А од друга страна, народната, работата го создала човекот. Секој човек е создаден да работи, дали ќе биде бавча, куќа, професионална кариера. Кај работата нема среќна работа, туку има среќни денови само. Јас дури и за ниска надохнада, не би седела дома. Секако за тоа сум учела, сум се трудела, остварувала контакти, сум била и нервозна и среќна, и работа сум сменила. Дали може да издржува, веројатно да, зависи од безброј фактори. Дали треба, апсолутно не.
Може со повисоки примања ( од 40.000 па нагоре ), но , апсолутно не е во ред. Ако другиот партнер е во работоспособен однос , зошто да не работи ? Од аспект на невработен човек, да ви кажам. Јас до сега аплицирав во многу маркети , но не ме викнаа. Имав некоја комбинација за во општина, и од тоа ништо. Сега се распрашувам за работа по струката од средно училиште ( факултет немам, затоа и никој не ме прима) бар додека влезам, да ме бутнат со врска, потоа веднаш ќе запишам соодветна струка . Ако и од тоа не биде ништо, имаме со маж ми една бизнис идеја, малку е скапа, ама ретка е во градов.. Ќе се обидеме. Локалот го имаме, само опрема ни треба. Би работела од 7 наутро до 9 навечер ако треба, само да не сум затворена во четири ѕида. Лето ќе излезеш со децата во маало ама зима е тешко многу. Веќе 3 години како аплицирам и ништо. Чувствувам дека на моменти запаѓам во депресија од што седам дома. Најтешко е кога маж ми е на работа и отсуствува по недела и повеќе од дома..
Кај нас во Македонија многу тешко, за жал. Велам за жал, бидејќи сеуште има некои кои сакаат традиционално да си ги растат и воспитуваат децата дома додека се мали, а не да ги носат по градинки. Јас никого не осудувам дали седи дома или работи, бидејќи тие си знаат како им излегува есапот и јас не им давам пари за сега да зборувам види ја оваа работи или седи дома. Едно знам, дека има жени (посебно по селата) кои седат дома, ама да одат на работа ќе се чувствуваат поодморени, бидејќи дома само работаат, имаат бавчи, ниви и секојдневно работаат многу повеќе отколку пример да си седат во некој бутик. А, оние кои се на работа не се замараат многу дома, бидејќи после работа сакаат одмор. Сепак се зависи и до самиот човек. Честопати слушам, маж и земал голема плата, таа седи дома. Ако нив така им одговара, не знам кои сме ние да критикуваме. Кај нас премногу се критикува, за се и сешто. Како народ никој не си гледа за себе, сите зборуваат само за туѓиот двор. Од друга страна, несфатливо ми е, моја пријателка мајка на 3 дечиња (сите 3 и се едно по едно родени и се малечки), работи за 12 000, и двете ги носи во градинка, третото почна на училиште. Кога оди по пат не знае главата каде е, двете ги зема, третото за еден час треба да го земи, ниту да го чека може, а да оди дома треба назад да се врати. И помагаат од дома со чување, ама сепак растргната е премногу, а прашање е дали вреди за тие 12 000? Но, таа вели дека дома ќе спобудали, дека мора да е надвор и дека работи само за да не е дома цел ден. Друга пријателка со завршен факултет си седи дома, маж и зема плата од 40 000, немаат никакви кредити. Тој и вели зошто да бара нешто, кога со факултет не може да најде, па да не се мачи за 200 евра, да си седи дома, а нејзе тоа и одговара. Си работи низ дома, си прави ручек, потоа доаѓа тој па редовно си шетаат, парите им втасуваат за се. И така, секој си има свои причини, без разлика дали се за нас сфатливи или не.
И мене темата ми боди очи. Зошто баш мажот да го издржува семејството, нели и жената е исто толку способна? Како и да е, сметам дека има мажи кои се способни да го издржуваат семејството, секако зависи од работата и примањата. Јас лично никогаш не би седела дома, без разлика колкави примања има мојот сопруг. Секогаш ќе се трудам да се надоградувам, да бидам успешна, независна. Искрено не ги разбирам жените на кои подобро им е да седат дома и да чуваат деца. Ова важи за тие кои тоа го прават по личен избор, а не за оние кои не можат да најдат работа подолго време. Мислам дека општо за секој е битно да се социјализира, да ја осети сатисфакцијата кога поштено ќе си заработи и ќе си има свои пари. Ама, секој има право да си го живее својот живот онака како сака и како му одговара.
