Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Може ли бракот да се врати од дното?

Дискусија во 'Брак' започната од referentka, 2 мај 2018.

  1. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.059
    Допаѓања:
    36.100
    Пол:
    Женски
    Ако едниот партнер не се обидува да вложи напор за да се средат работите, се е џабе.
     
    На didisi, PaLaVa, referentka и 3 други им се допаѓа ова.
  2. snezan4e

    snezan4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2010
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    1.202
    Немаме многу размислувања по сличниве теми од машки членови,па сакав да напишам мислење,превземен од друг форум од член Аркантос.Текстот е многу долг,но поттикнува на размислување и секако некому можеби ќе му биде корисен.
    Јас цел свој живот велев: кога ќе стане нештото неподносливо, одма развод... секој по свој пат, подобро и за децата и за возрасните. Ама знаете што? Арно велеле старите... не прашуј гаталец, прашуј паталец.
    Теоретски, во дисфункционален брак, детето толку страда што после има такви психички проблеми што завршува како деликвент, наркоман, или нормален човек, ама со аверзија од брак.
    Знаете како завршува детето со самохран родител којшто во ова општество, најчесто НЕМА начин да заработи повеќе од 15.000, а алиментацијата, најчесто, не знам дали знаете, преку адвокати се зема, или никогаш не се зема? Исто, деликвент, наркоман, или нормален човек, ама или со аверзија од брак, или со копнеж да создаде хармонично гнездо за своите идни деца, и да биде оној родител што никогаш го немал.
    Знаете што е пострашно? Што самохраниот родител, доколку сака ништо да не му скрати на своето дете, во овој страшно материјалистички свет, работи 12 часа, во никакви услови, го фрла здравјето и или рано починува, или се мачи со тешки болести. Знаете како боли кога детето ќе стане свесно дека родителот умрел за нему да не му фали основното: вода, струја, облека и мизерна храна?
    Тука ќе ми речете дека ставањето на економската благосостојба за изговор е идиотски затоа што и со двајца родители, многу од луѓето се на питачки стап, затоа што едноставно нема работа, и ќе ви речам, можеби сте во право, но друго е четири раце да заштитуваат дете, друго е две. И за смртта, ќе ми речете дека смртта доаѓа тогаш кога треба да дојде, и пак имате право, ама бидејќи човекот на Балканов си има голем проблем со грижата на совест... не знаете како јаде кога ќе легнете да спиете и кога ќе се сетите на сите глупости што сте ги направиле кон родителот што, според вас, го дал животот за вас - и покрај тоа, се откажал од својот. Бидејќи теоретски, родителот кога одлучува да има дете, се откажува од својот живот, ама тоа го бара само она дете кое е до толку себично што се смета за божество, бидејќи секој што живее, го има правото на својот живот... треба да се најде начин на соживотот... И како што родителот го сака најдоброто за својто чедо, и чедото треба да го сака најдоброто за својот родител. Точно, некогаш можеби се чини дека разводот е најдобра опција за родителот, а потоа да си најде друг партнер и сѐ да си биде во ред... за жал, општеството сѐ уште ни е толку многу заостанато, што ретки, ама навистина се ретки оние што го продолжуваат животот после еден пропаднат брак... јас и сестра ми пример, ја молевме мама да не прекине да гледа за својата среќа, но знаете што ни одговараше? „Кога не ме огреало од сабајле, на пладне не барај.“....
    Покрај тоа, општо позната човечка карактеристика е да го сака она што го нема, посебно за малите деца (колку и правилно да ги воспитуваш, тоа посакувањето на туѓото е некое архетипско чувство, не можеш да го избегнеш). Токму затоа се појавуваат оние реченици „На Бојан мајка му и татко му колку се совршени, вие сте никакви“, и кога ќе пораснеш ќе сфатиш дека било можеби обратно. Не е важно тоа, важно е дека детето секогаш ќе го споредува своето семејство со семејството на другарчето, и тоа не само на љубов - храмонија основа, туку на материјална, секаква. Посебно кога родителите ќе мора да станат малку построги за да ги постават границите во животот на детето... тогаш како некој одбранбен механизам му доаѓа споредбата. Што сакав да постигнам со ова. Полесно е детето да се справува со таа споредба кога ќе има и мајчинска и татковска фигура да споредува, а не само мајчинска. (не го зборам од памет ова... го зборам по сеќавање, што ме болело мене)
    Покрај тоа, сѐ уште зборувам за оние ниски години (од 0 до 10 години), децата не познаваат морални вредности, посебно не го знаат она морално начело: не зборувај отворено за она што го знаеш, а знаеш дека тебе би те болело. Следствено на тоа што секое дете се споредува, почнуваат омаловажувањата: копиле, сирак, идиот. Почнува она што американцине најчесто го велат bullying... Таквите деца најчесто(значи чест на исклучоци) остануваат аутсајдери, не затоа што тие го сакаат тоа, туку затоа што се истакнуваат од нормалното (а мора да знаеме дека децата во најраната возраст за нормално го сметаат само она што е нормално во нивниот микроуниверзум: пр. јас до 6 годишна возраст не се прашував каде е татко ми, но откако почна она што погоре го реков булинг, тогаш почна да се искривува сликата за нормалното во мојот микроуниверзум).
