Znam za sto mislis, no toa ne e vo red ine e dolgorocno. Toa e druga rabota. A mesecni primanja koi gi imas kako plata od rabotodavac ,e druga pesna. Ti ako imas firma a si zemas koga sakas i kolku sakas ne e plata toa. Gi mesas rabotite.
Јасно ми е. Сакав да кажам мислам дека во мислењето на членката се работи за вакво нешто затоа убаво напишав 'си го препишуваат профитот'. Нема врска.
Колку македонскиот маж САМ може да издржува семејство денес, толку може и македонската жена САМА. Секој со свои примања и со добро располагање на буџетот може се. Со просечни плати, се живее подпросечен живот тука. А, со една просечна плата, четиричлено семејство, тешко. Со две просечни, за нијанса подобро.
Ако зборувате за мене, јас знам што е разлика меѓу приход и профит. И не се работи за такво нешто. Познавам и други луѓе што имаат плати 10000+ евра. Во Македонија.
Супер си. Најбоља. Не би сакала да се замерам со тебе никогаш во животот Зоштоооо ви треба овој муабет уствари?
Легни си да спиеш Буби. Просечна годишна плата на телекомуникациски инжинер во УСА е 67.000 годишно (нејасно дали бруто или нето). Они нека не спијат со ваква информација дека во некоја северна нешо ни леб не ќе можат да си купат. Тебе ич да не ти чуе. А богами ни мене
За да не отварам нова тема сметав дека би можела сликава да ја искористам да ја прикачам тука за модерната жена. Ми падна во очи коментарот од една госпоѓа која го напишала. Јас имам сопруг деца и кариера. Кога ќе видиш 9 часа ме нема дома зошто додека дојдам на работа и си одам е баш 1 саат. Искачам во 8 се прибрам во 5. Не дека којзнае колку мене ме исполнува работата ама па јас ако не одам на работа со една плата на сопругот финансиски би било тешко. Кога ќе се вратам што попрво да правам? Нормално дека мала помош би ми била потребна ( она тука набројала за се колку паметна нели да се направи) Не знам дали овие жени што коментираат се свесни дека 2025 не е иста како 1985. Порано може се живеело со една плата сега веќе не. Порано во куќа живееле по 10 души сега во стан тешко дека ќе може да живеат толку. Ова значи се што се коментира доаѓа од маса на пензионери кои дефинитивно или немаат деца и не знаат како се живее во моментов или имаат па лечат фрустрации.
Точно е дека работите се променети. Порано голем дел од жените се грижеле за домот и децата а мажот бил тој што заработува за трошоците за цела фамилија. Сега за жал тоа не е возможно и за оние што и по своја воља би го ставиле семејството на прво место пред кариерата. Иако мислиме дека можеме сè на поднесеме на плеќи не е баш така. Сега на една страна работа со полно работно време а на друга страна деца и дом.. Едно од двете трпи. Не можеме со двете лубеници под мишка. Плус по самата природа, жената не може да се носи со толку многу стрес и притисок како што можат мажите. Едноставно по природа не сме исти со мажите и тоа не можеме да го промениме. Скоро прочитав податок дека токму поради преголемиот товар кои жените го носат сè поголем дел од женската популација страда од пореметена функција на тироидната жлезда. Исто прочитав и податок дена работната недела од 40 часа била всушност концепирана за мажите кои работеле во фабриките и кои биле единствениот столб во поглед на финансии во семејството. Да не збориме за жртвата која ја плаќаат децата од сето тоа. Дете под три години е тотално емоционално зависно од контактот со мајката. До три години институционалнато згрижување на децата носи многу поголема штета отколку корист за емоционалниот развој на детето. Така да во коментарот има некоја вистина. Нормално е ако една жена работи и носи цела плата дома како и мажот да нема доволно време да посвети и на маж и на деца и на обврските во домот.
Точно е тоа дека ќе немаш доволно време да посветиш ама коментарот не е пишан со добра намера него со сосема спротивна намера. И од почеток ако го прочиташ е дека модерната жена сака да иде само на работа и да зима пари . Е тоа само ја интересира ни деца ни сопруг ни обврските дома.
Тоа да. Така судат бабите на чешма. Они знаат сè за секој како најдобро треба без да биле во нечија кожа барем пет минути.
Ако е домаќин човек и малку му работи акалот мислам дека може да издржува... ама ретко кои се дисциплинирани.
Небитно дали ние имаме или немаме време за се, коментарот е пишан за критика на жените, не за изјава или прашање. Типична љубоморна средновековна жена која ако ги нема децата не знае која е. Јас ваков коментар немам слушнато од жена која е среќна и задоволна со сопствениот живот. Со други зборови вика дека сега на жените треба да им е криво што работат, а не се грижат само за децата. Дека ако треба да бираш, треба да бираш да гледаш само фамилија. Ко во нејзино време, нели. Искрено од особи кои им го гледам животот и не ми изгледа ко нешто што јас го сакам, не прифаќам совет, а уште помалку критика. Ваквиве треба малку повеќе да се на страна на модерната жена, ипак сме нивни ќерки, внуки итн, а не уште да им ги слушаме токсичните коментари. Помогни негде ако сакаш и можеш, ако не, никој не го занима твоето мислење.
Ниту македонскиот маж, ниту македонската жена, може сама да го издржува своето семејство, зборувам за луѓе со просечна македонска плата, а не за оние екстремно ретки кои земаат +3000 евра на месечно ниво. Животниот стандард е тродуплиран, од тоа ние кога бевме мали. Не знам како, моите родители со 20 000 денари (во 2000 година, мада веројатно за тоа време тоа било релативно висока плата), успеале и мене да ме изгледаат и ништо да не ми фали, и стан да си купат, и на одмор да си отидат, и да си прошетаат. Денес тие пари не вредат ништо, посебно па не можеш деца да планираш да одгледуваш.
Во 2025 година нема да се враќаме назад и да охрабруваме бидување домаќинки. Без разлика дали е возможно да се издржи семејството со една плата, финансиската зависност е ропство и ограничување на секоја жена која има свои цели и сонови и е здрава ментално и физички да ги оствари.
Баш. Косата ми се ежи кога ќе прочитам некоја или некој како вреѓаат со "од оваа не бива домаќинка"..... мислам, нели имате размислено дека не сите сакаат домаќинки да бидат? Свашта.
И да може еден да издржува фамилија зошто да остане на тоа, никогаш не е на одмет повеќе пари за семејството, а и јас не би можела да се замислам да седам дома само поради тоа што сопругот заработува океј..
Да,аман со тоа домаќинлук па се тоа и традиционално мажот ставен на пиедестал над жената .Да седи жената само во кујна ,и ќе биде домаќинка важно ,да цц.Инаку јас не би мажот само да заработува пари ,може и жената да допринесе не мора колку него,ама не само мажот а жената подредена .21век сме мислам доста е терање старовремски обичаи.