Може ли бракот да се врати од дното?

Дискусија во 'Брак' започната од referentka, 2 мај 2018.

  1. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    11.098
    Допаѓања:
    285.227
    Темава ја отварам за да продискутираме, немора да постои пример или конкратен случај.

    Идеата ми е, да размениме искуства и мислења кои би можеле да поттикнат некого (кој чита) да најде начин и излез од брачна криза.

    Дали двајца брачни партнери кои доста време се незаинтересирани еден за друг може да го ,,разбудат,, бракот и да го извадат од криза?

    Може ли да се врати блискоста меѓу двајца кои изгубиле интерес еден за друг?

    Колку е потребно да се вложи за враќање на бракот во полн сјај и дали вреди да се вложува во ,,реставрирање,, на брак ?
     
    На Dust, VladeMila, ivi1987 и 6 други им се допаѓа ова.
  2. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    2.401
    Допаѓања:
    66.527
    Доколку двајцата партнери сакаат да успее, тоа би значело дека двајцата кај себе треба да ги отстранат недостатоците кои довеле до криза, а најчесто тоа е невозможно...
    Може да се обидуваат и навидум да изгледаат среќни, но сметам дека и при најмал проблем ќе се отвараат старите проблеми...
    Затоа мислам дека нешто што еднаш се скршило, не вреди да се лепи
     
    Последна измена: 2 мај 2018
    На VladeMila, ivi1987, mira.mira и 7 други им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    16.476
    Допаѓања:
    149.176
    Сите бракови кои се подолги од 5 години (од прилика), барем еднаш биле 'реставрирани'.
    Постојана работа е бракот.
    Кој е спремен да се бори, ќе се бори.
     
    На glosipgirl, Milobebence, bebaa и 14 други им се допаѓа ова.
  4. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    11.098
    Допаѓања:
    285.227
    Најмногу во брак остануваат присилно-поради децата, неисполнети и несреќни.
    Многу труд бара тоа враќање на бракот во нормала.
    За секого и поимот ,,нормала,, е различен, така да неможеме да дадеме дефиниција за нормален брак.

    За себе да си кажам.
    После еден тон проблеми престанав да го сакам:(.
    Ми стана само другар т.е. цимер.
    Пробувавме да се вратиме назад како во старите времиња, но и на двајцата тие обиди ни беа одвратни, дури мислам дека правевме очајнички потези колку да се рече ,,се обидовме,,
    И двајцата несакавме да успее.

    Можеби да сме сакале, ќе успеевме
     
    На Mari*, Milobebence, VladeMila и 22 други им се допаѓа ова.
  5. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.035
    Допаѓања:
    13.450
    Пол:
    Женски
    Не постои брак кој немал „подеми и падови“. Меѓутоа, ако настапил толку голем „пад“ и ако трепнието се изгубило, исчезнала љубовта, неподносливоста настапила во секојдневието и домот одеднаш станал место во кое никој не сака да се врати, од тоа нема враќање. СПоред мене подобро да се прекине таквото „мачење“ на двајцата сопружници и за подобро на децата е да се разделат. Да, за подобро, затоа што и децата „паѓаат“ од таквите намуртени и несреќни фаци, вака барем ќе знаат дека се разделени и посреќни секој сам со себе, а секој во добри односи со децата.
     
    На VladeMila, ivi1987, fina erika и 6 други им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    16.476
    Допаѓања:
    149.176
    Те разбирам скроз. Скоро 15 години сме во брак со сопругот. Имало моменти кога ми идело да го фрлам низ прозорец, а и него мене. После толку време и искуство, почнав многу повеќе да се потпирам на разумот, отколку на чувствата.
     
    На Milobebence, VladeMila, fina erika и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Zaljubena26

    Zaljubena26 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    23.795
    Пол:
    Женски
    Во случај кога партнерите се посветени еден кон друг, совесно ги извршуваат брачните обврска и се подготвени за компромиси и заедничко изнаоѓање на решенија, се разбира при тоа почитувајќи се, не би требало бракот да го достигне дното. За да стигне до тој степен обично недостигаат повеќе работи. Често се случува несвесно да ги занемариме нештата кои го прават бракот успешен. Не дека не е можно тој да се спаси, луѓето се менуваат и доколку постои вистинска желба и залагање од страна на двајцата партнери тогаш може да се очекува позитивен исход на работите. Ама како што реков, и двете страни треба максимално да се посветат, ако само едниот се труди а на другиот му е сеедно тогаш не бива ништо од таа работа.
     
