Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Може ли македонскиот маж сам да издржува семејство денес?

Дискусија во 'Брак' започната од marchi-cool, 8 февруари 2019.

  1. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Освен време поминато на кафе, не видов друг аргумент. Го направи народов дека е мрзлив, не работи ништо, а парите им паѓаат од небо.
    Или битно е за кафе да се има, макар го лигавел 2 саати, ама на кафе си излегол. Животно достигнување.
    Извини ама муабетиве ги слушам само од луѓе кои од Македонија подалеку не мрднале.

    Во бордел да не го носеше ?
    Еве неколку пати низ форумот го сретнувам ова и живо ме интересира.
    На кое радно место сте го забележале ова, и јас живеам тука, секојдневно идам по продавници, банки, државни институции и никаде немам видено несоодветно облечена жена.
    Каде ?
     
    На CameliaMiller и Someonespecial им се допаѓа ова.
  2. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Будала која сака да се чувствува корисно за општеството. Ако на некој му е супер да зема плата која не ја заслужува, на некој друг не му е :)
     
    На CameliaMiller и DAngel им се допаѓа ова.
  3. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.733
    Допаѓања:
    172.793
    Пол:
    Женски
    Темава ми е апсурдна..
    Да издржуваш семејство не значи само пари да носиш дома. Ама тоа е македонски менталитет.. се се врти околу парите. Колку работи се вклучени во тоа ИЗДРЖУВАЊЕ на семејство... блазеси ви на вас на кои парите ви се аргумент број 1 во тоа..


    Секој работоспособен маж и секоја работоспособна жена може да издржува сам/а семејство.
    Прашање е само дали сака да работи..
    Тие што сакаат ќе работат по 12-13 саати на ден ама ќе го издржуваат, штом ете сте се фатиле за парите ..


    Мојов ако сака може да ме издржува и мене и уште 2 фамилии ама ене го работи само 1/4 од тоа што може да го сработи.. и тоа страшно многу ме нервира
    Јас не би седела дома цел живот да чекам пари од маж ми..
    Утре не дај боже ако се разведеме или почине ненадејно, јас без ден работно искуство на 30-40 год кај ќе најдам работа?
    Најлесно е да чекате на готово...или да се вадите на тоа - маж ми ми вика дека нема потреба да работам па јас си седам дома..
    Така јас би се чувствувала ептен бескорисно .. а во таков брак не сакам ни да бидам.
     
    На sparklie, candy.cane, malerozna и 12 други им се допаѓа ова.
  4. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    Јас си пишав свое мислење, ама ми текна нешто друго т.е. нечиј друг став.
    Се обидував да погледнам од нејзина призма на ,,проблемов,, ама неможам, не сум тој тип на човек, па ми е несфатливо.
    ...
    ...
    Кај нив мажот го издржува трочленото семејство.
    Жената е високо-образуван фармацевт, ама несака да работи.Нејзиниот изговор е дека ете учела, ама не вреди за 12000 денари во Зегин во смени, да го шета детето по баби и гадинки.
    Си го води домаќинството и си го одгледува детето најдобро што може.
    Маж и печали за тројца и не се ослудни од ништо, вклучувајќи и одмор и зимување еднаш годишно на елитно место.

    СДК дека секоја жена си дава придонес во семејството, без разлика дали е финансиски или не.
     
    На oblace1, CameliaMiller, zuto и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.439
    Не мора во крајности да одиме. Не мора на жена единствен приход да и е работата од 9-5. Можда има дуќани и станови за издавање и од тоа зема пари па не и се седи во канцеларија. Као да нема интересни работи да се прават ако имаш пари , па рамно на мозочна смрт ако не работиш 40 сати неделно. Кисело грозјето.:D
    Во НЛ прилично жени работат 4 или 3 дена неделно, чак своеволно намалуваат на 4 или 3, оти има професии кои мелат ако си 5,6 дена на работа. А и мажи има со 4 дена или од дома петтиот ден. Ама за тие 3 дена добро заработуваат. Да имам доволно приходи цврц што ќе работам секој ден.
    Да напоменам- во мк работев 6 ј....и дена неделно.
     
    На CameliaMiller, andrejko82 и Dust им се допаѓа ова.
  6. Ма.нев

    Ма.нев Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    1.224
    Пол:
    Машки
    И во право си. И јас го мислам истото. Само да имаме малку повисок стандард, да се отворат работни места и да има работа како порано што било, тука е најдобро за живеење. Исто и на другите места на Балканот.

    Не за џабе Англичаните и Русите го испокупија цел Јадран и Црно Море...

    Знам најмалку 3-ца странци што сакаат да се преселат во Охрид.
     
