Со плата од 140.000денари треба да одиш во Турција на ручек и кафе секој ден, а не да не си дозволиш во Мк Ако се отворат работни места пишувај, се враќам одма од странство
Lol, ви падна во око сумата, место важното- мажот да ги носи. Зошто мажот? Членката која веќе нашла начин да ги поторши и да и бидат малку, зошто сама не најде начин да ги заработи? Па и повеќе. Инаку, да, 140000 ден. се малку пари.
Знам дека ќе бидам нападната сега, ама еве ќе ризикувам Некои луѓе ака жени веруваат во родови улоги. Што значи тоа? Ако може од жената да се очекува да го води домот, чистење, готвење, грижа и образование на деца, организирање одмори и слично, од мажот се очекува да заработува повеќе пари и да го издржува семејството. Тоа е тоа старо воспитување Помисли само колку улоги има жената? И покрај тоа ако она заработува, овие гореспоманти улоги не и бегаат Не се сите жени исти и немаат сите исти размислувања Секој со својот избор.
Знам што значи родова улога, и кога спомна и "размислување" во исто мислење, јас читајќи сега размислувам колку ти размислуваш за да ги ставиш во асоцијација едниот термин со другиот во една конотација. Или колку кредибилитет има твоето мислење во случајов. Оти не помислиш ти од ново? Жената не е неспособна да се избори за она тоа што го сака. Било тоа кариера, фамилија или кариера и фамилија. Тоа не смее да ја прави повеќе инфериорна или супериорна. Ако сака да "го води домот, и готви, и образува деца", нека го прави тоа без никакви призанија оти се сувишни, површни и погрешни на многу нивоа. Тоа бил нејзиниот избор. Кога ствараш фамилија и дом, имаш и нови одговорности. Исто како и партнерот. И ако не сакате да правите нешто, тражите начин како да си го решите проблемот. Било тоа преку ангажирање трета персона, ист компромис за двајцата, уатевр. Очигледно не можете да размислите колку деградирачка е улогата која ја објаснуваш ти тука, и другото мислење за примерот на членката, кое е повод за другите мислења. Дека истата треба да се компензира со поголем финансиски допринес од мажот. Како тоа е доволно суфициентно за никаква поголема ангажираност и амбиција на другиот партнер ако местата се сменети. Јас живеам спрема моите размислувања и избори, да.
Зависи до платата. Ма да искрено, не сфаќам и не се согласум мажот да го издржува семејството. Како тој работи, треба и жената. Исто, жената колку што работи по дома, треба и мажот. Еднакво во сите работи/активности да учествуваат. Освен нели, ако имаат новороденче Мајката е повеќе потребна на бебето со доење. Како што реков, зависи од платата и местото на живеење. Јас имам пример близок - моја прва братучеда. Маж и работи во ИТ сектор, 2200 евра плата зима. Имаат едно синче 5 години, и ќерка година и пол. Живеат во стан кој го исплаќаат. Братучеда ми буквално стана лешинар. 3 пати неделно чистачки идаат и го чистат станот, има 2 дадилки и плус бабите се менуваат на 1 недела (од други градови се и двајцата, живеат во Скопје сега). Ниту чисти, ниту готви, ниту се замара околу децата. 3 пати неделно оди на маникири, педикири, па ќе стави слика „Mommy time"... А има факултет завршено. Беше на породилно со 1 дете, па зеде неплатен одмор и после даде отказ - не и се работеше. А е од просечна фамилија, со 1 плата цел живот живеат, само татко и работи. Ама мајка и е ептен скромна, не е како неа, дури заврши факултет од 100 места позајмуваа. Ова сега со главата у облаци лета Сдк, може, ама нема потреба. Подобро е човек да си има рутина некоја, да излезе надвор, да смени средина, со луѓе/колеги, да се врати дома. И колку ги има што трпат разно насилство дома и „Што да правам, немам кај да одам, со кои пари, не работам...“ им се изговорите. Па мрдни, испоти го газот! Е сега, има исклучоци, не дај Боже - болести, инвалидитети, проблеми и сл. Тоа е друга песна веќе.