    Покрај тоа што, НЕ СМЕЕМЕ ДА ЗАБОРАВИМЕ ДЕКА ЖИВЕЕМЕ НА БАЛКАНОВ (до душа и озборувањата, како и принципот на споредба се архетипски начела, не е дека е до Балканов, ама кај нас е малку поизразено, посебно во мали места), дали знаете за разведени, самохрани родители какви муабети излегуваат? И дали знаете на колку болен начин ги дознава детето? „Не смеам да се дружам со тебе, мама вели дека си Албанец“, а детето не знае ни што значи тоа, па се мисли, па прашува дома. Да не се разбереме погрешно, не дека јас ја правам дискриминацијава, само ви кажувам реални примери.
    Сепак, не го негирам фактот, дека некогаш најдобро е човек да се одлучи на таков чекор: поради родител наркоман, поради насилник, поради непростливо неверство, поради немање ама ич љубов и разбирање... ама тука следи она што повторно лошо се одразува на детето, сега ќе го појаснам...
    Идеално би било во таквите ситуации, родителите да дојдат до разумен договор, двајцата родители да поминуваат еднакво време со децата, двајцата да учествуваат еднакво во воспитувањето на децата. Не знам дали некаде постои таков случај, во моја близина не, ама тоа би било идеално...
    Сепак, за жал, или едниот родител потполно исчезнува и не се грижи ни дали е здраво и живо детето, ни дали е здрав и жив родителот. Продолжуваш со животот и забраваш дека некаде имаш твоја крв...
    Ама има и уште еден случај, оној што го доживеав јас на свој грб. Во една од најголемите кризи во мојот брак, кога јас бев најголемиот виновник за тоа што се случи, стигнавме до време кога сфативме дека не оди, таа не може да прости, јас не можам да се вратам назад, си дадовме неколку месеци „оддишка“, живеевме одделено, со цел да се „разладат“ односите, да видиме дали може да функционираме одделено. За сите тие месеци, јас се консултирав со преку 30 адвокати, како да успеам да ѝ ги земам децата, затоа што себично не сакав да се тргнат од мене, затоа што не сакам да растат далеку од мене. Не мислев на нив, бидејќи колку и да ги сакам, свесен сум дека во животот на детето, мајката ја игра најголемата улога, мислев на себе, и на мојот императив да бидам родителот што никогаш сум го немал. Додека не почна да ми се лади лудилото и не се освестив дека станувам кукавица и бегам при првата криза наместо да се обидам да ја решам, за да не страдаат ни тие, ни ние. Потоа, кога се смиривме со жена ми, дознав дека и таа го правела истото(барала начин да ми забрани да имам пристап до децата, лута на мене, ми се одмаздувала преку нив). Значи и двајцата стигнавме до ситуација, децата да ни бидат „материјално добро за поделба“... Верувам дека тоа се случува во многу семејства, не затоа што мене ми се случи, туку затоа што најчесто тоа го гледам и слушам.
    Среќа некоја повисока инстанца ми го сочува мозокот, и ѝ го сочува на жена ми, па сфативме дека вреди да се бориш да опстане бракот, врската, дека за жал, ниту јас, ниту таа не сфативме на време дека животот после раѓањето на децата не останува ист. Дека во брак, егзосрцизам треба да се спроведе врз гордоста и себичноста, и дека треба да се прости, да се заборави и дека е од клучно значење да се разговара. Посебно јас не го сфатив тоа, бидејќи јас бев навикнат да го имам цело внимание на овој свет, за мене. Мене да ме гледа, мене да ме мази, мене да ме пази, со мене да биде секаде, и почнав да ја делам со децата и го кренав опашот, и од тука почнаа нетрпеливости, караници и, од денешна перспектива, смешни ситуации. Сега и двајцата се трудиме да простуваме повеликодушно на нашите глупости, да се контролираме, да не избрзуваме со постапките... и иако е сѐ уште рано да речам дека ја вративме онаа совршена врска која што ја имавме пред бракот и до пред некоја година, но на пат сме.
    Дали тоа го направивме ради децата? Верувам дека делумно. Делумно за децата, делумо за нас. Делумно поради она што го велеше мајка ми „Ако од утро не те огрее...“ и делумно затоа што и двајцата знаеме како е да се живее онаа, другата страна на детството. “
    „Знам дека се дел од мене, проблемот беше што јас очекував да го имам истото внимание како претходно од неа, и го немав, што е сосем нормално, подоцна сфатив дека и јас не ѝ го давам истото количество внимание како порано, но некогаш човек е себичен и гледа само околу себе, не и во себе.
    Не беше поентата на коментаров да кажам во врска со нашиот брак, туку да потенцирам дека децата, во нашата околина, најчесто, страдаат исто како во дисфункционален, така и вон брак, бидејќи за едните е токсичен домот, за другите околината... дека мора да се најде златната средина, но многу често децата стануваат „материјално добро“ за разделба помеѓу двајца, заслепени и залудени родители или пак жртва на еден саможивник, којшто заборава дека направил дете.“
     
