Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Може ли македонскиот маж сам да издржува семејство денес?

Дискусија во 'Брак' започната од marchi-cool, 8 февруари 2019.

  1. Mami3

    Mami3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2020
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.812
    Пол:
    Женски
    Koga se zedovme so mm jas ne rabotev i za mene potezok period nemase.
    Diplomirav zavrsiv i master i 2 godini od diplomiranjeto ne mozev da najdam rabota.
    Ne nesakam da me izdrzuva nikoj, sum vlozila tolku mnogu vo sebe 9god rabotam i nikoj ne moze da mi rece da sedam doma.
    Nemam baba servis, imame 3 deca i si gi gledame sami kako znaeme i umeeme.
    KarierA...poslesnite 4 godini bev na povisoka pozicija zasto decata mi se veke golemi(prvite 2) i ne bea tolku zavisni, sega so bebus ke mora da stagniram malku...
    Pa se nadevam za 2 3 godini ke se vratime nA patekTa so polna parea.
    Nareden mesec mi zavrsuva porodilno i odmor i kako i za site taka i za nas☺.
    Parite i bez toa ni se zaednicki nema moe tvoe, zaedno polnime i praznime...Zdravi i zivi!
     
    На spacegirl92, buba4e89, FRANCUZINOT и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Leat

    Leat Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2016
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    1.077
    Пол:
    Женски
    Може. Ама зависи колку заработува.
    Мојот партнер моментално зема плата од 140 000 денари и дополнителни приходи по други основи. И искрено, ме издржува ама не е доволно.
    Јас не би се откажала од мојата кариера но не за да заработувам туку ради углед и добро работно место. Сметам дека мажот е тој што треба да заработува повеќе.
    Очекувам од партнерот пред да се одлучиме за брак и деца да стигне до една сериозно повисока сума со која ќе можеме лагодно да си дозволиме да јадеме надвор каде и кога сакаме, да патуваме каде што ќе ни текне, да обезбедиме добри коли и станови за сите деца, да имаме облека каква што ни се допаѓа и да можат да учат во добри училишта кои чинат доста. Една градинка за детето да платиш чини 200-300 евра месечно а цена на едно кафе достигна веќе 150 денари... Сериозно високи цени! Каде да одам и живеам без мажот да заработува минимум 10000 евра?
     
  3. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.777
    Допаѓања:
    18.334
    Пол:
    Женски
    Хахах дали си сериозна?
    10 000 евра месечно???
    Тоа и во богатите земји со докторати и слично е тешко да се постигне.
    Не знам у кој филм живеете ама блазе си ви.
    Со 140 000 денари тешко живеете кај што е 150денари кафе?
    Знаете дека 90% од луѓето имаат примања од 300 ај ќе ги ставам округло евра од човек?
     
    На Milobebence, Cherry333, ElenaOfRivendell и 27 други им се допаѓа ова.
  4. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    5.891
    Ти и да имаш приходи месечно над 200000денари пак ќе мислиш дека не ви е доволно. Извини ама со таа плата и те како можеш да живееш убаво и да си дозволиш се и сешто и одмори и убави алишта, таа плата со нашите цени и те како е и повеќе од доволна.
     
    На ElenaOfRivendell, spacegirl92, poppie и 8 други им се допаѓа ова.
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.097
    Пол:
    Женски
    У мојот случај и македонската жена можеше. Без да се жали.
     
    На Harper, poppie, andrejko82 и 7 други им се допаѓа ова.
  6. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Мислев дека е од друга држава дур не прочитав за кафето. Па и за тоа не е во право. Ретко во кој кафич е 150 нескафе, еспресо и макијато се обично под 100.
    Или трола или си трипа нешто...:rofl:
     
    На Harper, poppie, SandStorm и 8 други им се допаѓа ова.
  7. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.777
    Допаѓања:
    18.334
    Пол:
    Женски
    Убаво е вака да си на некој форум и да пишуваш за животот што сакаш да го живееш, не викам не, кој не сака 10 000 евра примања?
     