  7. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.612
    Допаѓања:
    18.856
    Пол:
    Машки
    Да земам германска пензија за 10-15 години ќе прајме маубет како е убаво овде да се трошат парите. :D
     
  8. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.733
    Допаѓања:
    172.793
    Пол:
    Женски
    Не се радувај многу, веќе и германските пензии не се тоа што беа особено при минимален стаж ;)
     
  9. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Вaкви теми нa истo рaмниште сo турски и индиски серии се. Дa е некoе висoкo друштвo пa дa дискутирaме дaли дa рaбoтиме или дa си нaјдеме зaнимaции пo дoмa дa не ни е дoсaднo дури пaри ни течaт oд некaде, дa рaзберaм. Амa сo плaти кaкви штo се, прoсечни, нaтпрoсечни, кaкo и дa е, мaлку безвезе ми е. Земaл дo 1000 еврa и oнa дoмa седи, гoспoЖa. Oд друг свет е веќе. Кoгa се шетa мислиш пaпaрaци пoзaди неa идaт. Зoштo дa не се земa уште 300 или 400? Желбите рaстaт, иднинa нa децa, пoвисoк стaндaрд...oд вишкa глaвa не бoли. Амa, дoстa се. Oти друг ги печaли.
     
    На candy.cane, Chanell* и DAngel им се допаѓа ова.
  10. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.000
    Допаѓања:
    14.400
    Пол:
    Женски
    жално ама вистинито. Во друга држава едино слободно време што имаш е колку да јадеш и да се наспиеш. Далеку се тие од нас. Овде е "рајот" убаво си објасни.
     
  11. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.031
    Допаѓања:
    55.325
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На oblace1, lost123, Purplelilac и 6 други им се допаѓа ова.
  12. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.000
    Допаѓања:
    14.400
    Пол:
    Женски
    и реално во право е. И јас се залетав да работам во приватна ординација по струка од факултет за кој плаќав 700 евра годишно а ми понудија плата 12 000. Аирлија. Работам работа што нема врска со струката па земам поголема плата од онаа која со факултет ми се нуди. За жал. А не е опција да седи дома и да не бара нешто што може да и даде поголеми придонеси од таа работа во зегин
     
    На PaLaVa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Не, пре би рекла ни рај виделе, ни за рај плачат.
     
    На oblace1, Purplelilac, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.133
    Допаѓања:
    156.141
    Јас сум изненадена што денес многу жени се удобни со ставот - па маж е, треба да заработува и да ме обезбеди.
    Искрена да бидам, имам другарки со овој став. Машко е нека обезбеди он, неговите од дом до плата. Отворено им кажувам дека не им го почитувам ставот, впрочем одвратен е.
    И се е тоа супер зошто не се од оние со проблемите - ме тепа, кај да одам? Што вика баба ми, да не налеташ на некого со влакна во носот. И е злоупотреба! Ужасна!
    Љубовта е љубов, ама не очекувам дека тој треба да ме издржува.
    Да, ќе родам и да, ќе работам колку и да имаме.
    Во најголемите проблеми, јас се потпирав на него, ама не беше тој основата на спасот. Заработував (проекти, консалтинг, било што), моите помагаа, инсистираше дека сме ок и ние двајца, само тој, да не се замарам, дека се е под контрола - извини, ама НЕ. Може сум суетна, можда егоистична, но ... не можам да си дозволам да паднам на нечиј грб дури имале не знам колку. Можам да си дозволам дома да седам и да бидеме супер ок, ама не сакам.
    Него професијата му дозволува да заработува многу, но на крајот од денот не е се во парите, а кариера? А лична афирмација? А растеж?
    Иако од другата страна да се најдам, не би ми било проблем да заработувам за двајцата, ама обратно, мојот мајндсет има проблем.
    Он да работи, а јас да барам пари или да ми дава без да побарам. Згора и луксузно да се распуштам и да глумам скромност ете он ми приуштува и ме тера. Не фала.
    Женишта се и да родат, и да работат, и да знаат што сакаат, и да бидат независни.