    На IRBBB, sonuvana, Mari* и 15 други им се допаѓа ова.
  3. Nalutena1

    Nalutena1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    498
    Допаѓања:
    1.762
    Пол:
    Женски
    Sevo ova sto go napisal covekot e pravilno, se se moze ako se saka, ama Obostrano....
    Ako se boris sam/a do nikade nema da stignes, se e za dzabe.
    Ti sakas da ti uspee brakot se boris, ama sama, a partnerot si tera po svoe...pa bogami na takov brak so sigurnost treba da mu se stavi tocka.
     
    На CaraMia, Milobebence и SummerGirl им се допаѓа ова.
  4. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.051
    Допаѓања:
    225.353
    Пол:
    Женски
    Од петни жили и помош од стручно лице. Тогаш да.
     
    На crazylady, CaraMia, didisi и 2 други им се допаѓа ова.
  5. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.000
    Допаѓања:
    14.400
    Пол:
    Женски
    кое стручно лице? Зошто на пример јас која сакам да си го дигнам бракот во нормала дада посетувам незнам какво (или секакво) стручно лице а тој да си се легачи ништо да не го интересира? Јас што ќе добијам ако сама одам по стручни лица? Кога некој нема папамет се е џабе никој не може да помогне
     
    На zalosna и Nalutena1 им се допаѓа ова.
  6. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Сака да ти каже двата партнери заедно да посетат стручно лице не само едниот,marriage counseling- брачен советник мислам дека би било на македонски.