Гледајќи ја минималната и просечната плата и минималните и просечните трошоци на четиричлено семејство во Македонија би рекла дека е тешко еден сопружник да го издржува семејството долготрајно. Не е невозможно, но реално мал е процентот на луѓе што земаат плата со која би ги покриле сите трошоци. Како жена, со образованието што го имам и потенцијалот за кариера, никогаш не би прифатила да седам дома и да бркам домаќински работи и да чувам деца. Можеби, кога би требало да работам некоја тешка физичка работа, сменска, за минималец, а мојот сопруг би заработувал доволно за егзистенција, би размислила. Макар што мислам дека и тогаш би работела, во најмала рака барем за социјализација. Не можам себеси да се замислам затворена во 4 ѕида, без луѓе. Неблагодарно е да треба да бираш меѓу семејството и кариерата. Би дала сѐ од себе да ги балансирам двете работи и да не трпи ни моето семејство, ни мојата кариера.
Евааа. Ако може и некоја моја роднина вака да зборви за мене - лешинар, паразит... Па да ми брои по колку пати одам на фризер, педикир., колку пати ми доаѓаат помошнички за чистење... Лошо И јас не одам на работа. Мм заработува околу 2.000 е плата. Имаме и многу земјоделие, ниви. Ги работиме ама со аргати. Кога ќе платиме работници, трошоци и све што треба , и на крајот од годината ќе поделиме на 2 дела пак останува колку една просечна плата плус да имаме секој месец. Ние сме двајца. Не живееме во луксуз , ама па имаме лагоден живот. Но, трошиме одприлика пола од платата, пола ја штедиме. Во помало градче во Мк со 60.000 ден и те како може да се живее фино и лагодно. Поготово па и ако стамбено си обезбеден, не купуваме брендирана облека и не одиме на одмори и патувања подалеку од БалканО Значи, Мм е "способен" сам да го издржува семејството но само финансиски. Јас одлучив да не одам на работа и баталив бркање на кариера.
Abe sme zabegale be...kako narod,kako nacija,kako bitija, kako "coeci"..znacii se e otideno veke... Kako be moze da nema nekoj zelba da bide korisen, da razmisluva, da pravi svoe, da se gradi... Stvarno nemozam da svatam. Ok, ne zboram za ambicija do plafon, ne ja opravduvam ni bolesta na preterizmot ama ona edno normalen tek na zivot sto podrazbira zdrav razum kaj nas znaci se izgubilo!
Твоја одлука. Јас не би можела да седам дома искрено, барем не на подолг период. Сакам да сум самостојна. Не би можела да си купам нешто така, би се чувствувала крива. Посебно па ако сакам нешто поскапо. Вака си заработувам, и не ми е криво и кога нешто повеќе ќе потрошам на некое нешто. Минатата недела пример на моите им купив седмосед. Го нарачав, платив и им го однесоа дома. Мајка ми и татко ми од радоста бликнаа. А искрено, да не работев и да требаше од партнерот да земам пари, мислам дека никогаш нема да помислам да им купам... Ако се знае да се распореди времето, буквално за се' се има време. И кариера, и дома, и готвење и се'. Мама веќе 15 год единствено работи. И јас сум од место блиско до твоето. Со приватизацијата, тато остана дома и тука-таму по нешто наоѓаше. Мајка ми буквално има кариера и напреднува цело време (постдипломски на покасни години и слично), дома секогаш има зготвено јадење, и на нива одат секој ден. И ние имаме мн земја (вклучувајќи и тутун то значи 4 месеци станување од 4 саат сабајле) , само без аргати ја работат моите. Не застанува жената, и ми е пример дека во Мк жената може да го издржува семејството. Но би било подобро доколку и двајцата работеа, полесно за мајка ми. Јас веќе не сум им терет некое време, ама буквално мајчино млеко проплакувам некогаш бидејќи студирам општа медицина и работам. Ама не се жалам, се' се може ако се сака Живеам со дм во друг град. Тој заработува исто многу, и штедиме за учество за стан Инаку братучетка ми е за евааа буквално. Бидејќи мајка и имаше карцином, хемотерапии, чуда скоро. И не смее пример од 1 кг да крене потешко. А таа преку недела ја малтретирање да доаѓа и да ги чува децата. А пример кога имаше 21 последователни денови радиотерапија, мајка и беше во Државна. Не ја викна да каже "Дојди кај нас". Бидејќи е 15 мин радиотерапија, и само тие што немаат каде спијат на Државна. И замисли само еднаш отиде да ја види. Идиотка права... А за да и слугува, ја сака дома. Цел реферат изнапишаХ.