    На Milobebence, VladeMila, CaraMia и 9 други им се допаѓа ова.
  8. muchacha_a

    muchacha_a Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    14.572
    Пол:
    Женски
    Во секој брак постојат и убави и лоши работи.И подеми и падови.Во одредени периоди има тешки ситуации.Ако партнерите заедно се држат може ќе успеат.
    Ние имавме лош период кога се роди првото дете.Финансиски проблеми,потоа проблеми со моите поточно татко ми кого не доведе да бидеме во таква лоша фин.ситуација.Па јас и мм постојано се расправавме.Во нервоза не бирам зборови и се изнакажувам е после ми е тешко многу.
    Го пребродивме тоа.Потоа пак 2ро дете.Пак бевме во некаква слична ситуација.Пак имаше расправии и јае никако уста да затворам.За се што ми лежи си кажувам.А да пукам сама у себе од бес немоќ и очајност,не.
    И точно дека од сите проблеми човек веќе не сака исто,се му се менува има други размислувања и чуствата веќе не се исти.Но,ако се вложува од двете страни тогаш ќе се подобрат работите.Премногу е сложено.
     
    На VladeMila, fina erika, mira.mira и 3 други им се допаѓа ова.
  9. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.498
    Допаѓања:
    25.466
    Пол:
    Женски
    А зошто би го вадела од дно, која би била толку јака причина за се мачам!???
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. hellocity

    hellocity Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    2.374
    Допаѓања:
    4.975
    Пол:
    Женски
    Не, можеби додека се биле дечко и девојка или први години од бракот се им е било розево ама тие дознаваат колку се сакаат кога ке имаат деца и како се ѓи гделат обврските во домот ако влезат тогаш во криза тешко да излезат.
     
  11. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.561
    Допаѓања:
    10.961
    Пол:
    Машки
    Зависи и од ситуација до ситуација односно поради кои причини дошло до сето тоа. Во некои ситуации со оглед на факторите поради кои дошло до таа состојба може да се спаси бракот, додека во одредени ситуации каде што веќе проблемите довеле до голема криза многу се мали и минимални шансите. Но според мене вреди да се обидеш да го спасиш бракот без разлика на се. Разводот е крајно решение и може да почека доколку сметаш дека има простор да се изменат работите. Јас така мислам може да звучи глупаво и банално , но тоа е моето скромно мислење во поглед на темата. Може и погрешно размислувам. :?:
     
    На CaraMia му/ѝ се допаѓа ова.
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.774
    Допаѓања:
    25.231
    Пол:
    Женски
    Ако веќе е дојдено до тој степен, нема што да се враќа. Се знае кое е решението. Сигурно нешто не штима штом бракот виси на конец. Не се согласувам да се остане во брак заради децата. Не е во ред децата да бидат сведоци на нетрпеливоста помеѓу родителите.
     
    На SV1911 и fina erika им се допаѓа ова.
  13. Forca

    Forca Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    615
    Пол:
    Машки
    Кај мене важи едно мото: ,,Се женам еднаш како што се раѓам само еднаш, мојата сопруга ќе биде како дел од мене, а човек на сам себе не може да се лути."
    Затоа и да имам караници со мојата сопруга нема да си дозволам да прерасне тоа во причина за развод, се уште не сум оженет, но поради овие мои сфаќања дека сакам да остарам заедно со личноста која сум ја избрал за мој животен сопатник, не се женам на брзо за да не погрешам. :)
     
    На VladeMila, PaLaVa, winter flower и 4 други им се допаѓа ова.
  14. jasbi

    jasbi Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2016
    Пораки:
    870
    Допаѓања:
    7.056
    Пол:
    Женски
    Колку и да се има проблеми во бракот ако имало голема љубов кога се земале тогаш таа и ќе може да се обнови.Се поминува и финансиска криза и мешање родители и деца ќе пораснат и со разговори ама отворени мегу партнерите се надминува се.Љубовта се менува помалку ,повеќе во тие кризи но не се губи.Единствена причина за да се изгуби и заврши брак за мене лично е само неверство.
     
    На Milobebence му/ѝ се допаѓа ова.
  15. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    5.472
    Decata I obvrskite okolu NIV ne go menuvaat brakot tuku samo mu davaat dlabochina na cuvstva kon partnerot.Odnosot I nezainteresiranosta na eden od partnerite go menuva. Eden stanuva posebicen, pocnuva da si go zivee zivotot na svoj nacin, da ne se grizi I da ne si gi ispolnuva obvrskite. Kolku da e golems ljubovta pred brak taa pocnuva da istekuva. Ogincheto megu dvajcata da se gasi, da tlee potivko. Eden da go spasuva brakot ne moze. Sto I da napravi edniot , samo se ochajnichki potezi I ne go spasuvaat brakot. Brakot e zaednica na dvajca. Koga ke zgasne ljubovta nema opravuvachka, nikoj ne moze nisto da spasi. Decata se samo izgovor da ne se zema odgovornost na porazot vo svoi race. No I decata porasnuvaat I nema izgovori da ostanat nesrekni vo brak. Nesrekniot brak go menuva chovekot, od nego stanuva samo senka na toa sto nekogas bil. Dodeka ima chuvstva vredi da se borat obajcata no potoa treba so um da se razdelat.
     