    Да се изјаснам на темава, еднаш штом почне да тоне бракот тешко дека би се вратил повторно во нормален брак.
    Лично искуство 13 год. во брак од кои 7 сама се борев за да го задржам бракот и да го вратам во нормала нормално не успеав и сега кога помислам колку време,нерви и здравје сум изгубила си се лутам сама на себе. :fubar:
     
    На CaraMia, Mari*, marchi-cool и 4 други им се допаѓа ова.
  7. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    Mozhe samo ako se potrudat i dvajcata :)
     
    На mira.mira и CaraMia им се допаѓа ова.
  8. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.051
    Допаѓања:
    225.353
    Пол:
    Женски
    Ти сама не си во бракот. За се треба двајца и кажав за двајцата . Во брак не си сама. и не се истурај на погрешно место :) нема да ти се реши проблемот така.
     
    На ane.bella и CaraMia им се допаѓа ова.
  9. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.000
    Допаѓања:
    14.400
    Пол:
    Женски
    не се истурам си прашувам и си кажувам мислење. Фала Богу немам проблем засега се надевам така ќе остане
     
  10. blondegirl95

    blondegirl95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2017
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    94
    Пол:
    Женски
    Може. Со желба и придонес на двајцата сопружници.
     
  11. Rada15

    Rada15 Активен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2020
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки,

    Ќе се обидам да бидам кратка..
    Ми требаат ваши мислења, доколку некој поминал низ слична ситуација, да споделиме..
    Со сопругот сме во брак околу 3год. Имавме долга врска од повеќе од 10години. Мој прв дечко, прв бакнеж, многу го сакав! Бевме разделени поради студирање во странство негово, за кое време а и после тоа јас максимално се вложував! Седев пред ком, чекав да стигне на пауза/по предавања/ после состанок од работа и сл. Кога имавме фин. можност се гледавме, кога не не се гледавме и по 3/4 месеци. Имавме несогласувања но верував во него. Никад, не го изневерив, не отидов ни на кафе со некои дечки од факс кои осеќав дека имаат симпатии кон мене.. Бидна што бидна, се зедовме.. Ниту се случи нешто посебно, ниту ништо некако оладив скроз кон него... Цело време ми се вртат старите случувања со него (како јас го чекав да се врати, трчав за него на дипломски, магистерски а он вложен апсолутно во својата кариера некад беше со мене кога можеше но кога не можеше испушташе родендени и др мои важни датуми). Сега, демек кога дојде време да као се средат нештата како нешто да се скрши во мене.. Он е добар човек, коректен и се но јас се сомневам дека поради сите нешта кои ги пројдов, мислам дека ги немам истите чувства кон него ☹️☹️ Се уште немаме деца, но почнав да се прашувам дали и тој е човекот што ми треба...
    Работи он работа од по 12 саати и мислам дека и тоа е една мала причина од многуте што односите целосно се изладија. Искрено, ова го осеќам последната година се повеќе и повеќе..Не помисувам на неверство но исплашена сум. Страст помеѓу нас како да не постои ( ни тој нема друга, цело време е фокусиран да постигне што повеќе на раб.место ), за време на секс (кој е се поредок) сум отсутна со мислите и едвај чекам да завршиме.. Не ми е до тоа. Се плашам и за ситуацијава и за развод (доколку не се надмине ова). Не знам ни што да разговарам со него, кога сум свесна дека нешто во мене е скршено... Не знам јас тоа како да го надминам (и дали е воопшто можно) или е подобра варијанта развод...
    Секој совет е добредојден.
    Фала ви на сите
     
  12. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    1.064
    Допаѓања:
    7.323
    Mislam deka ste za brachno sovetuvanje od profesionalci za da se soochite so site naplasteni raboti so tekot na godinite.
    Vo kolku ima zelba I trud od obajcata veruvam deka ke se spasi brakot. Sama kako edinka kolku I da se trudis ne mozes da najdes reshenie. Doagjanje na bebe vo zaednicata vo ovie odnosi megju vas e samo komplikacija vo kompliciraniot odnos.
    So sreka I obidete se da se pronajdete vo brakot.
     