    А ради ваквиве размислувања жените се жртви и немаат обично каде да одат.
    И да, човек е расиплива работа. Не знаете какви наводно прекрасни и полни љубов бракови сум видела како се распаѓаат. Стабилни, цврсти, разумни и после се распаѓаат... она нема каде да оди, тој сака да продолжи... хаос.
    А и да не го искличиме неубавиот дел, а што ако почине? Се случива и тоа, живот е во прашање. И тогаш? Македонија е ова, немаме осигурања во милионски суми. Па и во Америка да живееме, партнерот починува, жената живее од осигурањето... не знам на колку нивоа ми е бедно. Да, практично, ама ко ќе се замислиш длабоко... тажно и лошо е.
    А и што и да зборуваме за љубов ако се прават осигурувања, предбрачни договори, инсистирање на имотни листови и слични глупости. Значи не било само во љубовта, има доста и во парите и несигурноста а? Ако сме толку сигурни во она што го имаме зошто овие сигурносни мерки?! Значи... се паѓа во вода во тие романтични изјави.
    Раѓањето и чувањето деца не спаѓа во професија и е избор како и се друго. Се е личен избор и организација, но здосадено ми е од оваа глупа флоскула. Си родила, ееее?! И?! И други родиле, и мажите добро заработуваат и они сепак работат. Немој тогаш да се лутиш дека во сржта на нештата дека сепак малку те мрзка да работиш.

    Сметам дека двајцата партнери ако се зрели, стабилни, силни како пар, еднакво ќе сакаат да растат и да се развиваат.
    И искрено кажувам, можам да го издржувам ако дојде до тоа, срцето ќе го дадам за него, ама обратно не, не можам. Ама искрено, би била ок само ако е извесен период, а не доживотно да се бара себе си, да си ги чеша јајцата пред тв и да ми бара пари и да не може да работи било што, он е сепак м-р, д-р. Извини, ама не,и тоа има граница до каде може да изигрувам магаре.
    Да се работи за болест, спреченост од таков тип и слично, тоа е друга приказна.

    Не може ако едниот оди напред, другиот да уназадува, партнерите мора да одат паралелно.

    Се бориме за права на избор, ама да избереме да работиме... паааа и не баш кога може он или за 200 евра да одам да работам, боље дома да седам. Извини госпожа, не знаев дека имаш завршено на кралскиот универзитет со посебни почести.
    И секој застој во кариерата прави дупка која не се пополнува. Не се согласувам и со ставот децата да пораснат (као демек де), па ќе работам.

    Нека се навреди кој сака, ама сметам дека не сме родени само за фризури, лакирање нокти и пасивна агресија кога некој ќе ти го шлапне еве вака тоа што не ти се свиѓа. Имаме способност за многу повеќе, а матка имаме сите. Некој се борел да имаме вакви шанси, ама оно не, дома ќе седело. А работа има секаде за секој што сака да работи.

    Прабаба ми работела, бабите ми работеле, мајка ми работела, сега јас да не работам?! Како може партнерот да се пронајде себе си и да работи иако може и поминува низ стрес, а ти да не можеш да се малтретираш?! Тогаш зборуваме за друг проблем што се решава на друго место.

    И колку да убедува дека се е ок, дека он ќе издржи, размислете колку само трпи и колку стрес носи на себе кој може не ви го кажува. Стравови дали ќе има секогаш работа дури и да е сигурна моментално, дали ќе остане доволно здрав да го одржи семејството. И сето ова за да ве заштити во ситуацијата која што сте па колку и да имале и слобода да си седите дома. И колку и да мислите дека е он ок со тоа, секогаш во позадина ќе ве гледа како послабиот играч кој може да пукне и ете не може, а со тоа и губи доверба во вас колку тој може да се потпре на вас. Не звучи убаво - ама тоа е факт кој никогаш нема отворено да го признае. Моментот дека ако него го снема, а вие останете сами без приходи со децата е ноќна мора да многу мажи, а многу жени кои не сакаат да работат не го сфаќаат тоа зошто се премногу себични да сочувствуваат и да комуницираат. Нема имун маж по ова прашање.
     
    Последна измена: 20 март 2019
    На oblace1, baby-star, Belgin1 и 14 други им се допаѓа ова.
  15. andrejko82

    andrejko82 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    3.590
    Допаѓања:
    56.303
    Пол:
    Женски
    kade ziveete?
     
  16. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Истото си го помислив кога првпат го прочитав насловот. Крипи, знам. Или не дај Боже некоја посериозна болест, кај што треба да се оставиш од давање пари. Тогаш како? Заштедени пари многу брзо одат кога треба да даваш на сто места.

    Затоа, не, не мислам дека македонскиот маж или македонската жена или мажот или жената каде било во вакви вукојебини треба да издржуваат семејство сами. Не е фер, преголем притисок е. Го знам притисокот кога сам себе треба да се издржуваш (и зборувам за многу поголем притисок од плати јадење и сметки и нафрли некој партал но да не ширам) и не можев да замислам во тој момент од мене да зависеа уште неколку луѓе. Вака ми обеле косата, а така... Страшно!

    За странство, не правиме муабет, јасно ни е на сите дека опциите се многу побројни.
     
