Не реков дека ти додаваш. Тој шо те анализирал ти додал. Како викаат, кој признае, пола му се простува...или пола му се додава
А мори аман 'анализирал'... пред некој ден во еден пост и' беше пишана оваа информација. Не мора никаква анализа, доволно е да го прочиташ само тој еден пост.
Помалку од 2000 евра зема, плус, немаме ниви Ама нема да се жалам и 10.000 да заработува А да! И нема да ги прашувам членките: А ти од која фамилија си, што земате толку пари? Пошто не ме интересира.
Памтиш како одговараше Ставревски на времето- не знаеме каква е состојбата со буџетот, динамична категорија е, постојано се менува
За 5 месеци им станала сигурна врската. Па девојчето од револт заради чекање стипендија заедно со фамилијата стигнала до револт заради платата на дечко си што е далеку поголема од просечната мк плата. Амбиции на ниво. Пиши ни ако стварно те земе за жена. Да се израдуваме и ние за тебе.
Не сум коментирала да вршам репорти низ темите. Познавам фамилии чии што мажи со многу амбиции борби и напорна работа успеале многу, прошириле бизниси, си купиле свое по Европа и така натаму. Успеале до гледна точка за свои фирми, и пак со напорна работа одлично заработуваат. Е , овде ти треба и среќа за да ти се поклопат коцките за големи заработки, не е невозможно, но е напорно. Некои ризикувале, продавале имовини и слично за да инвестираат во друго, некои успеале многу некои воопшто. Сепак е ризик. Да, може само мажот да заработува и да опстане една фамилија, меѓутоа сметам дека и мажот треба да одмори, да се приклучи кон домашните обврски поготово према деца оти ако е обратно не би и посветил баш огромно влијание. Познавам жени што работат парт тајм за себе додека децата на школо иако немаат некоја потреба НО потребата да се нашминкаш, средеш и излезеш од дома, заработиш свое па да седнеш на едно кафе и шопинг е непроценлива.. Зборот ми е иако мажот би можел да зараборува доволно и повеќе сепак треба да има баланс, помеѓу сопружниците. И мажот е човек кој би сакал да одмори и помине време со фамилијата. Билансот е многу важен за едно семејство .
Е само да си кажам , да не ми излезе "вештерка" (така баба ми велеше) де...во Мк ако некој заработува 50к евра месечно е политичар или криминалец... толку...
Ако не ве мрзи, фатете се за дигитрон (мене ме мрзи) Скопјанка во 2018 остварила највисок годишен бруто приход во вкупен износ од 1.056.992.055 денари, а втор на листата со остварен бруто годишен приход во износ од 453.517.731 денари бил граѓанин од Скопје. Највисоката годишна бруто плата во 2018 година била исплатена во секторот здравство и изнесувала 183.806.532 денари. На листата на највисоко рангирани бруто плати се платите исплатени во секторот трговија со тутун и тутунски производи, компјутерско програмирање, производство на метални производи, аптеки и изградба на станбени и нестанбени објекти. http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/742 Па кажете колку е тоа во евра. Али, акцент на Скопјанка Зошто маж би издржувал семејство?
Хахаххаха ејјј што прочитав, браво девојката ми го почна денот Цццц боже, боже не можам да си поверувам на очите. Какви опинци не газат. Крај
Не знам зошто сите на моето мислење се повикаа. Ако не се согласувате, дајте си свое мислење на темава, не ве викнав да кажувате што мислите за моето мислење. Јас си кажав: жената треба да работи и заработува ама според мене, мажот треба да заработува повеќе. Не знам зошто треба да одговарам која сум, на кого сум, дали сум зимала стипендии, дали и кој родител ми останал без работа, на криминалци или политичари ли сум снашка... Колку сакам јас толку ќе обелоденам. На членката што праша дали јас работам и колку заработувам, ќе и одговорам. Веднаш после дипломирање најдов убава работа, по струка и земам плата во износ од 45 200 денари што дај боже, во блиска иднина очекувам да станат повеќе. И нема моите деца да омаловажуваат и вперуваат прст кон било кое друго дете. Ситуираноста и воспитувањето не се исклучуваат меѓусебно. Повелете сега, коментирајте си на темата.
На тема Скопјанката со приходи од миљарда, вие што памтите нешто од политика, знаете колку беа платени проектите на ,,авторката,, на Скопје 2014 на пример. Дали таа си купи авион или зграда со тие пари? #прашањакоимемачат