    На eliesaab и Rada15 им се допаѓа ова.
  13. JoanaS

    JoanaS Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    3.969
    Пол:
    Женски
    Дали имаш почнато со него некој разговор за тоа како се осеќаш?
    Мислам дека ако немаш продискутирано треба да отвориш таква дискусија со него и отворено да си кажеш ем ќе ти олесни ем можеби тој не се осеќа така па мисли дека е со во ред. Можеби разговорот ќе го поттикни дека треба да се промени и да ти посвети повеќе внимание и време.
    Негде прочитав дека бракот за да опстои мора барем 90 минути во неделата да се дискутира за егзистенцијални теми без да бидете одвлече од некои други влијанија. Значи без мобилни, без посебни околности, едноставно отворен разговор.
     
    На eliesaab и mira.mira им се допаѓа ова.
  14. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Проблемот е што немате време за себе,ако работата му е сигурна тогаш не би било пречка да земе одмор и да одите некаде само вие двајца. Не исчезнало преку ноќ ништо туку ве гуши средината и атмосферата околу вас и се ви е монотоно. Тоа според мене е нормално скоро сите го поминуваат тоа затоа е потребно да си посветите внимание и време за вас.
     
    На Summerbaby, mira.mira и minne992 им се допаѓа ова.
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.914
    Допаѓања:
    132.846
    Зависи што е проблемот... Ако е неверство, нема враќање назад. Човек што за секс ризикува семејство е лош човек, и тој не се менува.
    Ако станале незаинтересирани заради сите проблеми и стресови, може да се смени, со разговор, иницијатива, мали задоволства...

    Ако има кавги секој ден, треба да се види од каде е изворот. Дали е решливо. Дали е променливо.

    Брак само заради дете не е брак, и ако не се реши проблемот, станува се потешко да се врати назад. У сета глума, умираат чувствата и крајот е неизбежен. Или несреќата постојана. Мислам дека нема решение во театар бракот.
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    @Rada15, ти твоето си го направила- си се трудела, си се вложувала, си имала разбирање. Муабетот ми е, и да не може да се спаси бракот, ти си „чиста“ пред себе. Некогаш едноставно врските не успеаваат.

    Со тоа кажано, никогаш не е прекасно се додека постои желба и волја за оправање на работите. Од твоја страна ја има, ама дали ја има и од страна на маж ти? Да, работи по 12 часа но не е животот само во работата. Сака ли тој да прави нешто или „уморен е од работа“ кога е дома? Дали вие поминувате време како пар, правите ли што заедно? Разговарате ли, имате ли заеднички активности, хобија, интереси? Ако заеднички поминатото време ви е сведено на јадење и гледање телевизија, ништо чудно што ве убива монотонија.

    Ти што правиш додека маж ти работи? Одиш ли на работа? Ако не работиш, како си го поминуваш денот? Колку ти си задоволна од твојот живот воопшто? Имаш ли другарки со кои можеш да испиеш кафе, имаш ли хобија на кои може да се посветиш?
     