    На oblace1, Purplelilac, candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.767
    Допаѓања:
    266.751
    Не верувам дека може, освен ако нема некој свој ептен голем и доходовен бизнис, зборам за нормално, убаво да живеат, а не да животарат.

    Јас никогаш не сум била амбициозна кариера да терам, сум задоволна од некоја средина, што не значи дека никогаш нема да се смени.
    Но дали во даден момент би престанала да работам? И да зависам од дм?

    Да.

    Кога би имала дете, на пример. Не би сакала на 9 месеци да го оставам, ми се чини како да е прекратко тоа време со мајката да биде. Може во даден момент со вистинско бебе нема да мислам така, ама ете, така го замислувам сега. Не ми личи 9 месечно бебе дека е за во градинка.
    Втора ситуација, стварно, стварно да нема потреба од мојата плата.

    Оти, некој секогаш мора и ручек да направи, и за домот да се погрижи, и за дворот... итн. Сѐ си бара време.
    Ако имам толку пари да бирам дали некој ќе платам тоа да го прави за мене или јас ќе останам дома и ќе бидам домаќинка, второто го бирам.

    И за крај, зависи што е мојата професија.
    Од моменталнава без да трепнам ќе се откажам. Многу работам, премалку заработувам, и дефинитивно не сум во состојба ни јајца да спржам после работа. Дм има сопствен бизнис и нема работно време, па малце е нереално да го чекам пример во 6-7-8 вечер да дојде и да ми спржи јајца.
    Ако работам нешто што ме исполнува, нешто што сакам да го правам, тогаш for the sake of it би работела.

    Но од ваква работа што ниту ме исполнува, ниту финансиски е исплатлива релативно лесно би се откажала.

    Мислам дека сѐ е на кантар, прос и конс, и секоја ситуација е уникатна.
    Ако решам утре мастер да запишам, или пак нов факс, секако некој мора да ме финансира додека одам на предавања. Не сите факултети имаат вонредни студии.
     
    На oblace1, Miss666, joy1 и 10 други им се допаѓа ова.
  18. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Ај обајсни ни на нас неписмените која е разликата од 8 часовно работно време во Македонија и во странство? Да не случајно во Македонија 8 часа траат 4 па повеќе време имаш?
    Патем, за имање време од работа е најлесно да збориш кога не работиш.
     
    На Purplelilac, LiliBoz, Rebecca_R и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Swatt

    Swatt Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2019
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    367
    Пол:
    Машки
    8 сати на работа од кои едвај 3 ефективни. Другото е мрцварење. Кај нас луѓето да се убиваа од работа немаше кафичите и моловите да бидат полни секој ден, затоа што ќе доаѓаа претепани од работа. Пола држава ни работи партиски во администрација. Си пушат по канцеларии, тераат кафиња, пуш паузи на пола сат. Работно време, а сите логирани на фб.
     
    На Dentina му/ѝ се допаѓа ова.
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    @Lilit ја видов темата уште денот кога ја отворија, ама намерно ја игнорирав.
    Баба ми работела 3 работи. Свекрва ѝ не и дала. Кај се видело жена да работи, плус вдовица, сама. Среќа, баба ми не била со тие размислувања. Свекрвата на баба беше родена во турско. Очигледно и тие што очекуваат мажот да ги гледа се тогаш родени, и таму останати.
    Зборев неколку пати за правото на избор, и колку повеќе навлегувам во темата, колку повеќе читам, сфаќам дека како општество одиме назад, а не напред. Премногу се занесовме со "empowerment" и оставаме слободната "експресија" да дозволи и одбрани патријахални структури под мотото "секој има право на избор". Се уништуваме, се уназадуваме.
    Не е избор ако не си имала друг избор. Ич не е избор ако маж ти не сакал да ги чува децата, ти си имала понуди за работа ама немало кој да ти ги превземе "женските" работи по дома.
    Преку "секој има право на избор" не ја таргетираме проблематиката која донела до тоа жената да седи дома, туку само ги оправдуваме последиците од тоа. Не менуваме ништо, туку само прифаќаме сѐ како нормално. Со тоа што жената нема слободен излез од тој брак, со тоа што жената е зависна од финансиите на мажот, таа не е никако "empowered". Само е нормализирано таа да биде сопственост на мажот. Ако ви е убаво така, живејте. Ама јас пред да изберам да останам без да работа прво би се запрашала: "Ако уште нешто крене по ѓаволите, ќе имам ли безбеден излез од таа ситуација?".
     
    На Purplelilac, Lilit, Rebecca_R и 2 други им се допаѓа ова.