Како да го ојачам карактерот?! Имам желба, имам воља, ама ...е тоа фамозно АМА што стои на патот на остварувањето Може ли воопшто да се зајакне карактерот, дали со секојдневно неколку минутно стоење под ладен туш, дали со искреност према себеси или па со измачување,...знаеме дека се може да се промени ако човек сака, но најтешка борба е борбата со себе...постои ли некоја универзална формула за зајакнување на карактерот?? Зман дека карактерот не е мускул за да се зацврсти, но веројатно и на него му треба вежбање, дисциплина, режим....Па кажите бе феминки, како вие си го јачате вашиот карактер
Да но што кога карактерот е опаднат заради други? Кога и да го промениш пак ќе се осеќаш несигурно, можеби треба и други работи да се изменат не само карактерот..
Па сигурно дека треба и навика, една по една полека да ги менуваш. Незнам, навистина незнам...знам само дека карактерот не може преку ноќ да се смени, свесна сум дека ќе треба пополека да се поместува границата на комфор зоната...
Карактерот се гради со тек на време, од најмала возраст па се до крајот на животот, но нема некоја универзална формула за тоа едноставно сам одлучуваш, и секојдневни ситуации влијаат на тоа каква личност ќе бидеш, и со каков карактер. Ништо не се менува преку ноќ, мора период да мине за нешто да се промени, а на крај и искрено не знам и колку драстично можеш да се промениш искрено, не џабе рекле 'ВОЛКОТ ГО МЕНУВА ВЛАКНОТО, АМА КАРАКТЕРОТ НИКОГАШ'...
Искуството го ојача мојот карактер. Со самите грешки и последиците од нив ме направија посилна. Цел живот учиме,нели?
Мислам имам читано дека карактерот се гради до 21 година и толку...јас говорам за цврст карактер, да не бидеш лбилна, нестабилна...мислам ме разбра.
Нема врска тоа, човек учи додека е жив! Можеби некој долго време ќе живее како лабилна личност и на 40тина+ год ќе ти пукне филмот и ќе решиш да се промениш. Затоа реков врз карактерот многу влијаат и секојдневни ситуации, нанесени неправди итн. Сите тие дали позитивни или негативни (обично негативните) работи најголемо влијание имаат врз градењето на карактерот.
Бабе пак уште една тема?!? Со карактер се раѓаме и со тек на животот го оформуваме. Искуствата, поразите ни го зајакнуваат карактерот. До некаде може да се промени но сепак корените остануваат. Тој што е лабилен како личност, со тек на време учи како да ја контролира лабилноста и да ја прикрива, но во сржта е секогаш лабилен тоа е мој став.
Во ред е душо, сфаќам, но затоа моето прашање е како да дојдеме до јак, цврст, силен карактер, како да бидам особа која ќе умее да ги дрѓи под контрола своите инстинкти, своите нагони, како да владеам со самата себе, како до поквалитетен живот, да им одолеам на искушенијата оти боли кога се враќаш на старите навики....да имам цврст карактер за да можам и мојата воља да ја искажам слободно.....
Еднаш лабилен-секогаш лабилен. Само МАСКА ставаме, не се променуваме.луѓето од страна те гледаат променета а внатрешно си истата личност. Без навреда ова
Извини,ама сите со некакви искуства кажуваме.сум видела и знам,само маската се променува.внатрешно е сепак истата личност. Не само за лабилност и за други лични особини зборувам. Еднаш агресивен-секогаш агресивен. Другото е само глума
Карактерот се менува само со јака волја. Мотивот за промена е двигател. Прво треба да знаеш што е тоа што не ти се допаѓа, што сакаш да смениш и секако да бидеш одлучен во тоа. Значи потребна е спартанска дисциплина. Тренингот на карактерот е преку разни ситуации, искуства, победи и порази, комуникација со луѓе, согледување и анализирање на сопствените и туѓите грешки и постапки, мислењата со кои се соочуваме, книгите кои ги читаме, па и музиката која ја слушаме има влијание, но најважна од се е волјата и желбата за промена.
пишав во постот на почетокот, имам воља, имам желба..ама немам цврст карактер..и пак по старо си терам.
Бабе прифати се себе си каква си. Не менувај ништо. И остај другите да мислат што сакаат. Оти ако се менуваш за еден, за друг истите тие ќе те згазат. Карактер е токму тоа.
Почни од почеток бе бабе. Значи желба и волја имаш. Барај мотивација, работи на дисциплината. Се согласувам дека не треба да се менуваш за никој, но ако не си задоволен од самиот себе, треба да се потрудиш да го промениш тоа што не ти се допаѓа. Да работиш на тоа да бидеш најдобрата своја верзија.
Да може.Јас порано бев слаб карактер и дозволував сите да ме газат.Ќутев и кога бев во право, и тоа траеше со години сѐ додека не се случи една случка и не се сменив за 180 степени.Тогаш станав груба, дрска, ладна, безобразна.Сите лоши работи кои ги преживеав ме наполнија со гнев и омраза ги ифрлував на невини луѓе. После крај на основно почнав од нула и денес сум скроз друга личност која многу не ја препознаваат.Со добра волја се постигнува многу лесно.Бар кај мене успеа.