Ако имаш свое живеалиште и своја кола, за просечен живот (платени режиски трошоци, бензин, храна...по нешто облека са секого во фамилијата ..) потребни се околу 50 000- 60 000 денари. Вакви плати има, ама тоа се можеби 5% од работоспособната/вработената популација. Краен заклучок- неможе еден од брачните партнери да работи и да изджрува фамилија. Со оглед на тоа што според последниот податок на статистика е дека просечната плата е 14 000 денари...тешко дека и две плати може да завршат работа.
Се слагам со аргументите, но 14000 не е просечна плата за среќа. Не дека вистинската е голема, ама барем не е 14000 (http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?id=40&rbr=2884)
Која е поентата воопшто некој да те издржува? Секој што има две здрави раце и нозе треба да работи и да допринесува за семејството и општеството.
Може и мажот а може и жената да издржуваат семејство(прежуваат) а ако сакаат поквалитетен живот мора и двајцата да работат... Според мене главната работа која на човекот му е потребна е храната а тоа и не е толкав голем трошак, е сега што сите се распрдени и имаат мн очекувања и барања, личните потреби се големи.... Е јбг тука се проблемите во понебитните работи од храната
Зависи од примањата и трошоците. Јас сама плаќам трошоци, ама премногу се И ако не е хонорарната работа на маж ми, ќе немаме за јадење. Да немаме кредити, ќе можеме со една плата. И јас не поддржувам седење дома додека мажот работи. Сметам дека секоја жена треба да е самостојна. Ама секој си има свои погледи, па што сакаат нека прават. Ќерка ми ќе ја воспитувам да не зависи од никој.
Не ја сфаќам поентата воопшто на муабетов. Не ни треба да е маж ми способен да издржува цело семејство, затоа што јас не сум неспособна за да заработувам. Ситуации има секакви нормално, некогаш јас сум била дома, некојаш он. Но, дека е негова обрска да носи пари дома а јас да чекам, не е. Тато носи-мама меси може да е само и само по договор а не по должност.
Чуден ми е насловот на темата Македонскиот маж Во нашиот случај може Фала богу доволна ни е платата на мм. Се уште не сум се почувствувала дека тој ме издржува . Што знам ,можда без осет сум Сега за сега сме среќни вака Мм има солидна плата . Да не беше таква сигурно ќе работев и јас . Работев 14 год пред да се земеме. Кога престанав првите два месеци ми беше чудно ,но брзо се навикнав . Сега мислам дека ќе ми биде "тешко " пак да почнам да работам . Се навикнав дома Ама секоја ука има и одука
Одгоров на прашањето, е да може. Мојот маж е вреден и заработува доста и си е среќен затоа што си го работи тоа што го сака. Е сега, јас исто работам и заработувам повеќе од него, јас исто работам по струка, имам кариера и топ ми е.... Според мене , во брак/врска треба секој да работи тоа што сака , што го исполнува, финасиите се бенефит на тоа. Кога се тоа ќе се собере има иделна врска на двајца партнери кои делат живот...
Зависи од парите. Ако работи на минималец и нема други приходи тешко. Мада во оваа земја и седум родители да издржуваат две деца, со сите плати вкупно што ги имаме во државава и со стандардот, пак нема да се стигне ни да се рече за солиден живот. Беда.
Јас не би сакала да седам дома, да чувам деца, а мажот да работи. Таква сум по природа, мене и викенд и одмор кога немам обврски ме фаќа желба за работа некаква, не па нешто друго. Плус сум амбициозна кога е во прашање учењето и работата и би се трудела да бркам кариера, а во исто време, не би застанала со образување после студии, туку би сакала уште и уште. Во иднина кога ќе дојде време за брак отворено ќе му кажам на партнерот дека кариерата речиси ми е на 1во место приоритет во животот, да знае како би стоеле работите, да нема после многу работиш, треба да чуваш деца, ова она. Сметам дека баш сега тоа што ние жените имаме многу права за разлика од порано треба да ги искористиме правилно. Умрело времето кога жената чувала деца и единствена обврска и било да прави јадење и да чисти по дома. Сепак ова е муабет хипотетички, како ќе ми е во иднина и дали кога ќе добијам дете можеби би сменила мислење, ќе видиме, годините ќе покажат. А може да се издржува фамилија со плата над 30-40 илјади денари минимум. Ако некој има поголема плата тогаш е возможно. Но, сепак подобро е да придонесот за дома е 50-50% како во финансиски дел, така и во делот поделен за домашни обврски. Не треба цел терет да е само на една особа.
Одговор: 1. Не би прифатила.. 2. Не , јас доволно вложував во себе, факултеткса диплома, специјализација, за да неможам да работам тоа за што долго учев.. 3.Не спаѓам, јас секако се грижам за мојот дом и моите две деца и покрај тоа имам карира и сеуште се надоградувам професионално...се е баланс во живоот а ние жените сме моќни да издржиме многу предизвици и да се носиме со сето тоа... Поздрав
Моментално јас не работам,па мм не издржува . Последните десетина години ги има посветено на работата целосно ... зема голема плата поради неговиот труд и влог во истата. Ако имаше помала плата ... сигурно немаше да можеме така со една плата ... Да пркне уште малку ќерка ни,ќе барам работа и јас.Сплет на околности,останав со средно само ... ограничен е изборот за тоа што можам да работам,а платите не се ни поголеми од највеќе 20 илјади ... Веќе не знам како би ми било на работа,после толку време дома поминато .
Многу би било убаво кога поголемиот процент од граѓаниве би можеле да си дозволат да се издржуваат со една плата (независно чија) како во сите нормални држави впрочем. Има ли нешто поубаво да живееш без стрес, да можеш кога сакаш да напуштиш работа барајќи нова или за да му се посветиш на семејството, а сепак да не завршиш на улица. Браво за тие кои го можат тоа. Штета што се малкумина во државава
До утре сабајле може да се набројува. Погледни околу себе, што ќе видиш ? Дај ти еден единствен разлог за, барем еден.
Нека ти дојде некој пријател, колега од странство и нека поседи половина месец во Македонија и прашај го што мисли, па ќе видиш што ќе ти каже. 1) До толку ли сте богата земја, па сите кафулиња и ресторани се полни по цел ден? 2) Работи ли некој кај вас? Од каде ви пари по цел ден да скитате? 3) Каков ви е тој дрес код на работа со штикли, деколтеа, мини здолништа? Нели ве казнуваат на работа? Вчера бев до Ramstore да завршам нешо работа. Немаше игла да се фрли од средновечна популација која требаше да е на работа тоа време. Се јаде, пие, ждере. Кој будала напушта таков благодет да земаш плата, а ништо да не работиш?