат страшно на допир нез шо да.правам ми се плачи..Се чудам што.ми се деси
Напрај си кр слика и основните испитувања на трансфузиологија. Јас направив се е во ред а тие излегуваат. Ќе одам во петок па пак ќе направам да не се грешни недај боже. А,од кога ти се појавуваат?
@Korija Тебе доле,мене само на надколеница. На подколеница никогаш Апсолутно ништо за болка. Секогаш ја трпам. Јас примав хормони поради инвитро,беа мали дози и тоа го исклучивме. Беше во март месец. Само витамини изминатиов период пиев
Мене ми излегуваа од таблети за болки. На почетокот кога пиев таблетка не,ама со текот на времето да. Сменив таблетки и проблемот се реши. Дури и самите витамини може да имаат состојка која предизвикува модринки. Пробај престани со внес на апчиња некое време и ќе видиш.
Овој проблем ми е од пред три години,не е од сега Затоа малку и се сомневам дека е од нив ама ќе ми олесни ако грешам.
Јас имав цели две години, треба време. И сега знае да ми излезе по некоја ама не е трагично. Моите беа огромни, а крвни слики уредни.
Точно, најпрвин мора да се направи крвна слика. Јас нагло ослабев пред неколку години, цели нозе ми беа со модрици како да сум се тумбала некаде. Ама па, ништо не јадев, ме присилија витамини едни да земам што немаше шанси да ги голтнеш од што беа огромни и за неколку недели се средија. Често ми излегуваат и мене модрици, имам светла и чувствителна кожа и барем еднаш на два месеци ми излегува по една што го покрива скоро цел бут. Проверена крвна слика, се е одлично, но ете ептен ми е нежна кожата. Така да, прво провери се дали сите параметри се во граница. Кај мене нема спас, не сакајќи ќе се чукнам некаде, ама не силно и после се чудам од кај ми се. Исто и од чешање ми се прават, прво ми пукаат капиларите, па после се прават огромни модрици.
И мене ми е таква кожата, нонстоп сум со модринки. Последниов месец се исплашив и јас, излегуваат на места што не памтам да сум се удрила, пример на бутот имав голема. Крвна слика последно детална во фебруари пред короната имав правено, во ред беше. Мене ми е чудно и што ко ќе поминуваат нели менуваат боја, ама на крај ми се премногу жолти, неприродно. Еве сега дури пишувам заприметив на ногата околу каснатото од комарец од чешањето цела сум ситни модринки во круг.