    На VladeMila, CaraMia, winter flower и 3 други им се допаѓа ова.
  16. snezan4e

    snezan4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2010
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    1.132
    Само ако и двајцата имаат желба да го вратат од дното, двајцата вложуваат и двајцата се свесни за сопствените маани,а не како кај мене,ги гледаше моите,а беше слеп за сопствените.Не мора да е бракот доведен до дно,ако во него се труди,вложува и се дава себе си само едниот,од тоа не бидува ништо.Исто така многу битен фактор е тоа што довело до дно,секоја приказна е различна и најдобро знаат директните учесници.
     
    На Milobebence, CaraMia, muchacha_a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    4.519
    Допаѓања:
    30.376
    Пол:
    Женски
    Секој брак е приказна за себе. Не постои формулација со која може да се одреди успешен и среќен заеднички живот. Таквата интеракција е условена од индивидуалните особини на партнерите, заедничките интереси и меѓусебното надополнување.
    Кога има криза од различни причини проблемите може да се надминат со изнаоѓање компромисно решение. Ако едниот од партнерите не е заинтересиран да се подобрат односите, другиот колку и да се труди и да се вложува себеси не би можел ништо да направи. Причините кои силно ги поврзуват и личните недостатоци треба посветено да се контролираат и да се работи на одржување на брачната хармонија.
    Некогаш крајот е видлив побрзо од очекувањата. Разделувањето не е најсреќниот избор, но може да биде најдоброто решение во конкретната ситуација.
    Во мојот случај обидот за реставрација беше залуден. После разговорите во кои беше категоричен за неотстапување од неговата животната замисла во која не се пронаоѓав, бев свесна дека од мене зависи одлуката за разделба. Не сакав да трошам енергија,нерви и време за нешто што не вредеше да го влечам од дното.
     
    На Yowannty, Milobebence, VladeMila и 10 други им се допаѓа ова.
  18. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    11.300
    Пол:
    Женски
    @referentka Интересна тема,една од најреалните што се се случува во секојдневната живеачка.
    Во секој брак има и падови и подеми но тоа да не прерасне во случка за која што нема враќање назад.
    Еве еден пример ќе го кажам за мене.
    Во брак сум 13 години.
    Едно дете на кое не сум му биолошка мајка а го сакам како мое исто и мојот сопруг.
    За една изгубена бременост и дете,сопругот ми беше најголема поддршка и морална и психичка.
    И што кажа еден член погоре,еднаш се раѓам еднаш основам фамилија.
    Една изгубена драж во бракот колку сакаш труди се нема да ја вратиш.
    Не дека имам совршен брак но имам разбирање и взаемно решавање на проблемите.
    Што викаше една стара моја колешка на почетокот сме од љубов а после од навика и потреба дека ќе си требаме еден на друг.
     
    На Milobebence, VladeMila, Victorian и 6 други им се допаѓа ова.
  19. lovestoneddd

    lovestoneddd Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    3.813
    Допаѓања:
    36.585
    Пол:
    Женски
    Според мене не.
    Доколку се работи за некои банални несогласувања, секако треба да се седне и да се разговара и да се надминат тие разлики,да поминеш и преку гордост и преку некои свои убедувања, за заедничко добро.
    Во друга крајност..кога постои огромна нетрпеливост меѓу партнерите,взаемна незаинтересираност и одбивност, тука според мене лежи почетокот на крајот. За мене многу важно нешто.. сексуалниот нагон и страста,кое апсолутно сум сигурна дека го нема во долго годишните бракови. Или постои ама со превез на навика и ради реда.Исто и со љубовта. Прераснува во навика,заеднички цели,чување деца и сл.
    Може да отсакаш некого што си го сакал повеќе од себе, и тоа е сосема ок. Размислувам, имам еден живот. Зошто да го трошам залудно,чуствувајќи се празно одвнатре,покрај особа која веќе не прави да се чуствувам најисполнето на свет,заради некои навики или пошто ете сум се обврзала,или ради децата.
    Верувам дека ние луѓето сме полигамни суштества и понекогаш се плашам од ваквото мое размислување,поточно од моментот кога би требала да речам некому Да..
     
    На poenta, winter flower, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  20. marchi-cool

    marchi-cool Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    5.626
    Допаѓања:
    11.593
    Пол:
    Женски
    и јас сум го замислувала така бракот но далеку е тоа од реалноста. Многу тешko се крева од дното,за тоа треба обострана воља и длабоки чуства
     
    На referentka, SummerGirl, mira.mira и 1 друга личност им се допаѓа ова.