    На Milobebence, bicycle, poppie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    17.028
    Пол:
    Женски
    Не пијат они кафе во нашиве кафичи, пијат во некои вонселенски. :rofl:
     
    На anggell, poppie, Biljarkata и 2 други им се допаѓа ова.
  9. arabella_

    arabella_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2020
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    364
    Пол:
    Женски
    Абе глупости ! Што работи мажот за 140 000 денари извини ?
     
  10. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    17.028
    Пол:
    Женски
    Или е пилот, или политичар, или директор на јака фирма. Небитно. Ама тие позиции на прсти се бројат, така да некој колку и да е амбициозен неможе да ја достигне таа позиција, зошто се многу ретки. Е сега ти да очекуваш секој човек волку да заработува е вон свест. А дека неможете да живеете со тие пари, па дај ние од фемина да присобереме некои средства да ви помогнеме. Шта речи...
     
    На Milobebence, spacegirl92, anggell и 4 други им се допаѓа ова.
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.097
    Пол:
    Женски
    Можи е холдинК сајбија, од кај знаеш...
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.053
    Допаѓања:
    5.085
    Божее колку си била ти тешка за одржување :D :D :D :D :D :D :D

    А да се запрашаш малку како издржуваат оние семејства што едвај имаат 400 евра месечно и две деца
    Немам ништо против амбиции, а дали си размислила кај ќе бидеш ти ако оддеднаш останеш без тој маж (бидејќи си кажа дека ти е дечко) и без тие приходи кои он ти ги обезбедува
    ИЗвини златна, ама на прсти се бројат оние луѓе кои можат да си дозволат толку висока плата, а за 10 000 евра да не ни праиме муабет
    За толкави амбиции трк во Швајцарија и барај си некој приватен банкар :D

    Едит: Ова смрди на трол
     
    На Milobebence, bicycle, spacegirl92 и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Здраво, живеам во Македонија и заработувам 2 000 евра месечно но не ми се доволни, би сакала да стигнам до 10 000 евра. Менторот мој заработува толку отприлика секој месец, јас пошто сум едно ниво подолу во нашата бизнис организација, заработувам само 2000. Но со труд и работа за неколку месеци или години ќе стигнам до таа сума. Знам дека не е многу моментално ама ако некој е заинтересиран да заработи нешто плус, нека ми се придружи во мојот бизнис модел. 2 000 плус за неколку часа работа од дома и не е малку, нели? Детални информации во лп.
     
    На bicycle, Harper, andrejko82 и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Роберт 7

    Роберт 7 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    11.336
    Пол:
    Машки
    Па може во МНАВ или странска компанија, приватно обезбедување во воени зони (Авганистан, Сирија, Хаити). Ама ко што слушнав и МНАВ се во криза во последно време со плати.
    Ама со 140000 месечно да се живее просечно тука во Македонија, малку чудно. Повеќето работници во Македонија 174000 им е годишна плата, а не месечна.
    Во врска со темава, секој, без. разлика на пол, може да издржува семејство ако е решен да го издржува. Ќе биде сигурно тешко и макотрпно. Да не зборуваме за тешки ситуации од болест инвалидитет и сл, кај другиот брачен другар, таму ќе мора, а не дали може.
     
    На andrejko82, raww, jarec6 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.920
    Допаѓања:
    267.502
    За тролање - трола, ама 140 000 за 4 члено семејство... не би воделе баш богаташки живот. Лагодно - да, ама богаташки... од плата богаташ не се станува :)
     
    На poppie и tessie им се допаѓа ова.
  16. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Добро буржоазијо, знаеме дека дечко ти богат е и ти си на друго ниво. Остај не ние сиромашните да си кажеме.
     
    На andrejko82, baby-star и Biljarkata им се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.920
    Допаѓања:
    267.502
    :rofl:
    ѕверка бе
     
    На andrejko82 и Biljarkata им се допаѓа ова.
  18. arabella_

    arabella_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2020
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    364
    Пол:
    Женски
    Ммм доброо од како прочитав све ова I feel very poor :D
     
    На T.e.d.d.y, Waverly Raven, poppie и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.648
    Абе женички ги заборавивте третманите и подароците, па и вие!!! :lol:
     
  20. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Прашање на време беше кога ќе се појави некој "поимотен" да каже дека стварно не се многу пари :D
     
    На raww и Biljarkata им се допаѓа ова.