Сигурно се имате запрашано: дали сум различен или сум ист како повеќето? Направете го овој тест и ќе го најдете одговорот. Следете ги инструкциите и одговарајте на прашањата, едно по едно – секако напамет и колку што е можно побрзо: Колку е: 15+6 3+56 89+2 12+53 75+26 25+52 63+32 Да, сметањето напамет и не е баш толку лесно. Но, сега доаѓа најдобриот дел: 123+5 Брзо, замислете еден алат и една боја! < < < < < < < < < < < < < < < < Замисливте црвен чекан нели? Доколку не замисливте црвен чекан тогаш сте во 2% од популацијата која замисли нешто друго. 98% од популацијата замисли црвен чекан кога ја решаваше оваа задача. хахахаха се пресмеав го најдов на мотика ова. Што замисливте вие?
Сите за 10 секунди ги пресметав, кога прочитав да замислам алат, ништо не размислив, а боја прва на памет ми текна розова.
Хахаха...уште не прочитав што е резултатот и замислив црвен ама клуч..И после читам дека најмногу црвена боја замислувале
Значи ние 3 спаѓаме во таа популацијата со 2 %, само се прашувам зошто црвен чекан, бројките да асоцираат на тоа?
Го читав ова сабалјево на мотика и просто не ми се веруваше, ама навистина замислив црвен чук Потоа ја викнав мајка ми и таа кога стигна до прашањето вели Чук, ја прашувам каква боја, и она вели па ај нека биде црвен. Леле само колку сме се смееле. Само не разбрав каква е поврзаноста со бројките што ги собираш