Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Може ли македонскиот маж сам да издржува семејство денес?

Дискусија во 'Брак' започната од marchi-cool, 8 февруари 2019.

  1. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.401
    Допаѓања:
    17.133
    И ја не би да бидам цел живот домаќинка. Несомнено е дека убаво е секоја жена да има професија и да заработува.

    Но, исто така не би сакала да сум во ситуација да морам да го оставам бебето на осум месеци осум часа во градинка или да барам рандом жена да ми го чува. На таа возраст сè уште нема ни еден оброк саглам воведено а плус и ако цица...

    До вчера било 24/7 до мајката и оп одеднаш осум часа со непознати кои истовремено мораат да се грижат за барем уште 15+ деца/бебиња.

    Секако дека нема да ти биде приоритет да седиш осум часа и да блееш во некој екран или пак да работиш некоја физичка работа кога и самото тело сè уште не ти е целосно закрепнато и вратено во нормала после пораѓај.

    Нормално е дека со гради тврди и полни со млеко единствено за што ќе го живееш секој момент од работното време ќе ти биде моментот кога повторно ќе си го земеш детето во прегратка. Па и на ад да ти е, никогаш нема да бидеш мирна и сигурна дека детето е 100% добро згрижено.

    Вие што уште не сте биле во таа ситуација а имате отсечни ставови на темата, ви препорачувам да ѕирнете во темите за мајчински муабети па да видите колку мајки со ќеф се враќаат на работа после истекот на породилното.

    Убаво е да се има право на избор во секој случај.
     
  2. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.815
    Допаѓања:
    47.525
    А шо патка ве боли кој шо кажуе, а уше помалце кој шо рандом негде пишуе?

    Мислам не е ова лично кон тебе, него општо.

    Глеам многу се замараат кој шо кажал, па шо мислел, аман веќе. Шо кур ве боли, терајте си го животот.
     
    На FlirtBerry, SummerGirl, Polyincognito и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.832
    Допаѓања:
    30.207
    Пол:
    Женски
    Не, сакав да кажам дека првата навреда шо ја даваат е таа.
    "И оваа да ти била домаќинка..."
    Не се ни самите свесни колку патетично и просто делуваат кога тоа ќе го пишат. И не само нашиве, туку од цел Балкан.
    Не дај боже некоја жена да се среди, да се нашминка, да се дотера, да излезе на журка или во кафана, да си купи убава кола, да каже дека сака да јаде по ресторани итн итн, одма муабетот е тој. Не била домаќинка.
    Буквално се иритираат кога жената ужива во својот живот. Гревови.
     
    На SummerGirl, eliesaab, senjorita-v и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. ani23

    ani23 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    981
    Допаѓања:
    1.448
    Пол:
    Женски
    Кое право на избор,тие што имаат фирми или добри плати може да си го дозволават ова седење дома со дете ?Е сега другиве зар да не рагаат деца ,барем едно може во средна класа фамилија.Па ке притрчаат баба,дедо,жени или градинка.Ке се помачат малку ама убаво е да се има пртнер и .дете.Се ра.,збира избор е и да немаш фамилија ако така ти одговара.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  5. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.971
    Допаѓања:
    16.629
    Пол:
    Женски
    Просечен македонец не може да издржува семејство без помош од жената. И обратно, просечна македонка не може да издржува семејство без помош од мажот. Не е ова тешко да се признае, ниту непотребен натпревар да се прави, во општество каде горе-долу знаеме колку заработува просекот. Грото работат за минималец, седат на места каде не бараат никакво покачување, па двајца такви партнери не верувам дека се занимаваат со префрлување на топката.

    Со исклучок на оние кои веќе се на повисоки позиции; работат истовремено неколку работи; и/или имаат пасивен прилив итн., или просто - не размислуваат како тие погоре; каде исто, двајца еднакви партнери не би се занимавале со префрлување на топката.

    Значи, нееднаквоста на примањата ги прави сите проблеми кај партнерите. Но не би рекла дека само финансиското неиздржување е тоа што предизвикува проблеми толку, колку недоволната свесност и прифатеност на фактот дека би имало периоди каде едниот партнер нема да придонесува во некој иден период заради одредени причини. Се случува сѐ, живот е. Од многу зборење на парите се изгуби и тоа првобитното зашто постои едно семејство. Сѐ додека не се губи волјата партнерите да заработуваат, да придонесуваат, ќе се изнајде начин. Мене не ми се допаѓаат модерните функционирања на „мое-твое“. Значи фобија имам од многу такви бракови во околината и искрено за мене е огромен пораз кога сум се восхитувала на некои такви, а подоцна слушнам изрази на поделба.

