Јас од прееска размислувам чија снашка е членкава ? Свекорот заработува околу 50.000 евра месечно во време ма корона, синот околу 10.000. За кое ли просечно семејство станува збор?
Ќе останеш ти ненаспана гледам Синот не заработува уште толку, толку се во план за да бидат семејство
Па потребите и апетитите на децата пред 20-30 години и денес се многу променети. Сакам децата да можат да добијат се што ќе сакаат, на време да им биде средено се. Децата веќе не се задоволуваат со било каков телефон, со било каква облека, бараат кола на одредена возраст и тоа не било каква кола, на 16 години, особено ако се машки, бараат и свој стан. Сигурно нема девојките да ги носат у своја соба дур ние сме дома, за градинка на едно дете месечно се плаќа 300-400 евра. Ако платата е 2000 евра само за градинки нема да стигнат. А ние каде сме? Пари за одмор, облека, третмани, одржавање... Потребно е да се стигне до некое ниво за да се има комфорен живот. Јас не викам дека сум крајно незадоволна, добро е за сега кога сме во врска, фиксна плата над 2000 евра, имаме и дополнителни приходи по други основи, наследство исто, за кого работат родителите инаку? Меѓутоа, ако имате 5 милиони тоа не значи дека нема да е подобро да имате 10. Нели?
Абеее си бараат децата како не шо збораш, покрај се ова шо наброја бараат и позлатени лажички, виљушки, кожни гарнитури, куќи отворени и големи, пространи, со базени и џакузи за журки организирање, од технологија само гризнатото јаболко Ејпл (друг бренд никако), кола некоја шо поскапа не да го служи туку да збеснува со неа да се курчи пред другите "сиротињи", и се така со ред шо се вели да биде Лео мамичка
Се надевам дека не си озбилна... Децата може да побараат и приватен авион, и колекција на најскапи автомобили на 16.Но тоа не значи дека треба задолжително да им се овозможи. Јас имам роднини што стварно имаат многу пари, па децата им немаат IPhone ниту нови и скапи коли. Се' е до свеста и воспитувањето. Ти ако го израснеш твоето дете дека е сосема нормално и просечно тој на 16 години незнам каква кола и телефон да има, дали знаеш дека тоа дете 99% ќе ги исмева оние "под просек шо се". Ќе му бидат испод ниво. Принцезата во Англија носи еден ист фустан од Зара повеќе пати. Незнам какви патики ќе му купуваш, со злато и дијаманти ли, па 10000 треба просечна плата. Или може школо ќе му градите со посебни учители на детето. Ненаситно човечко око... Инаку, свекор ти потајно да не е Роман Абрамовиќ, или некој функционер во Гугл и сл? Незнам кој заработува 50000 евра месечна плата овде
Ако ова се му се овозможи на детето, тоа ќе биде мрзливо и неспособно за живот, нема да има амбиции, нешто сам да создаде и направи. Нема да се радува после на ништо пошо ќе е навикнат на се. И фирма у наследство да му остане, нема да знае да ја води. Деца на кои се им се овозможува со пари од мали нозе често имаат карактер 0. Штознам, не би сакала дете што не знае како е нешто да немаш или да ги гледа сите од високо. Треба малку и да знае како е нешто да нема и да се помачи да го има. Зошто јас кола да му купам на 16? Нека си се вози со врсниците со автобус, што ќе му фали? На темава, не сакам маж да ме издржува и не сакам јас него да го издржувам. Сакам еднаков придонес дома од двете страни. Сметам дека со 1500-2000 евра се живее таман, доколку двајцата грубо некаде имаме заедничка толкава заработка, без разлика кој придонесува колкава сума, нешто плус/минус. Во домот сум навикната гледајќи ги моите да нема твои, мои пари туку заеднички. Доволно за пристоен живот, ни премалку, ни премногу, некоја златна средина.
А ти колку придонесуваш, па за да ти се малку неговите 2000 евра? Пошто само со неговите примања сметаш. Не мораш да одговориш на прашањево ако не сакаш, само ме заинтригира со милиониве. 10 милиончиња охохо
А што ако тој маж што заработува милиони одеднаш не може да ги заработува? Мислам и такво сценарио треба да се разработи. Многу несериозно ова потпирање на маж кој го издржува семејството. Или ако му текне да си напраи ново семејство
Со 10те милиони ќе може и трето семејство да издржува. Она можда чека да се набалираат милионите и тек онда да роди. Со 30% алиментација од маж и' и те како ќе има за еден 'скромен' живот. @Leat зар во градинка ќе го носиш детенцето?! Во група со 20тина дечиња да седи по 8 часа? Да не ти се разболува многу таму , па некое детенце може да го скубне, изгребе... Ќе јаде лебче и мармаладче таму. Цк, не е тоа опција за него. Размислувајте да си отворите една ваша приватна градинка. Ќе му одбереш 2-3 другарчиња и само тие нека идат во вашата градинка, гратис. Што е сигурно сигурно си е. Бар јас така би направила Ми се допаѓа твојата амбиција. И покрај тоа што имате у план дечко ти да стигне до 10к еура месечна плата , ти сепак не се откажуваш од твојата кариера. Браво
In the meantime се потпира на една стипендија. Или можеби тазе и е дечково. Јас на 23 години не би спиела на тоа уво дека цел живот ќе останам со него, па да се опуштам дотолку со "амбицииве".
Во право си И за ова во право си. И секој кој ќе рече дека 'не е така', лажи. До сега не сум слушнала некој да каже: “Е сега доста ми се пари“. Што е тоа битно? Плус, и вие сте од 'богатите'. Со 4000+ евра месечен прилив...
Каде прочита 4000+? Убаво си имам пишано. Околу 2000 евра плафон плата зема мм и плус една просечна плата останува од земјоделие ( тоа се некои 400 евра месечно).