Секако дека може независно дали се работи за маж или жена. Во однос на тоа да седи дома и да чува деца и куќа не доаѓа во предвид. Нека си оди на работа некс се меша со луѓе, пошто ќе затупи како и секој друг шо би го свел животот на еднообразност.
Не гледам дека тебе или некоја друга Ве прозвав или посочив во миети мислење. Не те познавам за да кажам било што за тебе. Тоа што ти си се пронајде во моето мислење, не е мој проблем
Не ми ги спинувај зборовите. Јас кажав тоа што го мислам. Толкувањето во твојот ум си го направи ти да ти изгледс предрасудно.
Со една просечна плата тешко дека може да се издржува семејество,независно дали работи мажот или жената.
Твоето мислење беше дека ќе затупи персона ако седи дома. Делумно си во право. Ако дреме пред тв по цел ден можда ќе затупи. Ама не значи дека ако е дома мора тоа да се случи.
Не мешањето со разновидни луѓе, константа комуникација со луѓе кои не ја делат твојата животна приказна и влегувањето во барабанот на монотонија и еднообразност ќе го затупат секој човек, сеедно дали е тоа маж или жена. Ако седиш дома и притоа коминицираш секојдневно со некој мал круг на луѓе кои исто или слично размислуваат како тебе и од кои не можеш да научиш ништо ново, одсносно умствено и социјално да се надградиш, пак ќе затупиш.
Глупости... Денес е најлесно да се информираш. Имаш интернет, имаш научни списанија, статии, книги, различни алатки за комуникација и социјализација. И да затупиш при сето тоа?! Ма дај не ме зезај. Се е до човекот и неговата желба за учење и социјализација.
Просечната плата би бил среќен да ја земам, а сеа за сеа најголема понуда што сум ја имал е околу 18 илјади со факултетот што имам дипломирано, така да мислам дека не може да се издржува едно семејство со таа плата, за жал. Ќе води кон расправии и караници, па веројатно на крајот и развод. Не чини за здравјето. Што се однесува до мене и да земам поголема плата, би и рекол повеќе да се грижи за куќата/станот, и ако може да издржиме со мојата плата, во ред. Инаку, јас сум за да се поделат обврските и ако некој нешто не може, ќе се надополниш, па ќе правиш нешто што таа не може и така. Вака на теорија... ми изгледа лесно, но во пракса ќе видиме.
Јас си го кажав моето мислење, базирано на лично искуство, без разлика дали тебе или на некој друг од овде му се допаѓа или не или се согласува со мене или не.
Дали е ДЕНЕС или пред многу векови наназад, дали утре или после 100 години, секој маж што створил деца има обврска да си ги издржува децата...исто и за жената важи ова...глупав наслов, незнам што сака да каже, дали да ги понижи мажите или да ги воздигне жените....глупости....
Јас работам и комуницирам со едни исти луѓе 13 год. Не се осеќам затупена. Не значи дека ако си на работа ќе комуницираш секој ден со различни. и во банка да си сигурно нема животни приказни да ти кажуваат на шалтер луѓето. Дома може од читање книги, документарци гледање и те како повеќе човек да е незатупен однекој што оди на работа ...
Факт е дека да се иде на работа е поубаво отколку да се дреме дома..поентата не беше тоа што сакате сега да ја наметнете, финтата е да се измеша човек со луѓе, оти дома моабет со шпоретот и садовите не се прави
Затоа реков се е до човекот. Секој човек различно го доживува периодот кога е во потрага по работно место. Еве јас на пример за разлика од тебе научив нов јазик. Не одев на часови си седев пред компјутер и учев граматика и и изговори. Цела година и нешто бев без работа па од А1 стигнав на В2. Сега кога се вработив отидов, положив и си земав диплома. Ако ти се сожалуваш себе си секој ден и не превземаш ништо, се разбира дека ќе отупиш. Искрено сега се чувствувам многу потупаво отколку тогаш. Денес денот ми се состои од работа -дома- работа. Ама не е до околината или до работата, до мене е. Spoiler Не ја прочитав темата.. Дали маж може сам да издржува фамилија? Па и маж и жена може. Кога се мора се се може. Познавам фамилии кои се издржуваат само со една плата и тоа со години. Дали е доволно? Е тоа е вистинското прашање.
Никогаш не би прифатила да седам дома и да сум финансиски зависна од маж ми, макар милиони земал. Настрана од тоа што сакам и јас да придонесувам за семејството, не сум тип што би можел да издржи по цел ден да биде дома и да домаќинува. Сакам да напредувам, сакам да бидам успешна. Во Македонија со платите такви какви што се, маж не може сам да издржува семејство. Затоа е и жената тука, да биде потпора, да придонесува, да помага. Некогаш не стигаат ни така, а да не зборам пак само со една плата. Толку сум лута на себичноста на еден од моите родители, а давање се од себе на другиот и пак не стигнува до никаде и сите сме принудени да трпиме такво нешто, што никогаш во животот нема да дозволам некој да ме издржува или па јас некого да издржувам. Дур сум способна, ќе направам се што е во моја моќ.
Глуп наслов ова како жените неспособни да се,па мора да ги издржува маж. Го нема веќе тоа време кога мажите се грижеле за финансиите , а жената за домот.Не било случај ни во на баба ми времето и таа работела, 1925 родена , ткаела јоргани во фабрика. Додека бевме во мк јас работев и не сметам дека го издежавав маж ми.Кога дојдовме странство и двајцата од прв ден работиме.После јас добив отказ останав во исто време бремена и маж ми плаќаше сметки и се. Кога порасна бебето јас си се вработив, па одма ќе кажам не можам дома да седам побудалувам.Вака учам и се надоградувам и си го подобрувам знаењето и плус имам парички во џеб.Мене чувањето дете ми е помачно од одење на работа .Додека сум здрава и можам не сакам од никој да зависам . Па така одговор на првото прашање би било и да не морам да работам ќе работам.Така сум воспитана така и ќе ја воспитам ќерка ми. Третото прашање веќе е одговорено погоре.