    Последна измена: 8 декември 2020
  17. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    @Rada15 мене ми изгледа како се да е насочено кон исполнување на неговите желби, потреби и живот. Тој е активниот, ти пасивната. Си го чекала додека студирал, го чекаш додека заврши неговото р.време од 12 часа, чекаш да посака секс... Мислам дека твојот сопруг не прави ништо лошо, насочен е кон тоа да обеззбеди нешто за вас, но при тоа го запоставува она што е важно за вас двајцата, времето поминато заедно. Станувате странци. Животот го сфаќате како обврска, нема спонтаност. Верувам и дека кога имате време да бидете заедно, немате што да си кажете зошто ништо не се случува.
    Мислам дека ти си таа која се губи. Направи нешто за себе. И во мислењето што го напиша не спомна ништо за себе...заврши факултет? работиш? како поминува твоето време? Се ставаш во сенката на маж ти. Пред да спомнеш развод потруди се да внесеш живот во вашата врска.
    :hug:
     
    На Justicija, SexiLy, JoanaS и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.440
    Мислам дека разговор со психолог или која веќе е македонската варијанта на она што америте го нарекуваат брачен советник би можела да помогне. Независна личност која не е инволвирана лично со вас а сепак има едукација за на некој начин да биде "медијатор" , би можела да расветли нејаснотии кои ни сами за себе понекогаш не можеме ( или не сакаме) да си ги дефинираме.
    Едно е да е воркохолик , второ е да те запоставува , тек кога деца ќе дојдат, како планирате да го организирате времето и слични прашања. Незадоволство што си тлее секако нема да предизвика среќна иднина. Или релативно среќна. Можеме само да погодуваме што како, но само ти си со себе 24/7 , и ти знаеш за што можр да се договорите, а што е неприфатливо од негова или твоја страна.
     
    На Justicija и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  19. Rada15

    Rada15 Активен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2020
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    Се што си напишала е апсолутна вистина во нашиот однос и токму поради тоа јас комплетно оладив кон него. Желба за секс никаква, дири се ежам од помислата!
    Јас завршив факулет, магистрирав но се преселивме во др држава поради неговата подобро платена работа, каде не знам јазик, немам познати и се од почеток... Не сака ни да слушне за враќање во Мк ( од една страна разбирливо, потади финансиите, но од др страна јас не се пронаоѓам тука воопште. Нема никаков живот, има само и само работа! ). Јас сум правник по професија, работев во Мк, тука е тешко со мак.диплома и без јазик...
    Многу работи пропуштивме како пар во меѓувреме и мислам дека нешто како да се скрши. Го почитувам и се слагам со него, но повеќе како пријател, човек кој го познавам од средношколските денови..Не постои однос на маж и жена меѓу нас подолг период (јас дури и не знам дали би ми било криво доколку тој тргне со друга...) Мислам дека не бев свесна колку работите не функционираат до скоро...Се посвесна сум за жал.
    Искрено, не знам дали јас би можела да бидам истата со него. Моите чувства не се одамна исти... Се плашам, што на пример ако добијам дете и пак истото.. Ќе се разведам со дете, ќе се вратам во Мк кај моиве со дете и без работа..
     
    На sanjaeva му/ѝ се допаѓа ова.
  20. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    1.064
    Допаѓања:
    7.323
    Prvo treba da sr pronajdes vo novata sredina. Neka bide nekoja struka koja e bliska na tvojata ,nauchi jazik, integriraj se vo opstestvoto tamu.Koga si se mazela za nego si gi znaela negovite stavovi I planovi za zivot vo stranstvo.Si gi prifatila, si prifatila I vrska na dalechina I dr. I tamu I vo Mk moras da rabotis samo za razlichni sumi ,no tamu sega ti e dosadno zasto treba da napravis napor za da si go najdes mestoto za da zarabotuvas za zivot. Normalno e deka na obajcata vi e teshko.I na nego ne mu e lesno da zarabotuva I da se dokazuva. Na megjusebniot odnos vo brakot treba mnogu rabota I struchna pomosh vo kolku ima problemi. Mozete da si go priustite toa. Idejata da go vratis vo Mk nema da se ostvari,toj dolgo vreme e tamu. Stom si pishala na forum znachi sakas da se podobrat rabotite, togash borete se obajcata da vi uspee brakot.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.