1. Маж ми никогаш не би ми рекол не работи ако сакам да работам. Ниту пак јас би прифатила нешто такво. Си имам јас кариера која ми е важна. Не дека не ми е важно семејството ама без кариерат ане сум јас тоа. Инаку и маж ми си има кариера и си има сосема солидни примања. Веројатно би можеле да преживееме само со неговата плата. Само што сега веќе сме навикнати на примања под двајцата кои се прилично солидни и имам таков начин на живот за кој ни требаат примањата од двајцата. 2. не сум маж. 3. Не сум од тие што би се грижеле само за семејството. Сакам да си имам и кариера. Се грижам детето да ми е супер подмирено, да има ручек зготвен дома, да е се испеглано, наместено. Тешко е некогаш дури и премногу, ама затоа имам помош и од баба сервис и од маж ми. Тоа што јас работам го прави него подобар маж и татко. Вклучување правосмукалка во текот на неделата е негоав работа, подобро реди машина за садови од мене на пример. Е сега тоа што јас работам го прави него мнооогу многу вклучен во заедничко одгледување на детето. Не морам само јас да му ја мислам. Го чува, рани, успива и слично. Не дека најголемито дел од товарот не е на мене пак (пример готвењето е само на мене и пеглањето), ама многу многу е вклучен. 4. /
Не работам, маж ми ме рани.. Барам работа на периоди, не наоѓам, се откажувам, по некое време пак барам, пак не најдувам, пак се откажувам.. и така си се врти во круг... Не ме тера да работам, ниту пак ми брани да работам. Сум работела иначе.. Имам 12 години стаж.. ама како што минат годините, и маките си се калемат, се ретчат можностите за вработување... Фак ит..
1. Дали ако како маж имате доволно средства да го издржувате целото семејство, би и сугерирале на сопругата да батали работа и да се грижи за децата и домот. Од друга страна ако сте жена дали би го прифатиле тоа? Како жена со 15 години работен стаж, не знам како би се поднесувала да не одам секој ден на работа. Така да ако мојот сопруг или партнер има доволно примања или богатство за лагоден живот, сепак би работела нешто, би се занимавала со нешто за да се осеќам пријатно, да се осеќам корисно, да си имам свои пари во џеб. А да седам дома и да изигравам „очајна домаќинка„ ни под разно. Ќе се збрлавам. 3. И секако трето прашање (ова само до жените). Спаѓате ли во процентот погоре, дали и вие порадо би се грижеле за децата и домот наместо да градите кариера? Лично не сум некоја која слепо би градела кариера, сакам да работам, да се усовршувам ама ако треба да бирам пониско склаилио и време за деца и повисоко скалило а децата да ми раснат со дадилки не. Пре би сакала да сум со децата и активно да сум вклучена во нивниот живот, отколку само да бидам банкомат, кој им овозможува удопства, а никаква топлина и спомени.