    Незадоволството на жените доаѓа од мрзливоста на мажите. Здрав и прав маж може да изнесе смет во контејнер, може да измие бар едно лавабо, да стави нов сапун, уклучи машина за перење, па и испружи некогаш една перална. Буквално тука и да заработува повеќе, ако не е свесен дека домот е заедничка одговорност, пак се јавуваат фрустрации. Мажите па, се преплашени кога жена работи, па кога ќе почнат со таа болна љубомора, ене проблем кој врска нема со парите. Повеќе во посесивноста, желбата за контрола. Да биде дома. Алал вера на мажите кои готват барем едно јадење во месецот. Жена ќе работи, готви, деца ќе гледа, дом ќе чисти..врти-сучи работи повеќе оти тие другите часови се „невидливи“ за посилниот пол. Недостасува свесност, нудење помош на понежната половина, значи не на сила, не со потсмев, од љубов. Исто мислам дека маж се гледа кога ќе му се родат деца (низ темиве има доста примери како си продолжуваат ко ергени и никако да се прилагодат на новото поглавје).

    Ниту еден од партнерите НЕ треба да се откажува од работа. Зашто е и те како потребно, не само од аспект на примања туку и социјализација, надоградување, стремење кон нешто подобро - самата жена треба да го бодри мажот и мажот да ја бодри жената, мотивација и визуелизација на успехот. Исто така, две единки се успешни само ако се усогласуваат континуирано и спротивставуваат тврдоглаво на предизвиците. Ама посесивноста, желбата за моќ над друга единка преовладува, дури и кога не сме векови наназад. Феминизмот кој се злоупотребува од некои жени е исто битна тема. Не може еднаш да се бараат своите права, а другпат да биде вид оправдување за „лежи лебу да те јадам“.
     
    На Малечка Малинка, FlirtBerry, Karlito24 и 15 други им се допаѓа ова.
  6. makakosi

    makakosi Активен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2024
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Машки
    (facepalm)(facepalm)(facepalm)
     
  7. Travertino

    Travertino Активен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2025
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Машки
    Убаво размислување на оваа тема. Посебно за феминизмот сака да биде равноправна а од друга страна само мажот да заработува таа да троши.
    Треба двајцата во брак да придонесуваат и да се помагаат
     
    На FlirtBerry, SummerGirl и eliesaab им се допаѓа ова.
  8. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.683
    Допаѓања:
    23.760
    Пол:
    Машки

    Шо кажа лошо?
     
    На Mr.Limonko му/ѝ се допаѓа ова.
  9. makakosi

    makakosi Активен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2024
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Машки
    Не кажа ништо лошо ако гледаш од женска гледна точка. Што ѝ текна си напиша. Ама сега ти како машко прочитај го истиот пост ама од машка гледна точка. Првата реченица ѝ нема смисла. И ако можеше македонскиот маж сам да издржува семејство, немаше пола држава да замине да живее во странство. Сигурно од ќеф не си заминуваат луѓето.
     
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.421
    Допаѓања:
    198.423
    Секако дека од ќеф си заминуваат ,,просечните,, јер подпосечни особи дојдоа на власт . Подпросечно високи, подпросечно интелигентни, надпросечни едино во отсуство на срам што е индикатор за глупост...
     
  11. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.971
    Допаѓања:
    16.629
    Пол:
    Женски
    И од машка не кажав, ти изгледа сакаш понежната половина да те цеди до крај? Море за вас само такви. :inlove:
     
  12. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    672
    Допаѓања:
    2.752
    Пол:
    Машки
    Мене и од машка гледна точка ми е на место мислењето.
    Баш кажува каква е релната ситуација со финансиите кај нас. Од една минимална плата кај нас може само самец да живее евентуално двајца, жално ама реално. А за 4 членот семејство незнам ни две минимални дали се доволни..

    А дали може маж сам да може да издржува семејство, може ако малку повеќе се потруди. Ама и да се доволни тие пари мажот нема право да и забрани на жената да работи.
     
    На Малечка Малинка, Annath и eliesaab им се допаѓа ова.