Па после толку години на форумов и куп сериозни мислења во повеќе или помалку сериозни теми некако не оди сега да тролам. Мојот партнер се согласува со мене во однос на примањата. Го дели мислењето дека без 10000 евра минимум не можеш да чуваш деца исполнувајќи ги сите оние барања кои ги има денес просечно дете а ги има еден куп. Никогаш не сум се задоволувала со малку а особено не сакам моите деца за бидат лишени од било што. Не би да навлегувам во тоа која е професијата на дечко ми ама фала му на господ сега за сега со неа се заработува солидно.И зошто кога неговиот татко со истата таа професија заработува 10 000 евра × 3/4/5, ние да немаме амбиција за 10те?...Воедно, тој ми има понудено откако ќе родам да не работам повеќе туку да се посветам на децата ама јас не би сакала. Сакам кариера зашто тоа ме исполнува. Не сакам да звучам грубо и себично, многу добро знам дека постојат многу семејства кои живеат со 300-400 евра месечно. Единствено што ми преостанува е да помогнам, ако можам и сакам, а се надевам дека ќе можам и многу сакам, ама не знам што можам повеќе од тоа? Зарем вина и грев е да некој да заработува повеќе и да сака уште повеќе? Не знам кој не би... ЕДИТ: Во Македонија луѓето ги мава многу лош и нереален филм а тоа е дека ако заработуваш близу или повеќе од 1000 евра веќе си богаташ и живееш топ луксузно. Епа не си! Ќе си уживаме. Исто како што си уживаме и во врската сега. Обостран став е дека за жената е поубаво да има сигурна и убава професија и работно место на кое ќе ужива и ќе се самореализира без премногу да се оптеретува за финансиите. Сметаме дека тоа е повеќе работа на мажот. И кога веќе работите и по природен тек се поставиле така, зошто да менуваме било што? Жената има 20 професии: бебиситерка, чистачка, готвачка, воспитувачка, учителка, менаџер... Мажот е присутен во секоја од активностите ама многу помалку. Според тоа, има повеќе време да се посвети на обезбедување финансии. На жената природно и се одземаат 3-4 години од кариерата додека да роди деца а да не зборуваме за нивно одгледување и воспитание. Напорот што го дава дома и те како и го намалува вкупниот напор и тоа што може да го даде на работа. Смешно е да очекувате дека мажите и жените што раѓаат И АКТИВНО ВОСПИТУВААТ можат да се натпреваруваат меѓусебно во она што го постигнуваат на работното место. Жените што одлучуваат да не родат или помалку да се присутни во воспитувањето можат! Или барем додека да родат можат! На Балканот некако многу се потценува жената интелектуално а и жените кои одлучуваат да бидат домаќинки не се лишени од истото. Мажот и жената се во секој поглед еднакви ама изборите варираат.
Super za tebe! Ma sto saka neka ponudi ako ne me sum jas so isti stav nema sto da se muabeti... Mislev deka se iskoreneti vakvite mislenja, no eve ti mi pokazuvas deka ne se. Nikogas nema da mozam da se zadovolam samo so rabota bilo kakva, so pod mislenje na moeto mislenje itn... Sitee sme individui koi imame svoi mislenja i celi ,no zaedno so partnerot koj go izbirame gledame da se stremime za da si gi ispolnime celite,a ne edniot da ja ima sansata na zivotot a drugiot sto ostane za nego. Vie ste se soglasile na takov dogovor, toa e vo red, eve jas licno ne bi mozela.hiperaktivnosta na mojot karakteren lik ne mi dozvoluva.
Во зависност од професијата на мажот . Може сам да издржува фамилија , но тоа не значи дека треба . Како и куќните обврски , така и финансиските - треба да бидат поделени . И да има жената помала плата , и да има поголема - јас ќе плаќам струја , ти интернет и тв ( на пример ) . Домот го градат двајца , не може цел товар да го сноси едниот партнер .
10.000 евра плата треба да имаш за да ги задоволиш основните потребит на едно дете? Божееее @Leat а какво е тоа просечно дете?!
Просечно бе, онакво шо ке носи папучи гучи у градинка. Колку брзо им расте ноџето, па тоа само за папучи колку пари се. Шо паламудам, јас појма немав ни дека постојат детски чевли гучи-постоеле 400 евра се во просек. Не сум компетентна за понатамошна анализа.