А оти ако седиш дома мора да изиграваш очајна домаќинка? Чисто ме интересира. Не мора да седиш дома за да изиграваш очајна домаќинка. Реално гледано денес се повеќе и повеќе жени, работат, имаат некоја кариера и истовремено се целосно одговорни за домот, чистење, миење, метење, децата се комплетна нивна обврска, оти та нели златен маж е умнорен од работа. Инаку ако не одиш на работа има многу начини да не збрлавиш . Да во право си за чуството на независност и своја пара во џеб, независноста е прекрасна, ама нешто слично е и кога имаш картичка од заединичката сметка . Фитнес, јога, излегување на кафе со другарки, часови танц, часови странски јазик, професионална надоградба, уште едни студии, мастер итн итн. Јадење кога ќе се зготви кога не, па ќе се нарача или ќе се јаде надвор. Чистење исто не е најбитна работа на цел свет Во моментов не работам. На почетокот ми беше шубе кога се омажив, напуштив работа и се преселив, сега веќе не ми е , се навикнав. Паралелно измислувам секакви обврски да си пополнам време. Маж никој пат не ме принудил да работам или да не работам. Мој избор. Работата ја бирам, не сакам да работам било што, туку она што ми прави ќеф. Делумно и за тоа сум две години без работа, ама па за тоа време постигнав многу, пошто реално си вложував во мене. Така што сега ќе ми биде многу лесно да си најдам работа како што сакам. Кога ќе стасат деца да планирам да си поседам дома 2-3 години и да си ги гледам. Опционално може некоја парт тајм работа колку да разменам секојдневие или не мора. Ќе видиме. Дали би седела до крај на живот дома? Сигурно не, оти си ја сакам професијата и ме исполнува работата.
Зборот Очајна домаќинка ми е моја узречица, а што се однесува до болдот, верувај си сега си го првам истото уз работа, со мои пари заработени, и не не ми се допаѓа “заедничка“ сметка, која не ја полнам јас. Плус не сумтип што можам да седам по цели саати на кафе, да зборувам празни муабети. Не знам таква сум. И сега после работа имам хоби кое ме држи зафатена. Можеби зашто одсекогаш сум била самостојна и учена сама да стојам на свои нозе да не бидам издржувана.
Јас ќе бидам прва генерација од моја генерација што ќе можам сам да издржувам семејство! П.С: бруто цифра за тој потег - минимум 500.000 евра.
Музичка желба е тоа. Ќе бидам, некогаш. Он топик: Нема ништо лошо во тоа еден од сопружниците да работи, или двајцата да работат со помалку часа. Ама капитализмот не дава така. Само робови на работата стануваме. Не работиш за да живееш, живееш за да работиш. Пари никогаш доволно, а цени само скокаат. Моментално е немогуча мисија. Колку и да земаш, секогаш добро ни дошле уште малку.
Профит кој ќе се трансформира во животна инвестиција (семејство ; куќа, жена , деца, итн) За 10-тина години. Се останато иде во игра за дополнителен приход.
И јас си го правев истото пред брак и продолжувам во брак да си го правам. Не мора да се седи со другарки со саати и да се зборат празни муабети. Оти ова ти доаѓа прво на ум? Лично јас никој пат не трачарам со другарките, оти и немам такви другарки туку си правиме содржајни муабети и планови да како да извадиме подобра верзија од себе за иднина. И сакам да си излегувам со нив на кино, на театар, да се прошетаме да си купиме некоја книга, или едноставно да идеме на шопинг и да си поминеме убаво со некој ручек/ сладолед/ кафе. Убаво ми е, си ги полнам батериите и не го правам секој ден, оти и немам толку време. Да моментално јас не ја полнам сметката со пари, ама маж ми е попродуктивен откога е со мене, пошто сите други обврски му се завршени навреме (се разбира се што јас можам да завршам) па автоматски и поголема плата зема. За самостојност и работни навики од мала, имам пишувано низ другите теми не би да се повторувам. Просто ме забоде во очи терминот очајна домаќинка, што ствано не е симпатичен ептитет, па ти дадов примери дека не мора да ти заврши животот и да се затвориш дома, ако по некоја случајност не си вработена одреден период откако ќе се омажиш.
А зашто толку лично сфаќате кога некој ќе напише пост. Јас не те ни знам ниту па ми падна на памет ти или некој конкретно додека го пишував постот.
Не го сфатив лично постот ни јас, туку се надоврзав на дискусија. А кога пишувам на форумов пишувам секој пат од лично искусво и од моја гледна точка ги анализирам работите. Не сакам да генерализирам, пошто на тој начин не може да се долови реалната слика.
Израсната сум со идејата дека секој човек треба да работи и за мене друга опција нема. Не би можела да не работам, би се чувствувала бескорисно. Не е фер притисокот да се обезбеди живеачка да се става само на еден партнер. И во денешно време, посебно нема смисла да се очекува тоа само од мажот.