Може. Долго бев на мислење дека суштински не е можно, но во време на неволја, се гради и тоа како. Додуше, мислам дека тогаш стануваш почовечен, а со тоа и подобар, помил, потолерантен, потопол карактер, барем јас стремам кон тоа...
Убаво пишала Гош поназад, прво треба карактер да се има па после да се зацврстува. Животните ситуации ни го јачаат карактерот, нема силен човек со лесно минато, нема јак карактер без доживеани и преживеани тешки удари, без носење цели планини врз плеќи, без грутки во грло, без душевни болки. И на крај, од секоја ситуација да имаме и по една лекција, а не само лузна. Треба да се научи. Би рекла дека животно искуство е во прашање. Подобар морнар е оној кој поминал низ бури отколку оној кој пловел по мирно море.
можи некој да ми дефинира прво, во која смисла 'да го зацврстиш карактерот'? Субјективно е. И Тед Банди со секое наредно убиство и силување, се повеќе го зацврстувал својот карактер, во правец кој нему му одговара, ама тоа не значи дека е во ред. Никој не му рекол: Браво бе Тед, стварно си јак карактер! Секое наредно убиство, ти е се полесно и полесно да го извршиш.
Кога ќе научи човек да не става запирки, три точки и да не остава недоречено, тогаш ќе знае дека карактерот му станал стабилен
Јакнење на караткер = самодоверба. Без разлика самодоверба во врска со што... Шега на страна, јас сакам да сум си нежничка, секогаш отворена кон сите со љубов, така да не сакам да бидам таа стереотипна слика за јак човек - без чувства, крута. Мене спиритуалноста и едуцирање за егото ми помогна моите чувства да се „недопирливи“, не сфаќам ништо лично, а ако не сфаќам ништо лично како нешто може да ме повреди. Во таа смисла сум јака, и да приметам дека нешто ме боли во срцето, одма си го приметувам процесот на размислување и го менувам. Пракса е ова. Карактер секогаш може да се смени само треба многу труд и вежбање.
За мене јак(нење на) карактер е придржување до принципи и правење нешта добри за себе. Таков човек и покрај искушенијата успева да направи промени кај нездравите навики и успева да остане доследен до зацртаните вредности.
Treba covek da se poznava ubavo i da saka da se zacvrstuva i nadograduva. So dodadena disciplina i odgovornost i eve gi rezultatite
Детството и раната младост се клучни, тој што веќе има цврст карактер може и понатаму да го зацврстува, останатите тешко. Само се обидуваат, па се враќаат на старо. Ова го мислам од што сум набљудувала луѓе. Ама се е можно, нејќам да демотивирам никого. П.С. И не сте зацврстиле карактер кога сте почнале да се однесувате лошо спрема рандом луѓе, тоа се вика "лечење" комплекс.